Update.. I got the job! Среќна сум со доза на мала несигурност со оглед дека конечно ќе ја работам мојата dream job. Милион емоции ми се насобрани и магистерскава што ми тежи на грб се надевам дека 2016 ќе стигнам ја одбранам. Друго, некако почна да ме фаќа новогодишна еуфорија гледајки како низ Скопје почнуваат со сијалички да ги китат големите маркети и трговски центри. Ви посакувам убаво неделно попладне. А јас со нетрпение го чекам 1 декември. Гушки до сите!
Убаво е да успееш во нешто, но уште поубаво е да ја видиш разочареноста на оние што посакале да не успееш!
Цел ден ми иде во глава: "If you like Pinaa Coladaa, getting caught in the rain, if you're not into yoga na na na" Инаку, СДК најубаво чувство е чувството на независност. Тоа е целосната слобода, од никој не зависиш, твојата среќа не зависи од никој, не си должен никому да се објаснуваш, твои пари, твои крилја, светот е твој
Купив карта за концертот на Тамара. Од тогаш па навака слушам само коментари како не било безбедно да се оди на концерт после терористичкиве напади. Ме збрлавија сериозно , а и ме испаничија.
Добро бе, колку треба да си малер за да утнеш една бројка и да се јавиш на погрешен телефон, а од другата страна да биде постар маж што бара жени за дружење? Луѓе, цел ден ме лазат морници при секое ѕвонење на телефонот! Прееска едвај го откачив, сега страв ми е пак да не ми се јави. Прво му се извинив, му објаснив дека е грешка, а тој: Знам дека не е грешка, ако сте за дружење кажете слободно. Мене ми се јавуваат жени и од Швајцарија, Германија, Шведска... Прво не можев да сфатам што збори, ама после ми светна - гарант пишувал огласи на ДМ САТ, Едо и слични телевизии, барал жени за дружење, го оставил бројот, а сега јас му се јавувам Па почна да ме распрашува од каде сум, дека не му пречи ако сум мажена, дека можам и сопругот да го земам за да се дружиме... Леле бре! На крајот морав да му спуштам, зашто човеков беше убеден дека сакам дружба, ама се срамам. Значи Марфи, го претера овојпат!
Ако ти е страв пак да не ти сврти блокирај му го бројот па ќе неможе да ти се јави... врв на малерите
Каков тренд е ова ---во брак 2-3 год и потоа развод ..што се дешава не можам да разберам...До кој ке да е?
Цел месец, еден ден сум ок, другиот болна, другиот ок, па пак болна...... Другарите ми се смејат пошто сум била ко мало дете, а мајка ми искина живици ми вика поарно на улица да растеше барем поздрава ќе беше, отколу цело време да сум околу тебе а ти само болна Ех ја на твои години те имав родено, а ти бетер од бебе си Ама во право си е жената, и јас да имам вакво дете ќе кренев раце веќе досега....или ќе му вградев вештачки имунитет, ова не се трпи. Инаку кога не сум ок и цело расположение ми паѓа максимално, или не сакам да гледам никој, или сакам да се карам (бетер од пмс). Сега е моментот кога не сакам да гледам никој, им реков ќе учам во соба а јас си дремам на интернет и си ... Црвено... и чекам да ми се симат уште некои епизоди од The last man on earth...ги гледав првите 2 епизоди од новата сезона, и малку ме разочараа ама ај и онака ништо немам попаметно за правење. п.с. Знајш дека брат ти пораснал кога, ако досега се туширал 10тина минути, сега се тушира 30 минути
Бев премногу среќна бидејќи те имав во животот мамо но одеднаш се се смени тебе те земаа те одвоија од мене јас секоја вечер легнувам со солзи во очите,бидејќи повеќе те нема, знам дека од негде ме гледаш ама мене ми е тешко еве моментално ме фаќа депресија,а дали некогаш некој ме прашал како сум? не пред сите се смеам не дозволувам да ме видат повредена и дека ми фалиш ама незнам како да си направам самата на себе да те заборавам како да не те мислам кога неможам,а премногу боли незнам дали болкава некогаш ќе исчезне.
Најинтересни ми се оние кои те заследуваат на Инстаграм и истиот момент откако ќе сфатат дека ти немаш такви намери, прават unfollow. Дечки бе А да пробате да следите некој заради содржината на профилот, без да очекувате нешто за возврат? Многу ми е дип муабетов, знам.
СДК ... секогаш кога имате шанси и можности, патувајте. Патувањата ве збогатуваат и ве исполнуваат најмногу. А јас токму тоа богатство го имам.
Шо е проблемов со луѓево што се УМОБОЛНO љубоморно уништени кога те гледаат дека и малку си среќен, исполнет успешен... !!!!!????? Алооооооо wtffff people ???? Засукајте си ги ракавите и работете си на исполнување на вашата цел ако и воопшто ја имате, но сигурно ја немате зошто тогаш немаше да имате време да се занимавате со туѓите животи. My feedback to you is middle finger bitch ............
Еден повик, една средба, еден совршен ден... А потоа... Молк со денови... Неизвесност... Еден куп прашања во глава и ниту еден логичен одговор... Никако да научам да не се приврзувам лесно и да не влегувам 100% во што и да правам... Никако да научам дека големите очекувања носат уште поголеми разочарувања... Еве, се прашувам до кога?!
Многу луѓе мислат дека добро ме познаваат. Имаат тотално спротивна претстава за мене,веројатно онака како што им одговара. Некогаш ептен ме зачудуваат што останувам со поткрената веѓа и wtf поглед кога ќе ги кажат своите претпоставки во врска со мене. Си велам дали навистина мислат дека тоа јас сум го кажала или зборуваат за некоја друга личност. Толку убедени во тоа што го кажуваат дури после реагираат чудно кога ќе дознаат дека не е така. Прерано формираат заклучоци без сигурна основа и доказ. Пред да претпоставите(погрешно) прашајте,како за промена, ниту касам ниту убивам. Погрешни претпоставки водат кон погрешни заклучоци. ~~~ Во денешно време приметувам дека многу луѓе,особено оние на возраст од 13-19 години,се трудат да бидат нешто што не се. Па и кога ќе видам на какви личности се воодушевуваат, ги имитираат,ги сметаат за свои идоли...единствена реакција ми е : . Супер идоли сте одбрале,браво! Им се восхитуваат како да се богови на совршенството,а тие кутрите се лицемерни суштества без никакви манири,култура,почит спрема другите и IQ below zero. Копираат се' што е во тренд/мејнстрим,без разлика дали им одговара или не, важно им е да се вклопуваат во мнозинството на имитатори.Секој со секого сличен,да не речам ист. Дури станува досадно,монотоно. Во ред е да имаш идол,но одбери го внимателно. Бидете она што сте вие,не глумете нешто што не сте само поради популарност,лајкови или што и да е. Ако се трудите да бидете како некој што го сметате за кул или каков и да е,можеби не сте задоволни со себеси. Во тој случај,пробајте да поработите на тоа,сменете го она што ви смета кај вас. Убавината е во тоа што секој човек е уникатен. Совршено несовршен склоп на разни особини кои го прават единствен и неповторлив. Бидете уникатни,бидете вие. Спојлер Ова не е за џабе речено. Им симнувам капа на оние што се свои,се прифаќаат такви какви што се.