Штом треба да учам тогаш, тогаш најголем број мисли ми се лепат. Секакви, најразлични,специфични, најшарени. А треба да учам, а не ми се уче не ми се пусте. Ставам кафе, седнувам спремна, отварам Етнографија.... и почнувам да се прашувам:Што мириса вака ? Како мириса универзумот? Се вртам така неспретно накај телевизорот,гледам реклама :Што бројче е карминот на усните на девојката од Gute Fruchte рекламата? А се прашувам , зошто мислам... И покрај знаењето кое го имам околу тематиката. Ме мрзи та ме мрзи. Мисли, мисли. Една купица.Една купица сенки. Да, како сенки се, едноставно немаат супстанца. Освен ако не се поврзат со твојот идентитет или верување,тогаш постануваат супстанцијални. И еднаш кога ќе земат од квалитетот на супстанцата на објектот,многу тешко е да ги вратите во нивното сенковито постоење. И пак се враќам да читам , читам 40тина минути , пак ми летнува умот. Се прашувам Кармички ли ни е односот? Не ќе да е кармичка,мислам. Ова е многу стабилно,без таинствен интензитет, а страста, страста се гради нежно. Ај глупости, вртам страница пак читам ,читам. Пак облаче над мене, во прашалници сум. .. А ако не е кармичка, сродна е ? Сродни души сме ? Ај малце во тишина реков. Оставив да ми се разбистрат мислите . Се бистрат како облаци. Се размислив но реков имам за учење. Нешто многу не ми се дума, а го осеќам . Не сум ни Bashaar, ни Mooji, ни девојка од дервишки редови па да се правам "наудрена". Ама, иам за учење неам време за мислење. Ииии што ми беше поентава... Аа , да. Сакав да кажам и покрај големиот број на мисли што надоаѓаат оној кој е свесен секогаш ќе знае без обзир колку една емоција или мисла е потентна, таа е сеуште само појава која се појавува во просторот Свесност. Мислите се само знаци, кои ни се појавуваат или пријавуваат на нас самите. А ако нешто не перцепираш , ефективно не постои Ти си оној кој му даваш важност. А му даваш на оние што ти будат убаво чувство, и треба на таквите да му даваме предност Запалив едно стапче од лаванда, па свеќичка со иста арома Омекнав. Сеа не ми е тешко ни да учам. Ај седнувам
Не стварно, уште си играат луѓево со poke на Фејсбук? Која е целта, што ќе постигнеш? Тагирање на слика ти доаѓа со десет поука и пет понуди за пријателство од непознати луѓе.
Ова доаѓа од семиолошки системи, разлика помеѓу означеното и означител. Што значи дека поентатата е да се запознаеме со пријател на наш пријател, преку слика на која сме означени од него Многу е простичко А за poke, немам зборови.
Вистината за сите излезе на виделина. Само се прашувам до кога ќе глумите светици и невини. Ама како викаат чувај се од прокундарени сељандури.
Стварно бе, не ми е сфатливо.... Како може некој шо ве дискриминира по основа не можиш да идиш со мое друштво пошто нели ете таа особа се дружи со 'елитни'луѓе,а кога ќе и свртат грб те бара тебе.. истата таа заслужува огромен букет цвеќиња и мечиња на фб и почит да и направиш муабет т. Е. Да трчаш да и направиш едно здраво.. А таа ладнокрвно едно здраво ти вели.. Или пак пошто нели таа е таа од големото друштво дур ти стојш на маса со други иди да се поздрави со тебе демек као нешто famous е... Хахах.. Греој Не бе некои луѓе нема да се сменат....
Мене тетка ми ме учеше дека секоја дама треба да се слика со споени нозе или една преку друга нога, исто и за седењето, грбот исправен, рацете споени на колениците и така се станува дама. Сега е хаос, незнаеш што е дама а што госпоѓица.
Сакам некои луѓе да ги соберам во еден автобус и сите да ги пратам надвор од мојот живот кхм.. околина. Толку негатива, токсичност, песимизам не е добро да биде собрано во толку млада личност. Не можам да слушам, а уште помалку да те советувам и да те разубедувам дека не вреди да имаш толку негативни мислења. Не е розево, ама не е ни црно. А цврсто верувам во тоа дека сами си го кроиме животот, не ја обожавам „тајната(the secret)“ ама во право е она што го пишува дека доколку мислеш негативно таква и енергија ќе привлекуваш кон себе а и непрестојно ќе ти труеш и другите. Јас не дозоволувам да ме озбеде тоа, подалеку од мене!! Сакам насмеани личности, сакам да гледам насмевки на лицата, а најмногу на моето. Имајте добра ноќ.
Само што прочитав за нов концерт и се изнервирав и морам да го искажам мојот револт за едни те исти "неповторливи ѕвезди" што БУКВАЛНО СЕКОЈА ГОДИНА штом залади ни доаѓаат на посета и што е најтрагично...имаат полни сали. Ќе дојде ли некогаш некој нормален да одржи концерт????????
Најмногу што мразам е да сум зависна од некого, а за жал цел живот сите зависиме од некого или нешто. Додека сме бебиња (без да сме свесни) зависиме од родителите, после во градинка зависиме од воспитувачките, после од учителки, наставници, професори од средно, професори од факултет (зависни сме за оценки, за стипендии), па шефови, газди и диреткори (300 правила, зависиме за пари). Малку надалеку ако гледаме, зависни сме и од премиерот, па од Европа, а над сите нас има некои "чичковци" и "тетки" кои го конторилираат Обама т.е. сите нас. Сакам да сум слободна ко птица. Сакам да правам баш што ми сака душата....ако сакам сега одам на работа, а после 2 дена не одам, не сакам да се правдам пред никого, не сакам никој над глава да ми стои, не сакам да ми солат памет, ако сакам сега заминувам за Германија, а не парите да ми се проблем... и не на секој чекор да има правила....Забранет влез..... Забрането пушење..... Забрането зборување..... Не внесувајте храна и животни.... Објектот е под видео надзор....Забрането паркирање..... Се ова ме гуши бе, и затоа 100 пати сум рекла сакам да си живеам во некое племе кај што појма немаат од животот. И јас ќе се правам дека сум глупа, нема да им се правам паметна на луѓето во племето, нема да им се смејам дека не знаат што е телевизор, телефон или компјутер, и нема да ми биде ништо чудно само нека ме пуштат да си живеам со нив. Ќе ги молам...ваљда ќе ги фати жал малку...
Нека седи и ко кралицата Елизабета, џабе ѝ е ако и недостасува основна култура и однесување. За карактерот да не зборуваме. Така да оваа теза на тетка ти дека така се станувало дама, не држи вода
Прогласувам старт на новогодишна еуфорија Само што ја видов рекламата од Кока-Кола со Дедо Мраз И некако ептен убаво си се почуствував
Ја знаете онаа фрустрирачка разлика меѓу убавината на прекрасен пејзаж што ја восприемаш со очите споредена со фотографијата што ќе ја фатиме користејќи не толку квалитетна камера? Е така е понекогаш и со претставата која ќе ја добиеме за некоја личност која не ја знаеме слушајќи туѓи мислења, споредена со вистинската слика за истата кога ќе ја добиеме откако подобро ќе ја запознаеме. Не им верувам на луѓе што сметаат дека со тоа што знаат нечие име и презиме и неколку реченици поврзани со некого, слушнати во муабети од типот „го/ја знаеш тој и тој/таа и таа“, ја прочитале приказната на таа личност.
Сосема случајно отидов кај другарка во атеље додека работеше некоја сценографија за претстава. Реков ај да и помогнам и така бош седев, кога фатив тоа лепакот, лепи овде, лепи онде. Па неам осет за количина, кај фатило, кај не фатило. Кај повеќе, кај помалку сум стаила. Другаркава се смее, вика повеќе ми растураш него ли шо ми помагаш. Влегов дотерана, излегов со лепак на сите страни испозалепена.
Жената е створена од реброто на мажот, а не од ногата за да биде газена, ниту од главата па да биде надмоќна, туку од градите за да биде рамноправна и под раката за да биде заштина и блузи срцето за да биде сакана. Нели? Добра ви ноќ.
Болни луѓе! Ај земи малтретирај куче, маче, животно и смеј се како дебил. Психопати.. Секој што малтретира животни е гнаса, толку!