Чудно е тоа што мрчам во стилот „Аман веќе, мора на секои два часа да се промрчи нешто“ или пак „Мрчи, мрчи и само мрчи“...
Направете некогаш спротивно од она што очекуваат другите. Сигурно ќе ги изненадите ! Ама, за позитивно мислам, се разбира ! Нешто ме провоцира татко ми прееска за облеката, кога одев на кафе. И наместо да се налутам или намрчам, само зедов да се смеам и придодавам на тоа. Се изненади и тој на мојата неочекувана реакација и тој почна да се смее. Треба почесто работите да ги вртам на смеење, а не на лутење и нервирање.
Сите како да брзаме некаде.Како да сакаме да сме на самиот хоризонт. Колку повеќе брзаме тој се повеќе ни бега. Денес застанав за миг.Погледнав околу себе .Првата мисла ми беше,колку е убав животот, кога ќе заборавиш на грижите, кога ќе успееш да потиснеш се што ти ја мачи душата. Слободно срце.Невино и чисто како кај дете, гледа дури и зад хоризонтот. Не треба да брзаме.Зошто така никаде нема да стасаме.Само се лажеме себе. Во сето тоа брзање , ги забораваме најважните работи во животот. Забораваме дека живееме, за да му се радуваме на животот.Дека тој ни е дар, како и се друго што имаме. Богати сме, само не го знаеме тоа.Мечтаеме за нешто што веќе го имаме. Убаво е чувството дека си богат.Дека богатството е длабоко закопано во тебе и дека никој не може да ти го земе. И ако сонцето заоѓа, тоа пак ќе изгрее.Тоа ми го шепна хоризонтот.
Кога една врата се затвори, друга се отвара. Имаме уште многу за живеење. Уште многу врати ќе бидат затворени, а битното е што секогаш ќе има друга да се отвори. Секогаш ќе има втора шанса.
Женска пред се јас сум Cvetetto,а не Cvetteto!Сите ве замолувам да ме пишите како Cvetetto.Ако не нема да мислам дека е за мене тоа. Благодарам Имајте убав ден
Некогаш и од тоа брзање, човек заборава да погледне какви луѓе има покрај себе, а ако ги види, веројатно нема да примети дали станува збор за луѓе во вистинска смисла на зборот, човечни, баш поради тоа брзање, осуда, сомневање и сл.Бидејки некогаш некои нешта му се пред нос, само троа не ги виѓава, па после вели „ Нема луѓе“, е нема кога ги „одминал“.Веројатно дека има, само што тие некако не можат да се справат со туѓата брзина во проценка на работите, па со време се повлекуваат бидејки гледаат дека нема зошто да си го трошат времето со истите.Затоа е подобро човек да размисли какви луѓе има крај себе.Во право си потполно.
Ах бе, дечки. Од каде да започнам, не знам. Во земја да можам, ќе се укопам. Од сабајлево, правев некој специјалитет. Не откривам каков, да не почнат да ви течат лиги. Додека се печеше, ја бутнав раката во рерна... И се изгорев. Пиши уште еден белег, во листата. Се изнамачкав со невен и си испозалепив ханзапласти. И си добив една бесплата депилација потоа. Другарка ми вика: - Па добро, кога не знаеш да готвиш, зошто готвиш? Леле мене кога ми се споија жичкитеееее. Само да ми ги пробаш питите и сите специјалитети, ќе видиме дали ќе го речеш истото! После тоа, на физичко ме бапнаа со топка. Солзи ми потекоа. Па уште ме изнаштипаа, во обид да ме „измасираат“. Ова третово, ми е најзезнато. Си се возев во автобус, се наближи мојата станица, каде што треба да се симнам. Почнав да се симнувам од двокатниот автобус, автобусот се „прокрчка“ на една кривина и мене патиката почна да ми се тркала по скалите. Румба думба, цумба. И си застана. А јас кога имам физичко, секогаш облекувам патики што ми се облекуваат и соблекуваат најлесно. И овие ми се погодија... што да ти кажам. Ем валкани, ем имаше памук внатре (среќа што не се разлета и тој), ем чорапчињата ми беа за никаде. Еден дечко ми ја донесе неколку скали угоре и си ја облеков. Ама си останав горе, прибидејќи сите што беа на првиот кат, ѕиркаа горе. Демек мечка игра оро. Па и не дека не беше така. Кога застана, убацив у трета и мрш да ме нема. Откако се симнав од оној вториот автобус, нешто друго ми го одвлече вниманието и јас се слупав во бандера! А ништо чудно и сијалица да беше. Срам ми беше да дигнам глава. И сосем на крајот, утнав скала кај мене пред влез. Сите почнаа да ме прашуваат што ми се случува?? Треба едно камерче да си стаам и после да ги пуштам. Вака не бива веќе. А башка тоа ја имам госпожата во црвено ферари, па кога ми се насобра сè... Па уште татко ми ме прашува, дали шоферот сум го мавала со патика. Да бе, да.
Колку ме нервираат луѓе што намерно зборуваат на ЧчччЧ или Џџџ. Тешки комплекси лечат. Irritating! Спојлер (ова инспирирана сум што слушам Лото извлекување во позадина, ми ја преќинаа Фатмаѓул) хахаха Него небитно тоа... Деновиве пропорционално со убавово пролетно време имам некое убаво чуство дека ќе се случи нешто многу убаво. Мислам најдов начин како да ја отстварам долго очекуваната цел... Пуштајте ми среќа...ќе ми треба.
Еееее значи колку сум генијална!!!!!!! Видов малку сонце и одма џек се прам, вчера цел ден по куси ракај и сега ке ми течи носо, затнат ми е, аман веке . Сите по куси ракај и јас покусо да не останам и јас, ајдееееее и сега носов малку ми е затнат доволно за да ме мачи. Ааманнн па......!
Конечно нешто што ме исполнува.Можеби ме чинеше пари , но фотографијата ме исполнува навистина.Прва излжба конечно ! Can't wait
https://www.facebook.com/photo.php?v=26 ... =3&theater Овој Vine,ми ги насолзи очите,незнам зошто.Можеби затоа што конечно видов човек што се радува на нешто што не е скапо,многу битно...важно го прими подарокот со срце и радост.
Дали да учам уште две лекции, или да гледам Наруто? Дали да гледам со помисла дека историја утре нема да ме испраша затоа што кенгур беше откажан и јас не учев затоа што дознавам во последен момент? Или пак дека имам петка и сум активна на час... дали.. :/
^Па ако де.Ако се водиш ти по тоа,далеку ќе стигнеш. Ако имаш уште нешто да си кажеш,пиши ЛП,да не се полни темава џабе.
Го сакам тој мирис на утрата. Мирисот во воздухот,таа свежина која ја има. Сонцето те грее,осветлува се наоколу. Сакам кога го започнувам денот рано. Сакам кога луѓето се среќни и насмеани околу мене,а не тажни и разочарани. И повторно имам многу прашања кои ми се вртат во глава. Кој ќе ми ги одговори,кој ... ? А среќата? Почна да се појавува се почесто и почесто во последно време. Се надевам така ќе биде и понатака.