Ах, Лајлица почна и на темава да ме прогонува Морам да научам како да не саботирам односи кога тој од другата страна почнува да ми значи.
Имаш квалитетни бесплатни курсеви на Coursera, Udemy, Academic Earth и слични страни. Имаш време до конечната одлука за факултет, па експериментирај малку преку викенд. Одбери си по еден курс од различни области и следи со внимание, без обврски. Одма ќе знаеш што те привлекува повеќе.
Кoлку требa дa си нaпaлен oд нулa дo бескoнечнoст зa дa рaзбудиш чoвек вo 7 сaaт нaутрo и дa гo прaшaш кoј е пин-oт нa ТВ зa дa гледa пoрнo? Ај, дoбрo утрo. Некoј ќе зевa цел ден.
"Од мравка правиш слон" - ми рече. А јас "кога за момент би ги заменил моите очи и срце за твоите, тогаш ти би го видел слонот, а јас мравката!".
Вселената и глупавоста се бесконечни. Уствари за она првото не сум сигурна, али за второто гарантирам
Утрово ќе беше совршено да започнеше покрај него, со утрински секс, со излежавање и гушкање во кревет па појадок и кафе... Вака само со кафе и Фемина е добро. Ај убав ден милички
Обожавав да ја гледам @BoaVista во модни критики,од сите имаше најубави модни парчиња. Па нека се активира,солидна замена за неа ми е @LaraSolare P.S. Добар ден убав ден.
Очигледно серии почнав да гледам навечер сама па одамна ме немат видено како плачам. Сега чудно му е како така од нигде- никаде си плачам буквално за ништо. Онака ми дојде. Мислев дека веќе се навикнаја на мојот ПМС ама ете уште не се
Сакам да има страст, да има авантури, да биде out of this world и на досаден врнежлив ден и кога ќе речам бачата, да не ме прашува да не мислам на бавчата. Да е еден Ромео, ама Латино
Oнa чувствo кoгa некoј ќе ти гo рaзубaви денoт, сaмo сo двa збoрa... еднoстaвен, a искрен кoмплимент. И сегa сoнце ме грее, иaкo е тмурен и студен ден
Чуството кога насекаде сеуште го гледаш и го чуствуваш неговиот мирис и парфем, секое делче од него е сеуште овде до тебе.. а тој илјадници километри далеку заминал а ти сеуште го чекаш да дојде и да ти даде парче воздух за да вдишеш и да се вратиш во живот кој одамна заминал во неповрат. Што ли е животот всушност се прашувам?!
Во прошлиот живот мора да сум била некоја руска кнегиња. Иначе не знам како би го објаснила тоа што сум фасцинирана од Русија, а и шубари ми седат преубаво. Имајте убав ден феминки hug:
сдк отепаа по сите сајтови со Северина Кеба и сбадбата амааанн треба unlike на сите портали да правам. Кажи еднаш два пати немора да не трујат цела недела се едно исто
Некогаш ми е полесно да паднам во депресија, да бидам тажна и да пропаѓам, отколку да се преправам дека се е океј, дека ништо не ме повредува, дека сум среќна и задоволна. Барем сонцево да ѕирнеше од зад облаци.
"Кој кревет е најскап на светот? – „Болничкиот кревет“. "Можете да вработите некој да вози кола за вас, да заработува пари за вас, но не можете да платите некој да ја носи болеста за вас."
Како не разбираат некои луѓе дека ако постојано ми викаат дека не можам нешто да направам или негативно зборат за некоја моја поставена цел, дека станувам уште поамбициозна и го правам тоа што сум го наумила за да им покажам дека можам?
Вчера дур чекав ред на каса во Веро Џамбо, тој што беше пред мене направи плаќаше скоро со по 10 денарки. Ама, пуста и сирота "госпоѓица" на касава, толку се нанервира, што не знаеше да ги изброи парите. И опет јово на ново почнуваше да ги брои и ги превртуваше очите. Му вика на човеков,- " Господине, зошто не можевте да ги укрупните париве" И, он и возвраќа - " Па, и 10денарките се пари, ја пазарувам, а не вие" Откако замина човеков, "ГОСПОДИЧНАВА" само на глас рече, пред мене и сите останати купувачи - "У, пичку матер". Да, да, рече на глас пред сите, иако човекот и направи сметка од 100 евра, она опцу и правеше фаци. Доколку ти "господична" ако си член овде, а и да не си, засрами се за своето однесување...немаш ни К од култура. Само, не знам како те вработиле. Да, нормално е да се изнервираш и да опцуеш, ама да опцуеш на глас пред купувачи?!??!! Не, не и не. СДК 2: - Моментално сакам да сум овде, да уживам колку што можем Местово е љубов на прв поглед, магија