Многу ми е мерак вака кога пишувате за рандом случки некогаш да се погоди да бидам јас вистински инволвирана. Добро сега не мора во конкретнава ситуација, пре би да ме фалите ама интересно би ми било да се пронајдам во секој случај Спојлер: една нумера, за да не е монотоно Еве ви и песниче за да ве мотивирам да пишувате почесто сусрети со ликови од реалниот живот, па можеби и ќе си се препознаат некои Ваша М,
Скоро 3 години поминаа, а она кога ја сретнав пред некој ден уште ме гледаше ко да сум и убила некој. Де бе не созреала уште, истите погледи што ми ги даваше во ходници во средно. Свашта. Calm down
Леле, како ме изнервира една другарка денес Девојчето и ми беше соседка, затоа се познававме, бевме стан до стан.Ама по една година си зедоа стан во карпош, до сити мол.Секое идење натаму, обавазно се јавуав за да пијаме кафе.Беше многу фина.Не се дружевме интензивно затоа што поголема е од мене 3 години.Ама не е проб. Секогаш кога имала проб. сум одела.Мајка е правела колачи пример, и слично.Ептен мили ми биле... зборувам во минато време, да. Па пред една недела се начекавме случајно во веро во гтц и ми вика имаа нешто да зборуваме, ајде на кафе и пазариме и оставам кесите и таа исто кај мене.И после одиме кај мекиците од стража.Ми кажуваше дека по повод роденденот од мајка е ќе правеле роденден ама како изненадување во викендицата во Маврово и јас добро демек, супер. И таа ми вика ама нема да биди така како што мислиш.Ќе имаме 20 другари покането со сестра ми и 20 возрасни.И ми кажа дека и јас сум поканета. Потоа секој ден се слушаме.Што сакале да прават за вечера, што да земале за пиење. И вчера мн ми беше тешко, ме болеше главата и си легнав порано и ме разбуди таа.Појдов се напив аналгин и ми кажа да одам кај неа во 12 часот имала план некој.И јас се сетив дека немам подарок купено па ајде прво зедов вазна една убава и бајадера.Потоа одам кај неа во 13 часот.Таа спиеше. Станува и ми вика морам да и помогнам да ги однесиме пијачките и храната, оти јас сум имала кола.Добро, појдовме до Маврово.И запали оган во каминот и се сликаме и иди темата кога вечерва да бидам таму.И ми вика, лелел заборавив да ти пренесам...па ти не си поканета..има мала измена. И го испијав кафето и тогаш чешпкав нешто и викам леле демек дечко ми вика да одам кај него, морам да одам.И ми вика со цело лице да ја почекам да го избрише сервисот за вечер И ајде почекав и само до центар ја префлив, оти требаше да платам сметка од телефон па се прошетав и дома си појдов. До кое ниво се симнати луѓево...ссссссс
Бившиот ми фали кога морам да дадам 200 денари за менување на флекници. Си ги менувам и јас ама сите резерви ми останаа кај него
Досадни сте со тоа честењето на родендени со слики едната ја бакнува другата и муци, цуци, буци. Најубава моја, срцка моја, најсреќна да си... Бљак. СДК 2 Како бе то те запознавам и вториот пат сум ти срцка? Бљак Ај сега да штетниме малце... Бај бај
Таман си реков 2 од 7 испита сум положила, топ, на коњ сум. И оп, испадна 1 само сум положила. Че го паљим со бензин цел факултет.
Никогаш не ги делам луѓето, за мене постои само човек и нечовек. Прво гледам карактер, однесување, став, да има взаемно почитување… Но отсекогаш сум посакувала партнер кој покрај добар карактер, убаво и долично однесување, да биде и многу образуван, да има амбиции, да сака континуирано да се надоградува…Тоа посебно ме привлекува. Имајте убава вечер!
Она што не те убива те прави уште посилен, мило ми е кој ја почитува фразава бидејки навистина злато вреди, им се дивам на писателите за секој искажан збор и составена реченица, да бидеш начитан значи да бидеш човек во буквална смисла на зборот. Обожавам да комуницирам со начитан и високо интелигентен народ кој умее да гледа подалеку од сопствениот нос. Нашите сељачанства и малограѓанштина знам и ќе се помирам дека нема никогаш да се искоренат, крвта вода не е, ама бар мило ми е кога ќе наидамна особа која воодушевува со сопствениот поглед и гледишта кон животот. Секогаш се тегнам настрана од мааларки и малски муабети, и не не сум лоша само сум реална и сељачанството не го џвакам. Обожавам да седнам, да се смеам и пеам со луѓе кои умеат со духовитост и доза харизма, оговарањето не продира никако. Тоа сакав да кажам на овој црно бели свет, бидете ми поздравени сите, продолжувам да уживам во вашите постови.
Беше и остана мојата морална поддршка, мојата најдобра учителка и патоказ за сите животни одлуки. Ти си една од најдобрите мајки и мојата најдобра пријателка која никогаш нема да ме изневери и секогаш ги има за мене најдобрите совети.Ти си се она каква што една жена треба да биде. Среќна сум што баш јас сум твоја ќерка и горда што баш ти си моја мајка. Фала ти што си ведра во моите најтмурни денови. Покрај тебе сфатив што е важно, а што неважно во животот. Фала ти што ме научи да изгледам најдобро кога се осеќам најлошо. Да, и само јас го знам звукот на откуцај на твоето срце. Те сакам мамо.
Infuzii, caevi, apcinja..kraj nema, racete ne si gi cuvstvuvam vekje od sekojdnevnoto bockanje po dva pati Imam srekja sto toj mi e ovde, sama ne bi go izdrzala ova...
Сакам да кажам дека во последно време се повеќе и повеќе се изненадувам како е можно да има луѓе кои лажат за своето потекло, место на живеење па дури и музиката што ја слушаат, обидувајќи се да се направат „модерни“ или „во тек со настаните“ или „светски луѓе“. Ало, музиката не е таа што те прави „светски човек“. Посебно се иритирам на реченицава: „Мојот живот е всушност секс, дрога и рокенрол“.
На враќање од екскурзии, секој пат го добивав истото прашање... Што понесе за дома ? Спомени само тоа, за цел живот беше мојот одговор...
Најпрво мораме самите да знаеме колку вредиме и да се цениме затоа што на другите тоа баш и не им е важно. Секој гледа во секој момент да те погази и навреди без да размисли колку болат постапките кои ги прави и зборовите кои ги кажува.
Од денес официјално сум возрасна...за прв пат во автобус ми стана средношколец, за да седнам Не сум стара бе, тој сакаше џентлмен да изигрува...абе детиште што знае Инаку многу ме нервираат тие родители што се ептен потресени над децата, што им се прават газди на децата, во смисла јас сум те родил и сега има да ме слушаш инаку у пм ќе одиш....ме нервираат ептен строги што се. Добро е да си сторг, убаво е детето да има култура и почитување ама со граница, а не да те прашува на улица или во автобус: Мамо може ли да ги отворам смоките многу ми се јаде? Мамо, те молам, може ли да ми го купиш тоа чоколатце од 5 денари? Еј стварно Оставете ги децата малку послободно да се понашаат. Ако му се јаде смоки, зошто да ја прашува или замолува мајка му? Па отоври ги и јади ги. Ове е глуп пример што ми текна, последно што видов и ме изнервира....инаку има уште поглупи ама сега не ми текнува. Битно, разбрано е што сакам да кажам. Да се работи за поголема сума пари, за нешто скапо ајде нормално ќе праша дома, ама за такви глупости Или кога се заблагодарува детето, на пример мајка му му ги врзува патиките и тоа: Фала мамо.....реков, убаво е да има култура ама немој до толку да претерувате со децата. Изгледа симпатично, фино, и слатко се тоа, ама се си има граница, а и башка што понатаму во животот многу ќе се разочара едно така убаво воспитано дете....пошто свесни сме во каква држава живееме. п.с. Уште постојат добри луѓе. Исто во автобус, еден дечко најде мобилен изгубен (можеше да си го стави во џеб, пошто беше на седиште до него и некој немаше да примети дали телефонот е негов или од друг) ама тој се јави на последниот контакт што човекот последно се слушнал, му ја објасни ситацијата дека го нашол тел во автобус, му кажа ќе му го даде на шоферот а тој ќе го носел на станица. Па цела приказна му ја објасни на шоферот и на крај ваљда тел. дошол кај вистинските раце Браво.....
Ја повреди. Ѝ го скрши срцето. Не сакам да кажам дека знаев, дека го очекував тоа. Потајно и јас се надевав дека ќе успеат. Ама не. Не можам да ја гледам така повредена, скршена на парчиња. Поминува низ истото што поминував и јас.... Не се надевавме на крај. Се боревме како лавици, ама понекогаш не е доволно. И не беше. Ја гледам без надеж, без верба. Ме боли исто како и неа. Истиот муабет, истата приказна, како онојпат кога јас ја раскажував. И не сакаше ни да помисли дека ќе и се случи истото. Ја гледав како немо ми зборува и плачев. Тешко е да верувам во вистинска љубов. Уште потешко ми е да верувам дека ќе доживеам среќен крај некогаш. Мислам дека љубовта на нас едноставно не ни била судена. Не сме родени да бидеме сакани, силно, и засекогаш. Ама и тоа е во ред. Има толку многу други прекрасни работи во светов. Има безброј нешта што ги сакам и што ме исполнуваат. Една од нив е и она. Најмила ми е, од сите. Не заслужува да страда. Не заслужува да не може да стане сабајле од кревет од болка. Не е можно толку да биде суров некој кој те сака. Не е можно да му биде сеедно додека те гледа како плачеш, и знае колку те повредува. Не ѝ се верува. Нема да ѝ се верува уште многу долго. Како што ни мене не ми се веруваше. Исто онака како што никој не би ми верувал дека нејзиното страдање, ме боли повеќе отколку кога јас бев на тоа место. Многу работи се нефер. Многу неправди и болки им се случуваат на добри луѓе. На оние кои безрезервно даваат љубов и поддршка, и среќа на другите. И толку многу сакам резео поправам овој грозен свет во кој живееме. Каде што сѐ е наопаку. Каде што веќе нема морал, ни емпатија. Каде владее себичноста, кукавичноста и предавството. Не можам ништо. Исто како што единствено што можам за неа е да ја гушкам дупло повеќе и да ѝ ја држам раката да не падне.
Женски, добри ви ноќ. Бидете среќни, весели и вечно вљубени и љубени А, утре да ве пречека вакво изненадување
Плачев за нападите во Париз, плачев на слика од отруени мачки во една скопска населба, плачев на веста за убиениот пилот. Душата ми се стресе на сликата од врзано куче на краток ланец, ланецот врзан одвнатре, а кучето лежи надвор пред стан. Плачев кога видов како бездомникот сите пари кои му ги подарија, ги искористи за да купи храна за други луѓе. Подоцна прочитав дека кратко откако се организираше акција да му се обезбеди пристоен живот, починал. Погодете што - пак плачев! Плачам во моменти кога ќе помислам колку години имаат моите и што ако еден ден останам без нив. Само да помислам на тоа и ете ја солзата. Плачам кога ќе се присетам на баба ми и колку силно ќе ја прегрнев да беше тука. Плачев кога ја видов сообраќајната незгода и знаев дека детето го изгуби животот. Плачам за тотални странци, животни и на се' живо и диво и се' почесто се прашувам - како ќе опстанам во овој ужасен свет?