Добро утро на сите! Убаво е утрото со позитивна аура, кога си среќен и задоволен од тоа што го поседуваш. А она што недостасува ќе дојде само во најпогоден момент. Ви посакувам убав четврток.
Прстот кој ги брише твоите солзи кога си тажен, е многу подобар од десетте прсти кои ти аплаудираат кога си успешен.
Како минуваат годините почнав на секој свој роденден да размислувам поинаку. Секој ден си го правам да ми е убав. Секој миг да го доживувам и да го осетам како надоаѓа и одминува. Секој ден ме води мислата ,,денес ми е прв ден од остатокот на животот,,
Луѓе, време, случувања... Порано и сега... Различни карактери, индивидуални ставови, потреба од нешто подобро. Ништо не е како тогаш или сите се непрепознатливо поинакви... Некогаш семејствата броеја повеќе членови и за сите нив единството претставуваше круна на хармонијата во домот. Денес, иако бројот е значително намален и е сведен на некаков просек, пријатно изненадувачки е да се почувствува таква енергија што ќе предизвика размрдување на мислите и олабевеност на сетилата до степен да се биде и гостин и домаќин меѓу присутните.
Наjмногу од се што мразам каj себе е кога ке ме фати мрза и немам желба да правам нешто. Моментално сум во таа фаза на ништо не правенjе. И за жал ме држи цела недела. Ке мора нешто да сменам,, ич не се сакам ваква. П.с ако почнам да се жалам во темите за диети, да знаете дека криви се работите што ги постирам во фемина инстаграм П.п.с мразам вакво тмурно време
Читав статии пред некое време како во странство не било се мед и млеко. Воа Македончево за нигде било бе. Па да му се сневиди бе луѓе.Сите се стремиме да се изгубиме од државичкава наша и кога ќе се оствари тоа кај некого (нормално мора нешто да фали) после и таму не чини.Епа каде?! Ни тука ни таму е работава.Тука пари нема,таму многу работа имало.Треба да сме благодарни. И шо да ви кажам повеќе , убав ви ден сонциња.
Среќен си кога ќе добиеш убава вест, а уште посреќен си кога имаш со кого да ја споделиш. Четврток, убав си ко петок! Скокам до плафон!
Спојлер: ALERT! NEGATIVE VIBES, DO NOT OPEN! Ме чекаат купишта обврски за кои сè би дала некој да ми ги заврши сега, ама собата нема сама да се среди, ниту пак материјалот сам ќе се научи. Сè ми е некако meh, и се прашувам како е можно лани да имав доволно време за сè, а сега сум како мува без глава. Сè ми е хаос, за контрол-фрик како мене ова е кошмар. Да имав една салата сега. Марула, брокула, роквица, краставици, мнооогу сол и уште толку оцет.
Даденце, кога веќе ќе бидеш целосно среќна и исполнета?! Душава ме боли кога те гледам ваква. Сите мислат дека ти цветаат рози и дека секој ден ти е од среќен посреќен, ама не знаат дека срцето ти пати. Се надевам дека во најскоро време ќе се смени ова. После се, после толку исплакани и непроспиени ноќи длабоко се надевам и посакувам да те видам насмена. Посакувам да уживаш како што си знаеш и умееш. Секогаш сум била и ќе бидам до тебе! Сфатив дека нема ништо поважно од сестра. Сестра е најголемиот благодет во животов. Ти праќам силна гушка за да можеш да ги поминеш овие неколку саати дур си дојдеш домче.
Не знаев во која тема да пишам,па решив тука поради тоа што е најпосетувана..утре е black friday..а попустите online уште од сега се почнати..поздрав девојки,убав ден
Денов е депресии.Не сум спиена добро, не сум расположена и да не требаше да ги решавам проклетите задачи за тестот математика утре би се излежавала цел ден во кревет. А и со ова мое расположение колку и дали од тоа што ќе го извежбам ќе ми влезе во глава е огроомен прашалник. Ама утре петок е, чим ми текне на тоа ќефовии сум.