Тешко е кога некој ќе ја изневери довербата што си ја имал во него, но болката е поголема кога ножот ќе ти го забие блиска личност, онаа на која безброј пати си ѝ простувал. Тука ставам точка.
Шљакутарник е, ништо од снегот Ама затоа, на Шапка има Толку го сакам снегот, што се надевам дека деновиве кога ќе се разбудам, надвор ќе биде се бело, ќе ги гледам со љубов како паѓаат тие големи бели снегулки. Го обожавам снегот П.с ај да не тропам канти, туку да си признаам јавно дека едвај чекам да се ваљам у снег ко децана
Има нешто посебно во тоа да најдеш песни кои не ги знаат сите. Немаат премногу прегледи на YouTube, не се постојано споделувани на фејсбук. Нема да ги чуете во некој филм, реклама или на радио. Нема да најдете рингтон од рефренот, ниту еден куп ремикси на оригиналот. Има некоја поголема интимност во таквите песни. Како да се направени само за мала група на луѓе. Луѓе кои ја слушаат музиката зашто уживаат во секоја нота, а не затоа што песната е на врвот на некоја топ листа или спотот има сè што денес се смета за „вредно и убаво“. За убаво петочно расположение, ве поздравувам со една песна која веројатно нема ни спот. Нема многу прегледи и нема добиено награди. Не е изведувана на големи сцени со разголени девојки и провокативни настапи. Ама има нешто посебно во неа.
Нејќам да звучам како некој исфрустриран лектор, ама сакам да го кажам следново. Значи, неписмености од типот „неможам“, „несакам“, „сВаќа“, „девојќи“ и ред други (на овие ми текна у моментов) сум се изначитал у животов и некако сум отрпнал на нив (за жал). Она што сега поише ми смета, најверојатно дека е поново, е претераното и, пред се, погрешно, користење на англицизми. Да не се разбереме погрешно, не ми смета користењето на англицизми генерално – англискиот е побогат јазик од нашиов и и ја користам зборови, главно цели фрази на англиски, за некои работи кои на македонски не може соодветно да се опишат или доловат. Но, она што ме вади од такт се буквално преведени цели фрази на македонски, кои звучат глупаво или едноставно, не значат ништо. Зборам, на пример, за фразата која се почесто ја гледам – „Ми го направи денот“. What the f*ck is that?!? Значи, поарно напиши у оригинал „You made my day“ или кажи си на нашки „Ми го разубави денот“, неголи ова. Не само што звучи како лош превод на некој филм, „ми го направи денот“ не значи апсолутно ништо на македонски. Сите знаеме што значи кога ќе го чуеме или прочитаме, ама тоа е само затоа што ја знаеме оригинална фраза чиј буквален превод е ова. Кажете им на вашите баби и дедовци дека ви го направиле денот и или ќе ве прашаат што е тоа што ви го направиле или ќе ве гледаат ко да сте паднати од Марс. Друго, користењето на зборот „евентуално“ на местото на eventually – може ќе разочарам некого, ама не, не значи тоа. Трето, фразата „левел“. Најверојатно немаше ни да ми смета, да не се претеруваше со неа. А све што е претерано, не чини. Ама, кај нас, кога нешто ќе стане тренд, мора да се утупи до максимум со тоа. Ве молам, бидете малце пооригинални и покреативни во изразувањето, зошто стварно ми ги напраивте наа толкави, левел цитрони.
Кога некој го користи зборот „секундарно“ за нешто што треба да се случи во истата секунда. Не можам да опишам колку ме нервира.
Кај нас моментално се користи каша-попара од македонски, српски, турски и последно време и англиски јазик особено англо-американскиот... И мене ми оди по нерви во темата за Али експрес кога ќе прочитам Селерот...
^Јас веќе престанав да обрнувам внимание на такви работи. А и престанав да читам книги на македонски јазик, па можам буквално реченицата да ја вратам ,,назад" на англиски и тоа ме замара. Не можам да ви објаснам колку ги има секојдневно, а најжално и меѓу колеги-јазичари. Ужас. Сега игнорирам грешки, ќе им ги наоѓам ако ме платат за тоа. А се надевам и да ви се пофалам и со нешто поголемо и преведено од мене за скоро, па ќе кажете како ве бендисало.
Викаат дека по утрото денот се познавал, и во право се. Утрото ми беше сосемна промаршено и така ми остана цел ден Прво ми доцнеше автобусот, па автоматски задоцнив за на колоквиум, беа поминати 15тина минути, сите си почнале да пишуваат, си зеле најубави места а мене ме седнаа до професорка Па кога ми даде тетс, прв пат ги гледам зборовите, реченици и си викам ЊТФ? дај да си станам, што е ова по ѓаволите...дојдека дојдам при себе, за 5-6 секунди ми дојде асистентката и ми вика погрешен тест ти дадов, за друга наставна програма, извини....уф ми дојде малку срцето наместо.....ама само за момент, сепак зенат беше тестот. Наместо да размислувам, јас во памет ја пцуев таа (проф) до мене, и ја бркав со мислите далеку од мене за да можам да дишам барем, ама таа ко статуа се здрвила, маме и ебам. Па уште си зеде на тел муабети си прави, јас ја гледам осееет женооо малку осееет.....и ми се вртеше песната Одисеја цело време.....не знам од каде ми текнало на неа ама ете. Па цела така разочарана по дождовите си дојдов дома, да си легнам малку....ете некој тропа, ѕвони, пред врата....и ме разбуди, абе си реков ако сака Господ нека се симне сеа, како ме изнервира и ич не станувам. И не знам кој беше, не ме интересира. И лом се направив од дождот, и брат ми беше недостапен цел ден, и се испокарав со сите, и цел ден ми е сјебан... И нека заврши побрзо....
Колку ми се важни другарките? Ич, ама воопшто. Често се прашувам што е погрешно со мене? Зошто не ме викаат некогаш кога ќе излегуваат? Јас само ги молам,ги барам? Јас можи не знам да глумам дека којзнај колку те сакам и цуци, муци,буци.Ама затоа сум реална. Колку можиш бе некоја другарка да ја сакаш? Срце? Ма, немој. Јас ги сакам стварно сите другарки ама никогаш не сум му рекла срцке, муцуш па да земам да се смеам со сила, па као фејмс прсон. Слики, слики ма фб.. Ма не.. Само тој да ми се погоди.....
Колку и да викаме дека убаво ни е сами, сите потајно сакаме да бидиме со некого. Петок вечер, јас дома, друштво ми е мачето, ми ја разубави вечерта.
Не. Многу пати сум била сама во кино. И најубаво ми е. Се почесто гледам и луѓе кои сами седат во кафич и пијат кафе/пиво. Нема ништо погрешно или лошо во тоа да си истераш ќеиф без разлика дали некој ќе мисли дека си чуден. Јас на концерти одам сама. Да се разбереме, не во Скопјево. Тука и ретко кога има добар концерт. Правете си ќеиф на душичката, без разлика дали имате друштво. Ќе пишував негативен пост вчера, ама што фајде од тоа. Си наполнив када, се релаксирав и скоро заборавив на сѐ што ме мачи. Веќе кога не можам да сменам нешто зошто да се измачувам непотребно со тоа. Имајте убава вечер и за мене.
Морав уште ова... Еј чекајте. На кого му е воопшто грижа за вас? Другарките? Чекате тие да ви дадат совет, да ве утешат... Да ве свикаат за излегување, да видат дека нешто не е во ред со вас? Да ви дадат некое мало поклонче, мало изненадување? Да ви го расветлат денот? Едно големо НЕ. Деј џаст донт кеар. Погледнете убаво. Најпрвин, погрижете се за себе. ЗА СЕБЕ. Потоа за другите... Што сакате? Што ви се прави? Што ви треба? Најбитното : На кого му е грижа за вас? На кого отсекогаш му било грижа? Кога ви било најтешко кој бил тука за вас? Кој ве прави среќни? Имајте убава петочна вечер.
^ Ако бидеш тука за другите, ќе се најде некој да го цени тоа и да биде тука за тебе. Биди промената која сакаш да ја видиш.
Black Friday и се облекле во црно Ќе им каже ли некој дека не е тоа празник за вештерки и сл? Како викаше Борат, this suit is black not