Го знаете она чувство кога буквално мозокот е на пат да ви експлодира? Епа тоа е на пат да се случи кај мене. Имам толку многу идеи, планови, замисли, што дури веќе немам место каде да ги сортирам а пак камоли сите да ги реализирам. Всушност, тоа што го правам, го бара баш тоа од мене. Да бидам креативна. Да дизајнирам и да составувам. Да создадам нешто од обична празна подлога. Но некаде грешам. Каде? Не знам дали времето лета, или пак е пари како што викаат луѓето, но едно е сигурно. Јас го немам. Постојано сум во брзање. Постојано треба нешто да завршам. Растргната помеѓу обврските кои ги имам. Тоа што уште на оваа вораст се трудам да се осамостојам во секој аспект на животот и да застанам на свои нозе, дури сега гледам дека е потешко да го изведам отколку што претпоставував дека ќе биде. Ама без оглед на сѐ, ќе успеам во својата замисла. Повторно оживувам. Конечно започнав ново поглавје во својот живот кое требаше да го започнам многу одамна. И признавам, чувството е одлично. Не дека песимизмот ме напуштил, или пак не ми се вртат црни мисли низ глава. Само тие периоди се поретки и не дозволувам повторно да ме понесат. Свесна сум дека ќе имам падови понатаму, но сметам дека сум довлно спремна(пред се психички), да ги надминам. И уште нешто, чуството како да ве прегазил тенк за кое сигурна сум дека скоро и нема човек кој не го искусил, го знаете? Го знаете. Последната сила ја користите за да ги искривите усните наместо одговор, и за да дадете на некого до знаење дека ви значи неговото присуство. Дури тогаш знаете дека е редно време да земете и да одвоите пола саат за себе и да ги наполните батериите. На праг е Декември. Доаѓа крајот на уште една година. Натежнала уште една плус врз плеќите. Но и покрај се, ова ми е омилениот период и се познава. Па затоа пазете како го трошите времето и уживајте во моментите кои ви се пружени. Добра ноќ и имајте убав викенд.
Викаат за да бидеш здрав треба да јадеш работи што немаат реклама на телевизија.Епа бурекџилниците немаат реклама на ТВ...
Одредени луѓе ми се како маглата што ја гледам низ прозорецот, неможеш да ги видиш а те гушат. Некои се како дождот, непрестано те влажнат и оболуваат до срж. Има луѓе што се како снегот, толку прекрасно запаковани а толку студени што кога им се доближиш буквално мрзниш до внатрпна коска. Постојат и луѓе што се како ветерот, доаѓаат на слава а си одат кога најмногу ти се потребни. Ретко среќавам луѓе кои што потсетуваат на сонцето, да влезат и да те огреат.. стоплат и прегрнат од срце... е таков е само еден ама највреден
Пуканките пред мене, фемина уклучена, топло чоколадо, врнежливо време.. Поубав викенд има ли? Ајде некој да ми праве друштво, ќе ве изненадам со многу убави колачиња.
СДК ... за се' треба време и работа на себе. За да го достигнете нивото на слобода, чистина и вистинско живеење треба да научите да го контролирате егото. Колку помага во одредени сегменти толку и ве спречува вистински да го чувствувате животот. За да добиете вистинска емоција, егото нека не ви е соучесник. Само работете на себе и резултатите сами ќе си дојдат во вистинскиот момент. Бидете вие светлина, не чекајте да ве осветлат.
Да те видев во кино сам немаше да помислам ништо, најмалку дека си будала. Ама сега кога пиша, да, превртив очи. Ова не само за постот туку за многу други примери околу мене. Кога седете во кафиќ сами, одете во кино сами, на претстава, изложба, што да е, го уништувате моментот кога наговестувате како вие тоа поразлични сте од другите, макар и на шала. Ако си вистина поразличен или што би рекол -будала во позитивна смисла, нема ни да си свесен дека правиш нешто толку поразлично од другите, или барем нема да се пофалиш.
Не знам дали досега некој го објавил ова видео, а и да го објавил уште еднаш да биде објавено не е на штета. Видеово многу ме трогна, очите ми се насолзија. Уште еден доказ дека оној што има најмалку - најмногу дава. Можеби ќе звучам како некоја си мисица, ама би сакал вака да си помагаат луѓето меѓу себе, да биде вака насекаде околу светот. Да се шири љубов, милост, надеж. На некого да му помогнеш. Зарем толку е тешко? Зошто мора да се случуваат вакви работи какви што се случуваат денес, како убиства, тероризам, навредување, понижување? Што добиваат луѓето од тоа? Навистина не можам да ги сфатам. Би сакал и јас да помагам вака. Единствено што ми е криво што немам многу финансиски средства е токму поради тоа што сакам на некого да му помогнам. Одамна веќе имам желба да ги посетам децата од домот за без родители и еден ден ќе го направам тоа. Чувството да помогнеш некому кога му е најтешко е непроценливо, исто и на оној на кој му помагаат. Затоа помагајте колку можете. Постов ќе го завршам со една убав цитат: "Being rich is not about how much you have, but about how much you can give".
Толку сакам да ги соберам и да ги испечатам на во една книга инспиративните и интересните постови од темава и да си ја прелистувам книгата одвреме на време .
Ја сакам бидејќи ме познава толку добро што од очи ми ја чита душава. Бидејќи не треба никогаш да и се отворам за да знае што мислам. Бидејќи не треба да и кажам што сакам а што не. Ме знае кога ми е полно срцето а кога јас од толкава желба да е полно, се залажувам само. Денес ме сецна со зборови. „Не се труди за нешто што со пола уста сакаш да го кажеш, со една рака да го правиш, со пола душа да го сакаш.“ Знае кога ќе се залетам за нешто, да ме сопре и да ме врати назад. Да ми рече, остави, минливо е. „Кога не оди да сте разделени, пробај пак. И без него си лом. Aко не поминува, значи не треба да помине.“ И еве, цел ден за тоа размислувам. Некогаш мислам дека повеќе од мене ме познава.
Slucajno vcera zavrsiv vo ovoj grad..Pred nekoja godina ke dadev se da mozam samo na pola saat da bidam tamu. A sega,poblisku od koga i da e,a sepak daleku..
Вистина било во онаа мисла дека секое високо другарче треба да има ниско. Епа јас си имам едно такво. Порано ми беше страмежливо,незабележително во друштво,смирено и најниско. А сега обратно. Лудо позитивно лудо,духовито,да се смееш на секој збор. Па кога ќе дојде време за разделба ќе ми рече дојди да те гушнам. И како некое зајче ќе ме гушне. Па ајде дојди уште еднаш срцево ми се топи.
Посакував да имам моќ да направам некои работи за кои од секогаш сум мечтаела.Да можев да го вратам времето се би било по друго е секако знам дека не можам ама така си размислувам понекогаш.Епа нема да си го оптоварувам мозокот со такви работи кои ми го ја дуваат главата. Инаку утре е Св.апостол и евангелист Матеј,па ќе си отидеме на црква па ке си викнеме некои гости или така нешто,скаричка...ќе видеме што ќе испланираме.Сонцето мало си го има денот. Поздрав до ситее
Бараат богат маж со скап автомобил. Јас го сакам автомобилот. Не сум феминистика, тие се борат за еднакви права, јас сакам повеќе. Здрава и права, не гледам зошто да ја немам можност и јас за тој скап автомобил. Во овој man's world, како што велеше Хјустон, покрај се, тие не можат да носат фустани, но ние можеме да ги носиме и панталоните.
СДК Јас сум тука.Јас постојам и јас сум човек.Имам свои желби и имам свој сон.Никогаш нема да се откажам,затоа што ако го направам тоа всушност ќе се каам цел мој понатамошен живот.Имам верба во себе,во Бог и имам надеж.Мотивацијата никогаш нема да ми опадне и сум секој ден се посилна.Сакам,знам и можам. Нека не ви кажуваат дека нешто е невозможно.Се што можам да замислам е возможно.Буквално се. А можеби ти живееш нечиј сон,но не си свесен за тоа.