Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Moжеби времето е најлош лек, но сепак е лек.

    - По неколку годишни тортури, го најдов она што по што сите копнееме...Г-дин Совршен.
    Не сум ни замислувала некогаш дека може да биде волку идеално, ајде ќе речат период е, но трае предолго.
    среќна сум, многу и тоа е тоа.
     
    На LittlePinky, Elennaa, Viktorijaaa5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. dakaranani

    dakaranani Нов член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Конечно самата си ја сфатив религијата.
    Имав земано претходно тестови за религија кои сите го даваа едниот ист резултат - Унитариан Универзалист.
    Но, сега, после еден пост во категоријата религии, во една тема, јас сфатив...
     
  3. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Она чувство кога сиот напор што си го вложил во нешто, конечно ќе ти се исплати :rofl:

    Денеска после толку време и многу изгубена надеж, си го повратив оптимизмот, насмевката на лице и конечно можам да здивнам со леснотија.
    До сега, се` нешто ми фалеше, се` нешто се чувствував незадоволна, се` песимистички размислував и немав никаква волја.
    И иако денес излегов од дома со триста помисли, грижи, се` испадна дури и подобро од што очекував и мислам дека еден ваков ден дефинитивно ми требаше, онака да ме подзамисли и да ме освести за сите работи од минатото да ги оставам таму каде што припаѓале до сега, да не копам по стари рани, да мислам на иднината, а не на работи кои упорно ме кочат.
    Сакам овој период да потрае, ова преубаво време кое ми носи толку многу среќа и спокојство! :sun: :D
     
    На Anabelle.Amorette и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  4. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Ту брее, што таа пуста желба не ми се јави за слабеење ама онака цврст ???? Како да се ставам на диета јас , немозам никако да се мотивирам ...... а лето иде .... |-) |-)
     
  5. femina2014

    femina2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    66
    сдк имало господ после долго време и мене среќата да ми се насмее, имало господ и јас да се насмеам онака од душата што би се рекло, не дека имаше некоја голема причина, но ете добро е кога со своите школски другарки се среќаваш и се потсетуваш на убавите средношколски денови и сеуште владее тоа средношколско чувство како пред 3 години.. :) :)
     
  6. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.978
    Допаѓања:
    90.447
    Пол:
    Женски
    Среќна сум ,јас секогаш сум си среќна но овојпат повеќе ,а и се познава на мене :lol:
    Колку убаво ми е кога ќе ми кажат : абе грееш со насмевка,ме расположуваш кога ќе те видам , а многумина ме имаат прашано :која е тајната на твојата среќа :lol:
    Нема тајни се е на виделина :D Не не дека се ми е совршено и под конец како што треба ,но несакам сожалување од трети особи несакам некој да се дружи со мене од што ме жали,си имам луѓе пред кои можам целосно да се отворам.
    Зошто пред сите да ја покажувам тагата која некогаш се појавува ?!
    А така насмеана, среќна, весела најубаво ...
    Ги сакам сите и сакам на секого да помогнам колку што можам,посебно оние кои со убаво ќе ме прашаат нешто или ќе ме замолат :)

    Еее ова морам да ви го кажам ... поминував денеска покрај училиште (основно) и едно детенце го познавам мислам дека е второ оделение.Слушам некој ми вика се вртам тој : Дада Вики ај те молам закопчај ми го палтот неможам сам :lol: Ајдее му помогнав и тргнав и еве го трча пак по мене :D
    Што е бе Никола што заборави , и ми подава чунга лунга :o Да ме частел,ахахаха абе душата ми ја наполни со убавина ,срце мило :lol:

    Среќна сум затоа што утре ќе си го видам љубениот конечно утре после две долги недели ...
    Таква е врската на далечина но кога вистинската љубов постои да ви кажам и се е можно.
    Тој е оној кој ме одржава во живот човекот кој секоја ден се повеќе и повеќе ми докажува дека тој е оној со кога треба да ми помине целиот живот .
    Ме сака ,ме разбира,почитува,ме прави среќна,ме исполнува ... зарем оваа не е доволно.
    За мене е и премногу не очекував дека животот ќе ме почести со ваква убавина која ја чуствувам веќе подолг период се повеќе и повеќе ,ах дајбоже да е вечно така :angel:
     
    На the-girl1, Jenniffer, LittlePinky и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    На крајот од мрачниот тунелот кога ке го видиме светлото што знае ненајдено да се појави и води кон излезот од темнината ,незнаеме дали се радуаме повеќе на светлината или слободата од мракот :) .
     
  8. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.597
    Пол:
    Женски
    ........Еeeeeee значи стварно не знам дали само јас забележувам, ама овие себе-опишани како 'нај-опуштени', 'нај-позитивни' и 'нај-поштени' |( фаци на ФБ, имаат негативенo мислење и коментар за секој, ама баш буквално за секој! Се и сешто има на планетава :shake: . Аманн се како демек тие најубај, најдобри, е ма немојј..... :@ :@
     
    На Nate.Shadows, Anabelle.Amorette и LittlePinky им се допаѓа ова.
  9. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    И ти еднаш беше мала,косата ја носеше врзана со благи бранови или вешто извиткани локни,и ти еднаш бркаше соништа.Но тогаш сонуваше за бои,розева ,можеби како и секое друго девојче,кое некаде заспиваше со мислите за големиот свет.А денес имаш 20 или можеби 25 можеби имаш 45, и знаеш за боите на виножитото и нијансите на сивата,и те среќавам во автобус или во библиотека, или додека чекаш да го купиш билетот за филмот кој почнува за нешто помалку од десет минути,или додека ги плаќаш сметките а јас сум зад тебе.Можеби не знам со која буква почнува твоето име,можеби никогаш нема да ти го чујам гласот и нема да знам која книга ти е омилена,нема да знам за сите твои љубови,за сите твои соочувања со дното,за сите твои порази и премолчени зборови.
    Ти си за мене само згубен патник.Јас сум за тебе само обична девојка.
    Потоа,ќе се разделиме,ќе талкаме и никогаш повеќе нема да се сретнеме.
    Но секогаш ќе сакам да знам за кого ги будиш деновите,за кого живееш,колку соништа остави на дното од океанот,и кому му ја продаде душата.
    А,јас сум само девојка која не сака празни мигови.
     
    На Dog-lover, Umbrella22, Elena69221 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Сакам да сум сега некаде, во некое место каде пука лето , само јас пешкирот заштитниот фактор неколку книги, сонцето, и морето ......... и да се појави од некаде мој мр.Перфект .....

    Љубов најголема
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  11. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.778
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Синоќа, на кафе случајно се сретнавме со бившиот ми |(
    Мислеше ќе го поздравам. Не си заслужил бре човече :puke:
    Му покажав дека и без него сум среќна. Да СУМ! Сум со вистинската личност.
    Ме гледаше со истите очи како некогаш, но јас не, веќе не... Го гледав со омраза, и го сфати тоа!
     
    На Elissa, LittlePinky, CutieWithABeauty и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Дома сме имале три врсти на ќесиња од супермаркет.
    Прљави (од зејтин, млеко, маргарин), средно прљави (од тоалетна хартија, сапун), чисти (од леб).

    Што ти значи мајка... Треба убаво да ги простудирам категорииве, не знам ни дали точно ги напишав. Ама тука некаде се. Пред некој ден ја открив среднава категорија. А толку време постоела. Ако дознае мајка ми дека некои ќесиња што се „прљави“, сум ги ставала во чисти...
     
    На sweet-star, LittlePinky и leighton23 им се допаѓа ова.
  13. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Се седам јас пред компјутер онака не баш во добро расположение и кога наеднаш ѕвони домашниот телефон. Веќе долго време беше престанал да ѕвони, бидејки сите нели сега сме мобилизирани. :D
    Јас онака зачудена со мисла кој би можел да биде. |( А никогаш немав навика да кревам на домашниот телефон и мајка ми постојано се лутеше бидејки го оставав да ѕвони. Овој пат ми здосади бидејки не престануваше и кренав. Слушнав љубезен женски глас како се одзива од другата страна. Мислев некоја анкета ќе прави и готова бев да ја одбијам, мразам анкети. ]:) Кога она тоа ми вели дека не извлекле и дека сме биле добитници на некаква вредна награда. :o Си мислам во себе конечно нешто убаво да ми се случи којзнае што ќе си добијам сега. :wasntme: И малце насмевка развлекувам на лицето и продолжувам да слушнам што уште има да ми каже. :) Почнува да ми зборува за некаков си појас, за болки бла бла. Повторно си мислам во себе, добро де можеби мене нема да ми е корисно но на домашните добро ќе им дојде баш супер да. Си прашувам јас како можам да си ја подигнам наградата, а таа ми вели ние ќе ви ја доставиме до дома, а бре убавани еј ја доставуваат до дома мислааам... :rofl: Да де уште малце и ќе ни ја доставеа само да си доплатевме уште 1090 денари поштарина. :tmi: А неможе да се подигне од таму, само достава до дома, тоа ти се вика царски нели, зошто да се мачиме. И тоа ем пари даваш, ем награда добиваш. :D
     
    На lana.del-rey и Elennaa им се допаѓа ова.
  14. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Пукна пролет и јас се разболев ..аман од воа алергииве веќе..-.-
     
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.148
    Пол:
    Женски
    Се развеселив денес кога се враќав од школо. Во соседната куќа се врткаше Еми - моето прво маче, сега веќе мачка. :D Ја немаше подолго време. Сега ја видов, прво не се сети на мене, ме изгледа сомнително, па и викнав Еми, мац! Веднаш ме препозна по гласот и дојде кај мене. И’ дадов да јаде. Сега гледам пак се изгуби. :D
     
  16. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Aман по досаден ден :| .Ко намќор сум денес..
    Прв час Англиски некои вежби за 10 мин ги завршивме и после тоа си седевме.Јас умирав од досада :^) .
    Биологија отцени се попрваа и цел час како мисири другите седевме :| :?: . На 3 мин. до крајот на часот ни го објснуваше најтешкиот урок.. :| :envy: :@ .
    Граѓанско глупости..
    Хемија,ново ама ништо не ми текнуваше пентанол не ми текнуваше што е..
    И поселден час немавме демек Кенгур има :^) :?: .
    Глупости денес во Драгоро ми иди да се џитнам :@

    А бе и ови е смајлињта веќе само 10...Напрајте до 100 некако
     

    Прикачени фајлови:

  17. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    5.915
    Хемија праев тест не беше многу тежок па ке видиме што ке направам. Ни рекоа дека утре по 20 м ке ни траат часевите оти е ден на дрвото јееее и часевите не ни завршат во 10:30 :D 8)
     
  18. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Ние нема да имаме часови, само некои активности.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38

    Ние воопшто нема да одиме во школо.И не е ден на дрвото,туку ден на екологијата.
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски

    Прикачени фајлови:

    На SparkyAngel, hermosa, Elennaa и 5 други им се допаѓа ова.