Не можам, а да не бидам намрштена кога врне дожд. Оптимизмот мој оди во бестрага со самата помисла дека треба да носам чадориште со мене, кога ќе помислам на мокрите чизми и сите оние дупки кои треба да ги избегнувам. Оние малите кои се склопуваат и можеш подоцна да ги пикнеш во ташна не ми вршат работа, ја покриваат само главата и дел од рамениците, ташната обавезно ја фаќа дождот, најчесто и ракавите, без разлика што не дува ветер. Освен гума (а такви чизми не доаѓаат во предвид), сите останати материјали не ја одбиваат водата, туку ја впиваат, а таа глетка и чувство на накиснати обувки, ич не ми се пријатни. Кога е вакво времето, се туширам пред спиење, преголем ризик е тазе туширана да излезам на овие ниски температури. Ма каков ризик, со сигурност ќе настинам. Не се сеќавам кога последен пат притисокот ми бил нормален кога паѓа дожд, низок, низок и низок е. Кога ќе сумирам, едноставно не е во прашање оптимизмот, начинот на гледање на работите, исфрустрираноста од туѓ успех, љубомора или не- знам- што. Факт е дека мразам дожд. Нема ништо позитивно и романтично во него. Сепак тоа не ми пречи работите да ги гледам реално, онакви какви што се.
Дури вчера почнав да ја читам "1984" и засега е навистина добра книга, добра приказна ама начинот на кој размислува и се чувствува Винстон ми створа главоболка. Секогаш сум го имала тој мал "проблем" да му влегвам во кожата на главниот лик па никогаш емоционално стабилна не сум излегвала после прочитана книга. Ваквото време во комбинација со ПМС не е океј. Сакам само да лежам ида не станам од кревет ама немам мн избор зошто со брат ми поубо ни е да спиеме в дневна. Се заиграв лол и зачитав манга до 4,ете сега во 9 создравје да си го носам ахахаха. Фактот дека утре е Понеделник и продолжвам со факс, ме обезхрабрува доколку е лошо времето зошто Петокот дури одев по индустриски не само што ме испрскаа, ми го калосаа лицето. Пфф.
Чувството кога ќе си резервираш пат за Будимпешта и Виена,ајде душмани љубоморни резервирајте и вие да се наслади патот. Покуси да не останете,жални сте,за грев. Да не ве јаде душата Деновиве ремонт на цел стан се планира има светски да биде. Чувството кога ги тестираш луѓето и тие како семки си ги вадат маските. Е моја Македонија секакви луѓе те газат.
Здраво Како сте? Јас еве само што завршив со неделниот појадок и кафе. Појадокот ми беше неуспешно направена проја. Ама ко за прв пат и направена по импровизиран рецепт,беше добра. Вчера имав убава вечер,кино дружба,што прерасна во одење на пијачка и јадење мрсни банички по полноќ. Сакав само да се потсетам и себе и сите други што ги фаќа немир во недела навечер,за неделата што следи,дека може да се справиме со се`што ќе ни донесе истата.
Ќе ми се врати надежта или да почнам да се дрогирам? Кој ме тераше да ги прочитам тие книгите, сега се ми е сиво надвор. Колкава моќ има книгата, тоа неверојатно нешто.
Бебенце немам држено во раце некои добри 13 години, откако порасна мојата најмала братучетка. Кај малку подалечни роднини секогаш одат само моите на повојница, а никој од поблиските братучеди сè уште нема дете. Ама вчера бев кај другарка ми, за прв пат да го видам малото. Ми се чини дека целата нежност на светот е собрана во тоа суштество Толку малечко, толку кревко, ми беше страв да го држам во раце. Не тргна очи од мене, цело време ми правеше муабет Ааа, ооо, ууу... како да сака да ми каже нешто. Другарка ми ми вика: Вака до сега со никој не се закачал, многу си му интересна изгледа Кога беше трудна, од другарките само јас ѝ викав дека ќе роди машко. Имав некоја интуиција, цело време ми доаѓаше во глава дека кога ќе одам да ги видам, ќе му викам: Кај си бе ти? И ете, синче си има Бебче мало, ќе го гњавам кога ќе потпорасне
А што ќе кажете на јузаат наместо користат? И тоа професорка на факултет, да не кажам доктор на науки срам ми е мене Првиот пат не ја разбрав и само и дадов ваков поглед и се замислив дали јас сум толку глупава што не ја разбирам, ама потоа втор пат кога го употреби во поконкретна реченица разбрав што сакаше да каже.
Да бе, од летото да ми се смачи? Ми вика, ќе му здосади на човек се на одмор да е. Try me Коктели , вода, сонце, мозокот, и тој под чадор на годишен се релаксира.
Вчера имав смешно - стресна ситуација што сега кога се присетувам на тоа смеа ме фаќа Денот ми почна нормално, но наеднаш еден повик од брат ми смени се. Блиска роднина му се јавила да му честита за "новоста" во моето семјество односно дека јас сум се верила, па како мајка ми ќе станела баба и требало да кажеме не да сме криеле. Брат ми срцето во пети му слегнало, се јавува кај мене јас уште по одтрештена Имено некој на радио пуштил порака во која пожелува среќен брак на мене. Да, да на мене Цела се препотив, се стресов искрено и веднаш се јавив на дечко ми тој уште повеќе се изнервира, секаков народ постои па мислевме дека некој намерно се зафркава. Имам ретко има и презиме нема ни една со такво име иста во смејството и немаше шанси да биде грешка од некој напишано. Се јавивме во радиото тие ни го кажаа бројот на човекот, и се јавувам јас кај човекот, кога човекот од опнат по опнат, си велам овој да сум до него готаво ќе ми рипне Ми се изнавика по телефонот, како тоа не била негова грешка, тој убаво напишал "неспосбните" (тој така ги нарече) во радиото грешка прочитале смениле две букви и затоа така биднало. Јас ваква , татко ми паѓа од смеа дечко ми постојано ми звоне и тој загрижен. Се уверив дека не е од некој зафркација туку грешка и баталив, по 5/10 мин ми звонат од радиото и тие се извинуваат и ми ја читаат пораката и велат дека уствари цела работа била во тоа што човекот напишал грешка буква и тие мислеле дека треба таа буква втора да ја стават и ете го моето презиме Дал да се смејам или да плачам И добро заврши се, бидна што бидна, е после луѓе смеа ме отепува. Цела ден лицето на мајка ми не ми испадна од глава, пребледе кога и кажавме што се десило, така пополека и раскажував и на крајта само дека било грешка и мислам се препоти жена , здив не зема се додкеа не раскажав се. Едно нешто беше многу битно, што цела ден насмевката од лицето не ја симнав а и денеска имам некое добро расположение само за добро да е и да остане подолго. Ми требаат позитивни и убави работи во животот, не сакам веќе тага во душата.
*Секојдневна ситуација - домашните изиритирани од мрзата која те стега во период на џаболебарење, изненаџени од некоја глупост на која се смееш или убер детинеста игрица која ќе те видат дека ја играш* - Еее, на мое време... на твои години Трајна и Петка од моја генерација деца родија и куќа водеа, а ти што праиш..? - Еве си рачунам у глава колку години им се сега децата...
Преферирам неделен чај во ладни зимски ноќи да пијам сама под топло ќебе покрај прозор. И тогаш памет,ум и срце плива.
Викенд како од соништата. Цел ми отиде у соништа.. го преспав. Будење со многу кафе, многу чај и многу свежо цеден портокал. Ете зошто ги сакам овие денови. Влажно и лисја кои љубат улици. Стара македонска музика покрај локалните кафеанчиња. Стуткани луѓенца разитани во сите правци. Студени носиња и топли срца. Живот, во некој чуден ритам на музика што ги буди сите сетила... Ахх.... ************************************* 3 години со Фемина. Ви благодарам на сите, за убавата дружба. За сите убави пораки во инбокс. За сите инспиративни личности, а толку многу ве има и толку многу сте посебни. За секоја реченица извајана со позитивност, емпатија, сочувство, поддршка. Секое пораче ми значи многу, да знаете! Ви благодарам што ми го направивте виртуелниот свет поинтересно катче. Бидете добри, и бидете на топло. Ајде нешто и на моја сметка. Спојлер: Celebrating 3th anniversary!!! :)
Ајмооо цурице, ајмо дјечаци, студенти и џаци, милицајци! Хо хо хо! Да де, да. Многу е фино кога ќе ти рикне фенот, а имаш коса џбун. Иначе сум настината веќе две недели и кусур, грлово ме корне, ама не ми текнува да идам на лекар, ради тоа што нејќам. Само ќе си пројде. Па уште си седам боса со кратки пижами и не ми текнува да пуштам радијатор (бар да искористев овака неделно на евтина струја). Све е до писха! Иначе знаете нели кога ќе пуштите одредена песна на јутјуб и така ви се редат песни после тоа? Е па мене на ред ми стигна Гулабица. Од кај се појави, везе неам. Само знам дека една нејзина песна сега ми се мота низ глава. Татко ми уште го заеб... зезам за коњот на Александар. Никако да го научи, еј. Бетмен, Бетовен, бафало, бифтек, билобил, бивол... кој ти знае какви се' надимаци му смисли. Пред некој ден ми вика: - А бе Елена, сеа таму на факултет немате родителски веќе? - Не. - Туу, баш ми фалат. Ај, идам ја. Се читаме за некое време. Поуз.
Чорапа фрик?! Уште некој? Се спремам за два-три дена за на планина и еве цел ден се мислам кои чорапи да ги носам. Пет пати се предомислив од сабајле. Моментално имам седум пара спремни, извлекувањето ќе биде во среда, ќе видиме кои ќе бидат среќлиите.
@Daydream мене ако ме прашуваш, чорапите одат во комбинација со долен веш. Едноставно е- не може да носиш розови гаќички и црвени чорапи, на пример.
Како оган, како воздух, како вода е потребен.Не само што е неопходен,туку и нужен. Нам ни е потребен , здрав, вистинит и духовен. А постои и лажен, те како лажен.невистинит и лекоумен среќник. Секогаш со "добри намери", наивен и кусоглед. Тој се сведува само на рамнодушност. Не е ниту спокој, ниту мир. Лажниот нема веродостојна основа, предаден е на моменталното расположение. Навидум изгледа здрав и урамнотежен и не страда од душевна дисхармонија. Но, на пошироко поле не гледа многу надалеку, а и ако гледа, тоа е многу матно и перцепира погрешно. Површен и лекоумен, очи во очи со одреден проблем. Во работите не гледа длабочина и снажност, а неговите глаголења не се посилни ни од црцорење на еден штурец... Нешто поинакво, поразлично, без сплеткарења и интриги, без дребулии и слепи улици и одговорно, е вистинскиот оптимизам. Овој не се стекнува од добро здравје или од раѓање, ами со духовно зреење. Во тоа е правиот кладенец за оптимизмот.