Најмногу ми годат овие денови каде без договарање тато ќе рече ајде одиме Маврово. Јас скокам ,се радувам како мало дете. Ептен си ги сакам овие прошетки и уживанции со тато и мама.
Ми се јавува и ми вика ја извадила малата елка за проба. Викам за каква проба? Ми вика: "Ја тренирам мачката за големата елка" Си реков јас, бидејќи нашата мачка е како куче, за Нова Година ќе има:
Како поминува времето се повеќе разбирам и сигурна сум дека веќе се навикнав на нас и знам дека мојот дом е каде што е тој,никаде на друго место Кај моите веќе не се чуствувам како девојче кое не и беше галје за утре и што ќе се случува после некој ден.Повеќе не сум мирна, седам со сите домче а сепак нешто ми недостига,се смеам а неговото смеење ми одѕвонува во уши,заспивам сама и немам кој да гушнам и да му посакам добра ноќ. Емотивна сум и ми недостига стариот дом еве признавам и верувам дека така ќе е уште долго време, секогаш ќе ми недостига не велам не. Мамичка пак ми вели : ајде не се нервирај што уште неможеш да се навикнеш како што треба и тоа што сакаш да доаѓаш почесто кај нас .Кога ќе имаш деца ќе разбереш дека од вашиот дом таму ништо не е поважно,децата и мажот ќе ти бидат најважни и нема да имаш многу време. Во право е ама неможам да си го разберам тоа убаво додека сама на себе не си почуствувам. А здравје има време за се. Овој понеделник ми започна преубаво затоа што после неколку денови сме пак заедно еден до друг одам да спремам ручек да надокнадам додека ме немало А на сите вас ви посакувам да имате убава работна недела и да уживате во последниот Ноемвриски ден
Бев за Турција, феминци и феминки Престојувавме во Орхангази, но бевме во посета и на Бурса, Јалова и Истанбул Прекрасно поминато време, не можам да опишам Лугето се гостопримливи и многу поемотивни од нас, секаде подароци ни даваа. Кај Кајмакамот или градоначалникот или пак кај што бевме сместени кај ученици. Јадев донер, тоа е како гиро Капали Чаршија има 30.000 вработени и прекрасно е. Многу ефтино за облека, но јадењето е поскапо од кај нас Ја посетивме Аја Софија и Сината џамија, прекрасни градби. Градовите се развиваат, се градат патишта, трговски центри и не можам да кажам дека се заостанати во тој смисол како ние што имаме стеротипни сваќања. Само чудно ми беше затоа што имаат дечковци, а не се лапаат со нив само за раче држење
Денот по утрото се познава Убаво сончево утро, рано станав иако цела вечер не спиев салам. Појдов в марктет си земав банана и влезе едно машко абе така убаво мирисаше, тој парфемот преубав, значи машкиве парфеми како дрога ми делуваат Потоа видов едно маче и кога ме виде одма дојде на кај мене, кутрото гладно и само, му дадов од бананата јадеше Многу ми е убаво кога денот ми е исполнет, со обврски, и кога работам му помагам на луѓето и арно има останото фини луѓе да ти покажат нешто ако не знаеш да можеш да ги прашаш. Убаво тргна понеделнички, се надевам вака цела недела ќе биди, убава и позитивна
Колку е убаво да среќаваш луѓе што го сакаат тоа што го работат. Веднаш ги препознаваш по ентузијазмот и посветеноста. Секој ден работат се’ повеќе на себе и спремни се да освојуваат нови височини. Ме инспирираа вчера, ама и ме натераа да се освестам... да придадам повеќе значење на тоа што е вистински важно и да одам малку побрзо на таа патека што си ја одредив. Утрово случајно налетав на мислава на Френк Запа... дојде точно во правиот момент. Искрено, ич не ми е криво што моето образование нема врска со тоа што го правам и сакам да го правам. Можеби можев тие 4 години поминати на факултет да ги искористам поразумно, но не мислам дека беа залудни. Научив многу животни лекции тогаш, иако вистинското образование дојде подоцна. И учењето ќе трае цел живот.
Убаво ми е.... После долг период можам да кажам убаво ми еее. Животот дефинитивно го прават убав мали работи. Искрено пријателство, утринско кафе, па дури и врнежлив ден.
Хелооо ево ме птичице старе Сакам да кажам да можев да му дадам наслов на животот, би се викал "Неред во нередот на спокојот и реалноста". Горчливо убаво секојдневие. По мене онака како сенка се влечи уморот рака под рака со желбата за дома,кафе и мирување. Животот колку ми се има средено од последното мое мислење овде на 2 март 2013 толку и ми се има растурено како растурена сарма во длабока шерпа за правење ајвар. Само што шерпава тежи над главава. Ај останете ми поздравени, стари форумџики кај сте бе :треп: :треп:
Драги мажи, Ние не сме комплицирани. Вие не можете да не разберете. Знаете што ни е потребно? Знаете колку малку? Сега ќе ви кажам. Бескрајна љубов . Затоплувачка прегретка да се стопиме во неа. Нашиот штит од суровиот свет. Неколку слатки зборови. И се разбира, еден милион бакнежи. Видете бројчано колку : 1 000 000 П. С. Сите лажеме кога ќе речеме дека не ни треба љубов. Напротив, повеќе од потребна ни е. Човекот е суштество родено за љубов. Да сака и да биде сакан со иста мера. Ве сакам.
Ме прашуваат моите на шега што сакам да му напишам на Дедо Мраз за оваа Нова Година. - Не знам, немам ништо повеќе што би сакала да го посакам за себе.
Штотуку изедов два реда чоколадо пред да одам на вежбање. И воопшто не ми е галје. Не, не е ПМС, јас лично сум
Некако ми се чини како одамна да немам напишано тука. Или не … Периодов имам чувство како да започнувам некоја нова етапа во мојот живот…Прв пат имам такво чувство. Некои работи ги оставив во минатото или барем јас така си мислам, а и многу нови работи ми се случија. Изненадно или неочекувано, но се случија. Не можам да кажам дека не ми е убаво, напротив убаво ми е многу.Другарките ги слушам како се шегуваат на моја сметка , а и знам дека им е мило. За многу брзо време некој влезе во мојот живот. Сосем неочекувано, но еве од неодамна сме заедно. Една цврста врска не се гради лесно, знам. Треба да се изгради убаво, да биде базирана на доверба и почитување, како и разбирање. Сето ова сум спремна да го дадам и ќе се потрудам, затоа што гледам дека и тој се труди.
Кога денот ми е долг, а јас сум си поспана, редовно ми се случуваат некои киксови. Понеделнички скролам низ фејсбук, ми излегува понуда на Групер и читам: 2 гради за екстра цена! Ееееј си викам, овие почнале со купони за естетска хирургија? После неколку секунди сфатив дека е туристичка тура. Со посета на два града.