Цел месец нема да се будиме заедно... Го гушкам, ме бакнува... тоj e моето сѐ, наjсакан, наjдраг... Веќе ми недостига, иако сум припиена до него сега. Ја впивам секоjа секунда како сунѓер, да не пропуштам некоjа насмевка негова, мил поглед...
Станувам околу 5часот наутро, се погледнувам во огледало и презадоволна сум со мојот сјај на коса, до вчера мислев дека косата ми е препре упропастена но благодарение на субрината има големо предобрување, тоа ме направи среќна , ги занемарувам расправиите од околу на моите луѓе и сакам денешниов ден да ми помине убаво како што ми почна
СДК дека секоја жена е беспомошна кога е намачкана со лак за нокти а истиот не е исушен. Во ваква ситуација владее Марфиев закон : Прво звони мобилниот Второ, мора да го намалиш ,,волумето,, на телевизорот Трето, звони некој на врата .. оЈдоа ноктите !
Сабајлево се успав, се спремав во десет минути, смрзнав двапати, заборавив пари. И влегувам во канцеларија, најмилава колешка ни направила кифлички. Сите насмеани, внатре топло, си најдов превоз до факултет после, си направив план за сликање. Денот ми е поправен. И официјално си ја завршувам паузата сега и одам да цртам
Неможеше денот по убаво да ми започне,ЛУЃЕ СТАНАВВВВ ВУЈКОООО прво внуче во нашата фамилија,неможам да ви ги пренесам емоциите,премногу сум возбуден и за мене викеднот од денеска почнува
Како бе декември? Од каде тоа дека е декември? Си го шмркам чајчево и се радувам. Дека месецов ми е последен на смотаново работно место, дека имам планови за иднина, не знам што се ама ги имам, дека вечер може ќе си се дружам со мили луѓе. Си размислувам и чудно е како со некои луѓе за толку краток временски период можеш толку многу да се зближиш. Посебно кога ќе се сетам дека се почнало од глупост, од смотани смешки и сувишни коментари. Одредени работи се на место, многу не се. Ама не, денес е од тие денови кога ги гледаме само убавите. Кога се радувам што косата убаво ми мириса, кога и лакот на нокти е целосен. Кога ете, убаво е што дома ни е топло и што јас сакам да готвам. Оставам за друг ден желба за тлеење во кревет и тие никаквите мисли. Иако пред некој ден бев фасцинирана од видеово. Три пати го изгледав и секој пат се повеќе сакав да ја прегрнам девојката и да и кажам дека се разбираме. Имајте убав ден девојки уште поубав декември. Многу снежни прегратки, рој ескимски бакнежи.
1ви декември е светски ден (на/ за борба против) сида. Нема многу да пишувам како, оти, зошто... Само да го споменам, како и секоја година.
Ете го и декември.. Не знам за вас но јас сеуште се радувам во мене кога слушам и гледам новогодишен декемвриски филм или реклама. Сите елки, сијалички, лампиони, л'скавки наоколу, белата боја, златната, црвената и зелената, снешковците, елените, дедо мразот... сите овие ситни предмети ми го разубавуваат секојдневието и ми ја топлат душата од се срце најискрено. Не можам да им одолеам на шапките и шаловите, ракавиците.. целата таа еуфорија е прекрасна и сум сигурна дека кај секој човек без разлика на годините го буди детето во себе. Дојде и месецот на љубовта, топлите камини и оганот со кој што раце за раце се грееме, дојде и месецот на среќата и топлината во нас..
Како голем љубител на рачните часовници секој фрлен поглед кон нив не ме остава рамнодушна. Колку и да имам не згаснува желбата за збогатување на колекцијата. И по некоја случајност, сите ми се подарок за некој повод. Моментот кој беше пресуден за да создадам пасија кон нив се случи во детството. За деветиот роденден добив подарок од мајка ми мал детски часовник кој толку ме обзема што грижата кон него премина во рутина за периодично нагодување на механизмот за точен тек на времето. Тоа беа оние стари часовници чие отчукување беше проследено од човечката рака и механичкиот запчаник. Низ годините со развојот на технологијата иако беше истиснат од употреба, си зазема место прв меѓу останатите примероци во колекцијата кој се уште го чувам како убав спомен од некогашната прва средба. Гестот што секој од нив успел да ми измами воочливи мигови на воодушевеност го занемаруваат поводот за кој е наменет. И ништо друго не може така силно да ме трогне од среќа кога станува збор за предмет како што е часовникот. Има некоја неопислива магична енергија што ми предизвикува чувство на сраснат дел од раката и умот. Јас и тој низ временската ориентација... Ако некогаш бојата беше предизвик за да ми го задржи внманието, денес секое следно тик-так е драгоцено време кое остава трага од чекорењето низ универзумот.
АПЕЛ ДО СИТЕ СЕГАШНИ И ИДНИ МЛАДИ НЕВЕСТИ! Вие не сте мајка на Вашиот партнер а тој не е мало дете. Неговата мајка го пораснала како знае и умее, а навиките кои му ги наметнала не се во чип вграден во него па невозможно е да се променат. Не Ви е таа крива што Вие не знаете да се договорите како заедно ќе функционирате, или во краен случај што погрешен партнер сте избрале. Ако Вашите мајки не Ве пораснале слугинки да бидете, тогаш зошто така се однесувате?
Секогаш кога ќе се почувствувате нерасположено на ваков сив и темен ден, само внесете боја во вашето секојдневие. Купете си букетче од шарено зимско цвеќе, или барем скинете од најблискиот парк некое цветче или од оние црвено-портокалови бобинки кои растат во вид на грмушки. Облечете ги омилените шарени зимски чорапи, завиткајте се во омилениот шарен џемпер, налакирајте си ги ноктите во весела боја, напијте се вкусно чајче од омилената шолја, завиткајте се под омиленото ќебе со слушалки во уши или книга во рака, направете си арома-терапија со вашиот омилен мирис, без разлика дали е тоа лаванда, мандарина, ванила или цимет. Направете си ги омилените колачиња, патем ќе се стоплите додека ги правите. Внесете боја, внесете го омилениот предмет или мирис... Што и да е, веднаш ќе биде поразлично и повесело.
Има денови кога го мразам светот, кога ме нервираат сите и сакам да се затворам во соба и да немам контакт со никој. Ниту ми се станува од кревет, ниту ми се смешка, ниту ми се зборува со некој. Не сакам да се нашминкам, не сакам да се дотерам, не сакам да излезам од дома. И тоа е сосема нормално и човечки. Никој не може да е насмеан и среќен секој ден од животот, порано или подоцна таа маска ќе пукне, и резултатот ќе биде катастрофален. На никого животот не му е совршен, никој не е безгрешен ниту без проблеми.