Добредојде Декември, те чекам 12 месеци!! Колку и да се жалам кога е лошо времето во тебе и како сакам сонце, тебе најмногу те сакам. Ме потсеќаш на радост, на детска радост, на снег, на Дедо Мраз. Јас одлучив да вервам и да живеам за тие работи. Ме прават пресреќна. Почетокот на Демекври ме потсеќа на Нова Година. На Нова Година не му давам големо значење како за Божиќ. Знам дека е дури на 7ми Јануари ама јас се спремам еден месец уназад, де честитки, де украси, де прикупи некој лампион и разгледај некоја помала елка соодветна за в соба кај мене. Абе дете. Само Господ едно снегче да ми дај бар на еден ден, за Божиќ
Му поклонуваш манжетни и ти се исмева, бидејќи нели тој не носи обетки А види, главата уште само за обетки му е, пошто му служи само за украс, очигледно.
СДК ... знаете што? Дозирајте позитива, негатива ... Не може да биде ни премалку едното ни премногу другото. За да има баланс треба по доза едно и доза друго ...Важно умејте добро да "манипулирате" со дозерот.
Знаеш дека ги имаш вистинските пријатели покрај себе кога те толерираат во моменти на гнев и мали кавги околу банални работи. Се закарувате и потоа се однесувате како ништо да не се случило. Секој викенд по стоти пат се предоговарате каде ќе излегувате и што ќе облекувате. Најпрвин на нив помислуваш во оној момент кога сакаш да споделиш некоја вест. Најмногу се смееш на нивните шеги и бисери. Ги гледаш старите слики од детството со нив,се смееш и си велиш со кој памет таква поза си фатил на сликата,се смееш и на тие први 2-3 заба што ја формираат најискрената детска невина насмевка. Од нив добиваш најмногу комплименти кои ти го разубавуваат денот. Кога се шетате во доцните часови разговарајќи за deep теми и меѓусебно си ги надополнувате речениците. Одите по улица,на една и' текнува да запее стих од некоја песна,а останатите се надоврзуваат. Понекогаш се жалите и си ја олеснувате душата, а потоа се присетувате на глупостите од детството кои ве засмејуваат. Она кога го помислувате истото нешто во ист момент и заедно го кажувате на глас,па се погледнувате и се смеете...Е овие нешта ми значат многу во животов. Си мислам колку понекогаш се нервираме меѓусебно со некои наши навики и маани,а сепак секогаш преминуваме преку тие ситници,пак се држиме заедно и после толку долго време. Често си велам,кога излегуваме да не каснеа толку,па вака да не правеше таа,ова вака да не беше...Ама ќе беа многу поинакви,немаше да бидат истите тие откачени луѓенца кои ги сакам како да ми се родени сестри. Само да ми се живи,здрави и среќни,ги ценам како да ми се богатство. И во наредниве 100 животи нив би ги одбрала за најблиски пријатели. Со нив би поминала се' одново. Сакајте ги и ценете ги вашите пријатели,трудете се да заборавите на кавгите и имајте почит и толеранција. И како за крај,едно сликче кое верувам дека потполно опишува многу откачени друштва.
Жалам што парите ги менуваат луѓето, навистина. Убаво е да постигнеш успеси кои финансиски те ојачуваат, но не тие да направат останатите да ги гледаш со подсмев. Всушност се прашувам дали можеби таквите одсекогаш биле тоа што моментално се...? Штета е навистина што парично неможат да си купат човечност, достоинство, добрина итн.
Оние кои се менуваат кога ке стекнат повеке финансиска моќ се всушност луѓе што се неиживеани и прости и што не ја научиле смислата на животот а исто така се и најосамените луѓе зошто немаат ништо што друго да покажат освен пари кои се сиромашни во душата и не знаат два реда муабет да склопат па затоа е така..АМА никаде не стигаат .....црливо јаболко си е црливо не можеш да го смениш...
Не знам оти оваа мене и на срцлето ни се случуваа. Вчера бев екстра многу среќна, без посебна причина и влегов и зедов 2 карти за нокаут концертотза 24.12. Сакав да му кажам колку ми значи. Секако, си ги слушаме и во кола и кај мене тие песни и ги знаеме... Потоа вечерта ми се јавува тој и ми кажа дека имал 40 темепратура и дека не му е воопшто добро.Му правела мајка му супа и викам ај јади срце, стопли се па ќе се слушни ме пак. Го барам после еден час.Ми кажа дека од тоалет не излегол.Се повратил... И не успеав да му кажам ни за картите за нокаут Се надевам ќе оздрави пред се.Дека ќе одиме. Денес блед крпа беше кога го посетив.Душа моја.Нема да оди на работа од понеделник. Душа моја
Ми се чини дека поетите секогаш даваат најубави комплименти. Со таква слаткоречивост и одмереност, со толку убаво одбрани зборови што ќе ти ја стоплат душата. И замислете писатели кои ги читате и почитувате, да ви зборуваат за зрелоста во вашата поезија. Ми го разубавија денот
СДК украсувате ли оваа година по дома? Мене нешто ми кажува дека треба да останам за догодина.Веќе изгубив желба да украсувам.Откажаа ми ја елката после еден месец натегање со продавачот.Порачав вчера нова од интернет и маж ми се најде паметен да ми покаже "убави" на слика елки од еден баухаус за одма да сме си купиле.Откажа ја оваа порачка од интернет и денеска се само рашетаме до таму и од што беа убави ништо не купивме. Џабе ѓи малтертира Мишела и Ангел за совети во што боја да украсувам Не бре некам веќе да се замарам,кога те засече од почеток изгубеш желба. Па и ме заебава пак ќе сум дремала на интернет да купувам елки.... е неќам веќе,доста ми е
Почна да се разбива монотонијата низ градот, поставени се новогодишните украси насекаде, ладно надвор ама топло во душава. Цел ми беше да си го пронајдам својот внатрешен мир и спокој, на прав пат сум со сигурност. Ме смирува кога ги имам работите под конец, таа сатисфакција, тоа совршено чувство. Единствено нешто што ми фали е љубовта, јас добивам внимание, љубов не. Но, пробувам да го прифатам тоа, не дека љубовта не е за сите, за сите е, само некој не знае да си ја зачува. Сакам добра книга, сакам топло кафе и еден куп пријатели. Сакам да можам да се искажам на некој и тој само да ме прегрне, без да ми дели совети и да ми наредува што да правам. Ја очекувам новата година како мало дете, демек нешто ќе ми смени. Битно, секоја нова година си ветувам некои работи што дефинитивно ќе ги променам, инаку ретко кога и го правам тоа. Брзам, си читам хороскопот, не дека верувам ама ми годи и ми влева надеж кога ќе прочитам нешто убаво во него. Предходните месец-два ми беа со благ збор УЖАС, толку бев изгубена и пропадната психички што не знам како излегов од таа провалија сосем свежа и весела. Ќе легнам и мирно ќе спијам (после долго време), совеста ми е чиста, перницата мека, креветот топол. Ми фали уште многу да бидам во целост среќна, ама задоволна сум, тоа е океј, тоа треба да го прифатиме. Убав декември. Please be kind.
Имат и таква сорта на луѓе, кои, кога ќе им кажуваш нешто, тие не те сослушуваат туку одма кажуваат како и на нив истото им се случило и тоа дуплоо Пример да им речеш дека рака те болит, тие одма кажуваат како на нив двете раце ги болат. Ако им речеш заб те болит, нив цела вилица. Ако им кажеш дека баба ти умрела тие ќе ти речат ќути мене и баба и дедо... Да, постојат вакви луѓе, за жал, не за друго
Факт е дека убавиот збор, добрата мисла, позитивноста, насмевката на лицето, вистинската љубов, вистинското пријателство и ред други животни бредности сеуште постојат околу нас, но прашањето е дали ситр ние имаме доволно желба, живци и време да вложуваме во истото?! Ова е прашањето што треба секој од нас да се запраша пред да се разочара од фунционалноста на светот и народот. Абе пробајте барем еднаш да ги сватите луѓето дека може си имаат некоја мака и проблем, запрашајте се дали можеби неладр вие сте згрешиле некогаш со нив.. во нешто.. било што пред да се дразните да паметнувате и да зборувате како само вие сте најпаметни и најдобри. И да, вистинските вредности постојат и тоа како само тешко е да ги создадеш и одржуваш а најлесно е да ги игнорираш и да ги отфрлиш.
Страшна работа е женска интуиција... Мене природата ми го дарила тој ''талент'', талент исклучително изразен, а јас никако да научам да си го слушам my inner voice... Ретко кога ме излажал, а во последниот период се повеќе и повеќе го замолчувам и затоа потоа грешам и се каам... Еве затоа, ветувам во овој миг - нема повеќе! Има да си ја слушам и следам интуицијата макар последно ми било, макар и сите логични објаснувања и факти да ми укажуваат на обратното и макар 1000 луѓе да пробуваат ме разубедуваат...