Добро утро. Денес се изнаспав ептен убаво Се будам,одам во дневна и веќе некако ме фаќа празнична еуфорија. Го сакам овој период на ладно време,печена тиква и шарени сијалички. Всушност сакам се` што потсеќа на удобност,топлина и среќа. Иако во годинава што речиси измина,ми се случија еден куп неубави работи,барем се соочив со стравовите и научив дека човек може многу да издржи и да преброди. Сега едно јако кафе и да се фатам за книгата Имајте убав ден.
Многу сум глуп...се договарам стратешки важни работи со човек чиј надимак е "ебиветре" ..... и после се чудам кога нешто не ми излегува како треба...
Добро е брату кога сме смокритични и си ги признаваме епитетите, немај гајле ќе се оправатработите хаха поздрав
Деновиве сум некако многу тажна. Цело време ми доаѓа сликата во глава кога татко ми со солзи во очите ни кажуваше како не го виде за последен пат неговиот пријател затоа што не го пуштиле да помине на граница. Пробувал да објасни, ги молел, плачел, ама мислеле дека лаже. На другите што чекале таму жал им паднало, ама ете не се збогува. Ех единсвениот човек беше што како мала кога бев, направи скара и јас јадев и репете барав. Се чудеа луѓето. Ништо не јадев иначе. После тоолку години доби дечиња - близначиња, ама ете..
Деновиве се повеќе сфаќам дека некои луѓе не се дел од нашиот живот за наше добро. Ама се чуствувам добро, по толку долго време, конечно главата ми е мирна.
Мислам дека денес некој од Вас ме препозна. Шетајќи низ центарот на Скопје, покрај мене помина една жена која така мило ми се насмевна, си помислив дека ме препозна од некаде. И да не е така, ми го разубави денот.
Сакам да кажам дека овој ден е посебен. На денешен ден е роден најпрекрасниот човек кој го познавам. Благодарна сум му на Бог што постои во мојот живот, а тоа е мојот најсакан татко. Секогаш кога ќе го видам, лицето ми сјае од што сум среќна што го гледам. Среќа ми е! Незаменлив е! Толку сум среќна што имам таков татко, се надевам дека уште многу родендени ќе славеме заедно како и денес! Среќен роденден татичко, биди здрав и жив. Мојата љубов кон тебе е бесконечна!
03 Декември. Денот кога станав денарски милионер. Може не се лично мои, ама последниот квартал од годината сметководствено покажал дека ете толку тежам за фирмата. Фала многу, пријатно. Да ви кажам искрено, може нема да ми легнат на лична сметка, ама да знаете дека можете да го направите тоа сами е исто како да ви легнале на ваша сметка. Сама од себе се изненадив.
Кога цел ден ти е исполнет со неорганцазија, лигавење и неодговорност од страна на некои други, на крајот од денот само ми преостанува да го цитирам Роџер: “Wine lover, right here. Also a heroin lover in case anyone wants to schedule a poppy tour. Huuuge heroin fan. Don’t use it, just like being around it, study it, appreciate it, use it sometimes.”
Толку многу сум исцрпена оваа недела, не можам да опишам. Психички сум истортурирана. Имам немир во душата, не можам да се опуштам. И се тоа поради некој од страна. Дур тој некој шета и гајле нема, јас овде ќе седам, ќе венеам, ќе слабеам, ќе се нервирам.. Не сум глупава, не сум наивна, ДОБРА СУМ! Ама тоа не значи дека можеш да ми се качиш на глава. Се си има своја граница.
Многу сакам кога на гости ќе ми дојдат блиски луѓе Роднини,пријатели кога нема да почуствувам како ќе ни помине времето,правејќи муабет за теми кои добро знаеме едни со други да се надоврзуваме Почнав од некаде, малку по малку но се надевам дека добро ќе се вклопувам во се за да стигнам до онаа што ми треба ,се надевам дека тргнав по прав и убав пат и дека трудот ќе се исплати еден ден... Запознавање на нови луѓе и ширење на нови пријателства никогаш не штети,колку повеќе луѓе околу себе толку подобро.Мое е само да ги препознаам оние вистинските И да ви кажам дека со душа го чекам утрешниот ден кој што ми е испланиран од утро до вечер а после напорен ден ќе следува конечно остварување на сонот и гостување на концертот на омилените 2Cellos Одам да си поиграм малку во кујна за да излезе некое убаво мезе за гостите кои ги очекувам вечерва
Ако на животот гледаме како на даден подарок, не само на Нова година,туку секој "обичен ден" ќе одмотуваме подароци. https://media.giphy.com/media/eJM3T5H2qWN5S/giphy.gif
Колку е убаво чувството кога луѓето што не ти се важни сами си одат од твојот живот Што да кажам освен дека љубомората е болест и многу луѓе треба да си пијат лекови баш за неа. Совршен месец за исполнување на секакви обврски и надеж за многу успеси. Имајте прекрасен ден и запомнете дека среќата сами си ја правиме