Сакам да кажам дека темава не би требало да е дневник за да се раскажуваат секојдневни случки и тоа СЕКОЈ ДЕН.
Сонце, музика и чоколадо. Овој ден ми е целосно за релаксација. Утре не сме на школо, ќе одиме само да цртаме нешто, што значи немаме ништо за учење. Во овие години мислам дека животната цел ми е само да учам, да имам добри оцени, да бидам добра во школо. Се' се врти околу школото. За ништо друго не треба да се грижиш, освен школото. А колку е убаво кога ќе си наредиш добри оценки, па сега може да уживаш само.. Relax, добар ден е. http://www.youtube.com/watch?v=Bpzxf_flm8M
Најдов едно маче, кутрото рането, не знам од што му беше раната, но битно ќе му помине раната. Иако мама не сака животни, морав да го донесам дома, жал ми беше за него, малечко, а повредено, гладно, жедно и беспомошно. Прифати мама ќе го чуваме недела-две, дур да му помине раната, а кога ќе му помине ќе го вратам од местото каде што сум го зела. Го однесовме на ветеринар со тато прееска, здраво е ништо не му е, само за раната таму ни кажаа како да ја лечиме и тоа. Ја крстив Слатка, а фактот дека е женско уште повеќе ме израдува. Го нахранив, му дадов и да пие и од картони му направив куќичка. Има прекрасни очиња и многу е мило и слатко. Уште сега го засакав, како ќе го пуштам. Брат ми кога ќе дојде за пола саат - саат од школо, нема да го пушти мачето, на мир, многу сака мачки. Ај може ќе си остане кај мене, ќе видиме. Бидете хумани и помагајте, а и немојте да ги повредувате животните!
Не дека ни јас себеси не сум се нашла во ситуација да се чувствувам тотално изгубено на моменти но на некои луѓе расипан им е компасот и мака си немаат да го поправат. Не ги разбирам луѓето кои безцелно талкаат по светот и носат туѓи невољи со нивната неодлучност. Љубовта е погодна тематика за пример по ова прашање. Мислам дека сум сретнала доволно луѓе со такви предиспозиции за да можам да тврдам дека постои жив примерок од луѓе кои се толку изгубени што незнаат со кој и кога сакаат да се. Едноставно сакаш или не сакаш. Трае или завршува. Или мене ми е се толку едноставно. Ако решам дека несакам да сум со некого, го оставам, ако сакам да сум со него се борам. Но јасно ги изразувам моите ставови по тоа прашање, не ја збунувам со нерационални аргументи другата половина. Не глумам ранета птица до крајот на животот. Ранета, за внимание. Особено жените имаат претензии да кукаат за внимание. Единствено патење од било кој тип е желбата да бидаt предмет на посакување. Незнам зошто тоа им помага да се чувствуваат доминантни и супериорни. Да бидат во нечии мисли и постојано да се дел од нечие секојдневие, наместо да продолжат со животот надвор од туѓиот или да останат и да се борат достојно давајќи до знаење дека го сакааат тоа. Наместо постојано и "ненамерно" секако да се наметнуваат и се тешат себеси со мислите дека нечии мисли се сретнале на половина пат со нивните. Како на пример, бифшиот мој. Јасно ми кажа неколку пати пред да раскинеме дека веќе не сака да е со мене. А година дека подоцна ме кани на кафе и ме манијачи на секој начин на кој може да се демне некој. Или бифшата на маж ми која го откачи и таа плачеше по тој повод. Тажна била, зошто незнам. И три години подоцна му честита роденден и му излегува во пресрет на улица "случајно". Зошто расчистувањето со некоја работа мора да значи пораз ? Каква победа е да бидеш центар на внимание во нечиј живот, живот на некој со кој си одлучил да ставиш крај ? Не разбирам, можеби сум јас така едноставна.
Им се може, ќе си пишуваат, никој не ги предупредува. И мене да не ми бришат оф топици и јас ќе си се навикнам да си пишувам што сакам и кај сакам. Ама ме бришат па следен пат ќе се размислам што и како да напишам. Нив никој ништо не им збори и ќе си пишуваат, нормално. Не се криви тие иако треба да се малку свесни.
Човечкиот битие е чуден феномен. Знае страсно да љуби,ама може и да мрази како ниедно животно. Некои се искрени во постапките,а други лицемерно ја прикажуваат вистината. Ретки се големите пријатели,а непријателите го следат секој чекор. Некои знаат кобно да повредуваат,а повредените сами се справуваат со сета своја моќ и немоќ. Површинската тага е минлива. Кога болката создава рана што длабоко пече во душата единствен лек се зборовите.
Еве и пролетта дојде.Конечно. Иако nавистина брзо.... Немам омилено годишно време,уживам во сите но еве сега мислам дека пролетта ми е посебна. Посебно е сонцето,топплото време после зимата.Посебна е природата. Посебно е расположението-забележав дека постојано се смеам периодов и сум многу среќна.Мислам дека многу влијае на тоа,почнувајќи од откаченото друштвото па се до сонцето. Релаксирана сум и позитивна. Единствено школото ми создава малку стрес,односно-постојаните грижи за оценките. Утре не учиме,им благодарам на тие што така одлучиле. Поздрав.
Луѓево денес се потешко ја прифаќаат вистината,незнам како можат во лаги да живеат,јас сум за сурова вистина,него лажна надеж. Живеењето во лажен свет не носи добро за никого.
Ни Фемина не е веќе тоа што беше..Таа стана како еден дневник на седумгодишно девојче.. "Денес бев кај баба и јадев пита.На училиште учевме за диви и домашни животни. ...." Без навреда,но постои тема во која си се пофалуваш и ред ред други.Доволно сме образовни па да напишеме 2-3 поучни реченици кои така некако се влеваат во нашата ситуација.
Ке напишеш неколку реченици некому кој побарал совет,и одма почнуваат да фрчат приватни пораки,во кои дотичната особа,"увреѓена" ги брани своите позиции,и ти докажува колку всушност секогаш е во право.Одлучете се-поважно ви е да сте среќни или да сте во право?
Можеби само да ја знаеше целата приказна тогаш, и целата поврзаност со тебе, се' ќе разбереше. Мака ми е што тогаш не можев, немав време да кажам. Не изустив ни збор. А не знам дали сега треба да ја кажам, или сепак не. Не знам, имаш право да ја слушнеш, ама се плашам дека не заслужуваш. А ако ја кажам, треба да го реинканирам целото време кое тогаш го поминував. Верувај, не сум спремна уште еднаш. И ја донесов мојата одлука, и овај пат цврсто ќе стојам зад неа. Можеби ќе боли, а можеби и не..најверојатно и вака е најправилно. Сеуште ми фалеш..фале ми нашето карање,нашето гушкање,криење по темниците,пиењето пиво у комбинација со чипс, непрестаното куцање на фб, фале ми твоето држење за рака..се твое ми фале. Проклето фале, знаеш. Ние не бевме пријатели. Не бевме ни љубовници. Не бевме ни заљубени.. уствари бевме однострано ,јас љубев. Не бевме ни компатибилни воопшто. Не бевме ни искрени, а ни неискрени. А шо бевме? А? Се погледнувавме тајно, додека другите не гледаа во нас. Е тоа ми понуди, и јас прифатив. Толку од мене драги. Немам што повеќе да кажам.Искрено, и веќе ми е смачено да слушам за тоа, за таа голема љубов која си ја имал. Смачено ми е, и да дремам цел ден на фб и да те чекам. Смачено ми е и од твоите лаги веќе. А најсмачено, од истиот муабет по 100ти пат. Сурово, ама вистинито. Можеби не беше најдоброто нешто што ми се случило, ама дефинитивно беше нештото што остави најголема трага врз мене. Тоа е тоа.Толку од мене.Јас се откажувам веќе. Ти посакувам секое добро во животот. За понатаму, не ме тангира ништо во врска со тебе.. *** А сега знаеш какво е чувството? Се обложувам дека не.. Па да те просветлам еве- предобро! Нема нешто поубаво од тоа да си невин. Колку и да бев обвинувана, не потклекнав. За малку и ќе поверував дека сум виновна за последиците. Нема нешто поубаво од тоа да поминам пред тебе со високо крената глава. Баш погоден момент беше нели. Сеуште си со истиот поглед. Ти не си виновен, ти си изигран, ти си добронамерен.. Одмарширав гордо кон иднината, а тебе те оставам таму каде што секогаш беше, и каде што секогаш ќе бидеш-во твојата ограничена беда. Знам дека ти недостигам. Нели, на луѓето им недостигаш кога ќе видат дека си среќен без нив. Тоа е во глобала. Имам амнезија околу тебе. Сега си како нив, странец во толпата.
Колку е убаво она утринско чувство кога наместо раздразнета од досадниот звук на алармот, се будиш со утринските сончеви зраци, полна со позитивна енергија. Токму едно од оние безброј мали убавини на сончевите пролетни денови ми е тоа што уживам во утрата, дури и си го заменувам алармот со тргање на завесите. Среќна сум и исполнета, имам вишок енергија и цело време ми текнуваат некои позитивни, весели песнички. Единствено уште да имав малце талент за пеење, да им биде задоволство и за уши на тие што ми се во околина. Tуку, неверојатно е како радоста што си ја предизвикал кај некого со некој најмал убав гест, секогаш ти се враќа како ехо во вид на позитивна енергија, колку ти го разубавува денот. Денеска на одење накај школо сретнав една комшика, во брзањето ѝ паднаа папките што ги носеше, ѝ се разлистаа документите во нив. Се понудив веднаш да ѝ помогнам и ги наредивме заедно листовите како што треба. Неколку пати ми се заблагодари, си посакавме убав и успешен ден, јас на школо, таа на работа. Секогаш кога ќе направам такво нешто, иако е ситница и навидум безначајно, се чувствувам позитивно и исполнето како по некој успех... И така... не се штедете никогаш кога е во прашање љубезноста и добрите гестови, ширете позитивна енергија и блескајте како пролетното сонце. Ве поздравувам.
Е, прекрасна вечер си имавме! Јас, сестра ми и најдобрата другарка излеговме да го шетаме кучето. (на истата другарка спомната) Го прошетавме и земав јас пари, ајде женските ќе одат во ресторан, палачинки да јадат. Сите 3, гнетеме и муабетиме. Мулитаскинг. И, се најадовме лапачинки од Диш, но тоа не ни беше се! Земавме од Тинексот изнакупивме уште грицки за гнетење. И тоа беше откачената вечер на 3те мускетарки. (што гнетат)
Сами сме со маж ми децава излезени ,куќава чудно празна.... Како минува времево.. Му велам на појакава половина ,бидејки не излегуваме да дрменеме по едно пиво.Нешто душава ми гори. Напоменувам дека не го сакам алкохолот . Без срам ги отварам флашите со упаљач а при тоа не скршив ниту еден нокт. Маж ми ме гледа шокирано.Каде ли сум научила така да ги отварам.Па сигурно не во библиотека миличок. А да ми ги видевте голтките како ѕидар или молер го нафрлив.Што има врска.
СДК... колку повеќе шанси им давам на луѓето околу мене, толку поголемо разочарување добивам за возврат. И со секоја наредна шанса, разочарувањето станува се‘ поголемо.
Денешниот ден од добро кон подобро се движи или да? Конечно можам да ги слушам ѕидовите без проблем. Моиве на вечера, сестра ми до предмалку се бањаше... Сѐ во мир, сѐ во тишина. И јас сум се закопала во некој сон цели пет часа. Охоо, добар знак. Ќе гледам ноќва некое филмче. Можеби "Teen Wolf" најновата епизода. Па да го задавам другар ми со смртта на Алисон. Хухуу, па и утре ќе оди сестра ми по протези, абе топ. Јас сѐ дома сум, но не ми смета тоа. Баш и онака релаксирачко ми е. Или спијам, или препарејшн некое јаденце, или пак одам со штиклите на сестра ми. Немам друга посебна работа. Вечерва пак ќе одвојам време за филмче, чет и фина храна. П.С. во последно време се чувствувам убаво (физичка и психичка смисла). Се будам преска, застанувам пред огледало и си викам :" Јао Лајт, си се разубавила ти ма. Ауу, секој ден да стануваш полна со енергија. Само уштее акниве да ги спржам и ко расипани јајца да ги фрлам. Али нејќат да си одат. Епа јас ојдов. Поздрав
Бали... какви убавини крие тоа место, не можам да му се изнагледам. Ме заинтригира со филмот Eat Pray Love. Се соживував со секој пејзаж. Ако живеам таму, мислам дека никогаш не би се пожалила од животот. Да, да, да. Дефинитивно е на врвот на мојата листа за патување. Уште од првата плата ќе си одвојам пари за тоа искуство Спојлер http://www.pinterest.com/search/pins/?q=bali