За мојата визуелна перцепција врв на пропуст во надворешниот изглед кај една жена е деформирана висока потпетица. Колку да изгледа одмерено во целина, погледот ми го задржува тој воочлив недостаток. Не можам да ја разберам таквата занемарливост да се допушти премногу воочлива грешка во драгоцено потрошено време за убав изглед, знаејќи дека и времето и убавината имаат цена. И обувките бараат соодветен третман во начинот на одржување како што тоа го правиме со облеката и козметиката. Секоја негрижа е повпечатлива од целокупниот вложен труд. Оние со висока потпетица изгледаат софистицирано за секоја припадничка на женскиот пол што умее да ги носи сигурно, самоуверено, без чувство како да гледате порцелански предмет во некој излог. Стилот е нешто што се слева во едно со личноста и не поднесува грешки во создавањето. Чевли, чизми, сандали... Не е важно што ќе изберете. Само кога ќе одлучите од повисоко да ги забележите другите минувачи, а звукот ќе оддава впечаток на грациозност, треба да знаете дека се што ви преостанува е елегантна и одмерена слика со секој изминат чекор.
СДК ... Тесла, Ајнштајн, Едисон, Хокинг ... Да Винчи, Микеланџело, Шекспир, Бетовен ... генијалци кои на крајот не се збогатија материјално. Затоа што генијалниот ум подарува на универзумот, а не бара ... Плиткиот ум пак, на секаков плиток начин гледа да добие без да даде. Затоа што во суштина нема што квалитетно, вредно и неограничено да подари. Светов се повеќе функционира наопаку.
Некои луѓе треба да се вратат во прво одделение дефинитвно. Да почнат да го учат најосновното бројките. Стварно е жално да не знаат бројка една од 4 цифри да ја прочитаат. Парфем од 3070 ден сакаат да купат и даваат 500 ден и уште и кусур чекаат.
За скромни и со самоконтрола ги сметам оние што ставаат по 3-4 линии кечап врз тестенините. Кај мене, ако не е секое едно парче црвено и потопено, не го ни сметам за храна. После се превртувам ко фока и ме тепаат киселини.
Си купив нов планер, ептен ме инспирира да се придржувам до дневните планчиња. И таква цела среќна го отварам, ме пречекува кинески англиски. Spoiler: I want tell you do not know say Wait... what?
Не ме викај на кафе ако планираш 2 часа да буљаш во телефон и да не сврзеш ниту една реченица. До кај стигнавме еј... ми се плаче.
На отварање на ресторан, под елегантен дрес код, не се подразбира штиклите да ти се лаковани, на инаку кежуал комбинацијата од фармерки, џемпер и јакна Исто како ја на тренерка, брош да ставам и ајдее Ако нешто највеќе ме нервира се лошите модни комбинации и несоодветното облекување за соодветната пригода.
Така е со интровертите. Не ме сфаќајте погрешно, благодарна сум за луѓето кои ги имам во животов и никогаш нема да го земам нивното присуство здраво за готово. Но, ужасно многу ме исцрпува седењето на кафиња по цел ден, или потребата со некој да бидам во постојана комуникација. Сеуште не сум сретнала личност што целосно ме разбира за ова, а многу луѓе се навредуваат кога им кажувам дека имам потреба да бидам сама неколку саати, само со своите мисли. Има и такви кои се навредуваат доколку не споделам одреден проблем со нив или пак нешто што ме мачи. Не дека се затворам постојано во себе, но има нешта на кои сакам логично да пристапам, не можат некои работи само со муабети да се средат. Осудуваат без нималку желба да разберат. Што знам, не сакам етикети но целосно се пронаоѓам во карактеристиките на интровертите. Нема ништо лошо во изостанување на журка за топла постела и добра книга. Јас црпам енергија од квалитетно искористено време со самата себе.
Да се надоврзам со @Summerlover , а што е пак со елитните ресторани и локали уана би, со прескапа храна и океј амбиент, а селска музика? Во мое време тие што ја слушаа Цеца се криеја во биртии. Сега се креваат мишки и се сечат вени во места кои сакаат да ги направат класа. Не дека сум сноб, кој што сака нека си слуша, јас сум си за во бар, ама дека не иде - не иде. Типично Балкан.
Кога зборувам со некоj не толку близок пазам што ке кажам, ниту пак изнесувам многу детали од животов. Секогаш зборовите ми биле извртени на милион приказни. Научив и дека на некоj колку и да му обjаснуваш, нема да разбере дури самиот не види или осети. Наjмногу од се е што мразам лицемерие. Не мора некоj да биде фин со мене за да добие нешто, а после да ме збори. Друго, Вие што на сите им се лигавите и улизувате, даj научете ме како го правите тоа. Сериозна сум. Ниту знам ниту умеам.
Има моментално емисија во живо со Александар Чомовски за легализирање. Фала Фала ти за иссцрпниот одговор.
Брат ми е единствениот човек што може да ме извади од колосек, да ми ги спои жичките и во иста минута да ме насмее и да ме направи најсреќна. Дефинитивнo, единствениот маж во мојот живот кој вреди. Бај д вај, да се пофалам... Денеска добив 4 по македонски на писмена работа. Значи буквално трескав глупости, од една ствар на сосема друга. Не го дадов мојот максимум. И уште се чудам на професоркава од кај ми ја извади четворката... Како и да е, за добро нека е. Уште една работа. Не ми се јасни луѓево што нон стоп се нерасположени. Сфаќам, и јас имам лоши денови. Ама па, секој ден да сте смуртени? Што толку ви е лош животов?