Последниве 5-6 дена ми беа катастрофални. Караници,нервози,стресови, неразбрани луѓе,инаети ,абе се на се хаос. Станав денес преуморна психички, а не физички. И си викам доста беше. Кој како сака нека прави, кој како сака нека разбира. Секогаш другите сум ги ставала пред мене и никогаш не чинам.Епа нема, дојде време да бидам себична. Се спремив некако и искочив од дома. Ги завршив обврските и се посветив малку на уживање. Абе мува не ме лазеше цел ден за ништо. Дечко ми под рака, времето прекрасно,искористивме и да каснеме нешто, се на се одморив . Од утре јово на ново. Знам, џабе зборам кога пак јас ќе попуштам. Секогаш е така , не можам да бидам лута на луѓе кои ми значат иако заслужиле.
Обожавам кога ми се спие,а имам елан да учам и плус имам добра музика во позадина. Обожавам кога ми се пие кафе во ноќниве часови,а очите ми се уморни. Обожавам кога слушам добра музика,а читам и мозокот ми бега на ливада. Обожавам кога знам дека знам сё,а не сум почнала со ништо во животот. Ми треба сон. А,не го сакам. Знам што следи во него,разлутани мисли и размислувања за баналности. Чудна сум си....
Не секогаш се извинува оној кој е виновен, чиј став e погрешен и којшто не е во право. А токму кажаното извини во такви ситуации е бесценето... затоа што фактот колку ти е поважно да го сочуваш односот со некого од издигнувањето на твојот став и твојата вистина над неговата, е највредниот доказ за тоа колку таа личност ти значи.
Празнична атмосфера осеќам само на Кока Кола рекламиве. Дури и тие веќе изгубија.. Сфатив дека само самите можеме да си напраиме да ја почувствуваме магичната енергија, но додека студенилото и монотонијата и занемарливоста не опколуваат, ќе ја поттисне таа магија длабоко во времето кога бевме деца и кога се беше поразлично. Не го сакам времево, не ги сакам луѓево ладни,забрзани, секој заробен во својот сив свет на проблеми и маки. Сакам да сум дете, сакам да накитам елка, сакам да ме лажат дека дедо мраз ми оставил пакетче. Сите оное ради кои едвај чекав да падне снег да излеземе да си играме и мокри гаќи да се вратиме - ги нема до мене. Да ни викаат,да сме болни ама среќни што утредента пак би се фрлиле во снегот... Ми фали детето во мене. Ми фали другарката што се ми значеше. Онаа што се претвори во вистински поклон со машна за мојот роденден затоа што и реков дека таа е доволен поклон за мене.. Не мириса на празници, детски џагор, снег.. Мириса на студенило, бесчувствителност, омраза,завист и злоба. Мириса на роботи и крв. Мириса на војна..
Во последно време многу ми се вкусни киселите крставички и баба ми цело време ме гледа под око,си мисли дека сум трудна.
Немам предпразнично расположение, ама имам некој мир во душата. Многу ми е полесно сега откако некои работи сакала или не ги прифатив такви какви што се. Не се помирив, ама бунтовноста ја оставив за малку подоцна кога навистина ќе имам простор каде оправдано дозирано да ја покажам. Ова овде дефинитивно не е плодна почва за такви делувања. Сега сонувам само за нешто кое што е навестување на среќа во Новата и кое веќе и другите го приметија во моите блеснати очи па ме запиткуваат, а јас се смешкам под мустаќ како тинејџерка. Не ми било вака одамна, убаво ми е!
Луѓе, не знам што ми се случува, како некоја епидемија да ме фати. Чувствувам дека станав алергична на лажни ветувања, млитави прегратки, кратки под око погледи... Сакам да се посветам на нешто посериозно, да си оттргнам мислите. Пробав со различни хобија, од гледање документарци, цртање, пишување, истражување, вежбање... Ништо, повторно истите мисли во глава, повторно она проклетото „што ако?“. Не сум решителна личност, не можам да ставам крај. Не можам да си прифатам дека така треба да завши, не ми е доволно, чувствував како да не е и започнало а веќе збогум треба да се каже. Не е фер. Зошто убавите нешта не траат? Зошто не можам да ги задржам во раце? Пак ќе помислам дека проблемот е во мене, ама не, овој пат ќе го препишам на судбината, таа така сакала, демек така требало. Ни гордост, ни рамнодушност, ни љубов, ништо немам. Тоа ли е одликата на силните жени, онаа проклета празнина што ја чувствуваш? Па секако. Битно низ егото не се минува, уништи и запали се', егото ќе не грее еден ден. Подобро вака децении ќе минувам отколку да прегазам егото, па посилно е од мене. А пред некој ден помислив дека сите конци ги држам во рака, изгледа само фалело малку некој да ме заниша за се да ми испаде од раце. Тоа е тоа.
"Далечината и го прави на љубовта она што ветерот и го прави на искрата, ако е мала ќе згасне а ако е голема ќе ја разгори." Им се восхитувам на писателите за умешноста и сваќањата на животот и општо љубовта, толку болно но толку вистинито. Луѓе сме сите, создадени од крв и месо, чуствуваме, реагираме на болка и тага, на радост и среќа.. доживуваме и искусуваме се што ни сервира животецов. Понекогаш паѓаме и толку ниско, се рушиме и трескаме силно на земја, чудно е богами зошто ништо не е идеално, зошто ништо не е во ред и како што треба, зошто скоро никогаш не сме среќни и исполнети, туку постојат само оние бесценети мигови и моменти на насмевка од срце и топлина во душа. Помислувам и дека животот е скроен по таков шаблон да сите чекориме цврсто и се бориме за бесценетите моменти, животот постои за храбрите и силните луѓе кои неуморно работат и се борат за да создадат нешто коешто вреди и го менува светот. Добра ноќ и убави сништа за понатамошни успеси.
@Dennings Најнормално е дека одговорот е не. Но, зошто физичка карактеристика е споредена со психички карактеристики? Дали тоа значи дека темата за дебелина (зборувам за онаа како резултат на прекумерено јадење) секогаш треба да се потенцира со осетливост и преку емоционална точка, да се оправда?
Сликава ја ставив затоа што се почесто слушам коментари и осудувања како некој килограм повеќе е страшно. Како за да си убава мора да си 50 кила преку сила. Спрема дебелите луѓе се гледа со некој вид на осудувања и прекор како тоа да е најстрашното нешто на светот.Човекот се цени според тие психички карактеристики, баш за тоа е и споредено. Побитно е каков си во душата отколку дали имаш спојлери или не. Што знам, барем за мене е. Не викам дека преголема килажа е нешто добро. Си има тоа негативни страни, ама позначајни се од здравствен аспект. Не е само за дебелината, ова важи и за ептен слабите кои се соочуваат со невкусни коментари. Ги делиме луѓето на слаби и дебели, а тоа е скроз погрешно.
@Dennings Од некој килограм повеќе до дебел човек има разлика, сепак како и да е, не ги осудувам од ниедна друга причина, освен онаа што не пазат на своето здравје. Најнормално дека не е тоа најстрашното нешто на светот, но не ми се допаѓа фактот што секогаш се зборува на темата со осетливост, преголема емоционалност и слично, кога дебелината за која зборувам е акт на одговорност. Испаѓа, јадат и се дебелеат, а после треба да ги сожалуваме. Од друга страна, најнормално е дека важно е каков си внатрешно, затоа малку не ми се на иста линија карактеристиките, бидејќи злобата, љубомората, суетата, плиткоста е природата на индивидуата, секако не за оправдување, додека дебелината е одговорноста на индивидуата за своето здравје
Кој рече дека треба да ги сожалуваме? Овде не станува збор за сожалување, туку едноставно да престанат тие осудувања. Да тоа често е по сопствена вина, ама па на крај краева и што ако е така? Ете јадат, и се дебелеат и тоа е нивно. Никој не бара сожалување и никој нема право некого да осуди.
Неколку шољи бел чај, неколку страници за satsang... За оној камелеонскиот принцип на егото, кој константно ги менува својот облик и величина во контемплација со вистинското, тивко "Јас" кое нема форма, родендени и добри или лоши денови, ни почеток а ни крај нема.. Не осврнувајќи се на тоа што доаѓа или си оди... focus on I' am ness. Миризливо стапче од ванила,ај помина денот.
Каква астрономија бе брат? Какви мисии во вселената, кога одвај Њутнов закон разбираш од физика? Тоа е кога имав чичко у гимназија шо предаваше физика и на пола клас им ставаше петки и ко дете си викав, па на овие им става петки, а мене роднината негова шо ќе ми стаи? Кога еден саат слушаш и после се чудиш што зборуваат овие, од кај им текнаа овие прашања. Па ќе кажат некоја шега, која ваљда од 20-30 луѓе само ја не ја разбрав хахахахха. Па уште у кафич беше предавањето, 3 пива и многу несмешни работи изгледаат смешно. Како Џои на видеово од 3:15 до 4:00 се осеќав Завршија предавањата, едно време мислев годишна членарина да платам 500-600 денари, али не иде. И баш додека си го размислувам ова ми стигна пратката со The Future of the Mind од Michio Kaku Aли иако е од физичар пишувана, има делови од мојата област колку толку ваљда ќе ме заинтересира. Цимерот ми го разубави денот. Другиот цимер рече дека ќе чекал роденден викендот и влегувам од врата и мртов озбилен ми вика, овој нашиов цимер ќе организирал геј парада во станов. две минути се смеев
Не дека јас скроз го разбирам правописот, но мислам дека е разбирливо она што го пишувам овде. Ама коа ке видам пост од 10+ редови, ај латиницата ке је надминам, не ми пречи, во денешно време со оваа технологија сите почесто ја користиме, да не се стави ни една точка, ни една запирка, никаков интерпукциски знак... е сето тоа ми боди очи. Дај бе покажете малце писменост, подобро ке се разбереме.