Не е битна големината на стапчето туку магијата што тоа ја прави (и не бидете безобразни и двосмислени во толкувањето на Марфиевиов Закон ) Ако не се слагате, повелете на полемика
Ми недостига една личност очајно. Тука е, само не е таа што беше, или таа што мислев дека е. Мразам кога вака утрински ме нападне носталгија
Ако некогаш кулинарството беше ценета вештина за готвење храна, денес се повеќе го губи приматот на секојдневна домашна обврска. Готвењето повеќе не е “ин”. Топлиот и тазе домашен оброк се замени со изборот на гумени готови кифлички за кои сме свесни дека не можат да се споредат со вкусот на подготвените специјалитети од сопствените раце. Недозволиво е штотуку направената фризура да замириса на некој кујнски зачин. На жените некогаш не им било ништо поприоритетно од подготовката на семејната трпеза, за разлика од денешното динамично секојдневие кога се смета за луксуз да се оддели време за семеен собир. Па, и оние малку минути што ќе успееме да ги издејствуваме си ги посветуваме на себе, на личниот изглед. Тој е на цена во спредба со полниот стомак. Поголемиот дел од нас, денот го поминуваат со храна “од нога” или готова храна подготвена од нечии туѓи прсти. Меѓу останатите доблести што некој ги поседува, кулинарството можеби е најпотценетиот квалитет на модерното време. Се друго е побитно и попривлечно, ама грижата и посветеноста на кујнските работи се доживува смешно и потценувачки. Зарем некој така би го трошел скапоценото време кое се помалку го има, а толку ни недостасува. Предност е да се поседува вештина во кујнските предизвици, а рутината и трпението ја надополнуваат работната атмосфера за епилогот да се заокружи со топла и вкусна храна која би ја проголтале со очи додека мирисот се шири наоколу. Себе си се вбројувам во онаа малцинската група жени кои со задоволство влегуваат во кујната. Не сакам ничија асистенција во тој дел и најдобро функционирам кога сама го организирам времето. Расположена сум да разменувам искуства со оние што се уште размислуваат што ќе принесат на трпезата за ручек. За сметка на тоа, не се вклопувам во разговорите за салоните за маникир затоа што не знам кои се и каде се наоѓаат. И лакот за нокти добро си ја врши функцијата за која е неменет се додека уживам во благодетите на природата. Понесена од мирисот и вкусот на домашната храна се водам од идеите низ страниците на македонските кулинарски рецепти. За добар апетит во одбрано друштво...
Не знам како да го сфатам ова, можеби премногу обрнувам внимание на детали, ама не ми е јасно зошто некои луѓе кога доаѓаат со мене да пијат кафе воопшто не се трудат да изгледаат убаво, некако се ептен батал, што нашле облекле, не се ни нашминкале, ако воопшто измиле лице и заби е премија. Истите тие луѓе кога ќе отворам фб кога ќе одам на кафе со други одма ете ги нашминкани, дотерани средени едно влакно настрана не им бега, па дури ете и се сликале за на фб. Како да го сфатам ова? Јас сум доволно средена и претставителна или едноставно се преопуштени кога се со мене па не им е битно што ќе облечат, или воопшто не им значам и колку ај да ме испочитуваат дошле на кефе со мене. Ама најчесто тие се иницијаторите за кафе да се пие па пак идат батал. Јас секогаш гледам да сум средена, минимално нашминкана, исчешлана, искапена, намирисана, да ми е чиста и испеглана облеката. Не знам како да го сфатам ова...
@babyblond a зошто се трудиш да го сфатиш? Нема некоја филозофија - се облакаат како што се чувствуваат, а на фејсбук ги ставаат сликите каде што изгледаат подобро. Зарем е важно како одат на кафе со тебе, а како со други? Ти кога се облакаш и се намирисуваш не го правиш тоа за нив, туку за себе.
Па не знам некогаш облеката може многу да покажува колку го почитуваш другиот. Друго е така батал да ти дојдат дома на кафе, друго е во јавност да се појавиш. Знаеш во некои места се уште премногу важи тоа ским си такав си. Најлошо е што кога се батал облечени те влечкаат на некои места кај што жива душа нема, како да сакаат да се скријат или се со изговорот не сум ублечен/а за таму, и одвај се воздржувам да им речам, а зошто не си облечен/а ко за таму, кога со други кога одиш на кафе не ти е проблем да се облечиш и да се средиш ко за таму. Не сум јас психотерапевт, некога и јас сакам да одам на места каде што има други луѓе да се напијам кафе, да се поздравам да направам муабети со други и сл. Среќа имам и такви пријатели што секогаш знат да се стокмат како што треба, под што подразбирам да се задоволи минимум на пристојноста, миени лице, заби и чиста и пеглана облека и дезодоранс под пазуви, другото е веќе опционално. Значи овие работи и во 7 и 15 кога си одел на училиште си ги правел, не на 20 и нешто години кога одиш и на работа или и на факс, да не ги правиш, тоа е надвор од рамките на сите норми за пристојност и бонтон.
@babyblond Не им придавај значење. Општо познато е дека поставувањето слики на Фејсбук како најнашминкани и најдотерани е виртуелно рекламирање. И се согласувам со @LivingGlam, се дотеруваш за самиот себе
Види, ако ти оди муабетот со нив и ако баш сакаш да го пиеш тоа кафе со нив, нема да ти е важно како се облечени и кој и каде ќе ве види излезени. Секогаш има време да одиш и на тие места каде што ќе бидеш видена и ќе се поздравиш, ќе муабетиш со други. Зависи од дружбата, јас би рекла дека ако те чувствуваат доволно блиска нема потреба да глумат пред тебе со фенси облека и фасада од шминка ако не им е удобно така. Е сега за запотени, неспрани, неиспеглани и неизмиени заби е друг муабет, ама ваљда не е до толку работата. Па и до толку да е, ако сакаш да го пиеш тоа кафе и ако ти годи нивното друштво, ќе ги прифатиш без коментар. Ако веќе не сакаш и твоите услови се пристоен изглед за местата што си ги замислила, пак има решение - си бираш друго друштво за кафе. Извини што ти се закачив, твоја работа си е. А јас сум во ПМС.
Не уживај не ми се закачи, и јас сум во ПМС и некогаш ми е преку глава од некои луѓе така да се однесуваат со мене. Или не сум доволно вредна за да ме испочитуваат со пристоен изглед или премногу сум им небитна. Се знае како човек треба да е облечен за во јавност, ако не се во можност да се упристојат, не е проблем ќе им поминам дома на кафе, па ако сакаат и по пижами нека седат цело време, нема да ми е никаков проблем. Јас во ПМС кога можам да стегнам заби и да се провнам во фармерки и да се средам, зошто тие не би можеле и би смрделе на пот на едно метро од мене.
Си правиш за некого слика, тебе како што ти одговара. Си имаш мислење, и изградени ставови за некоја личност така само од гледање....и кога наеднаш дознаваш нешто за него/неа и се ти се руши. Значи на сопствените очи не може да се верува, а не на други луѓе или виртуелни пријателства. Во комшии има еден дечко 27/8 год. Секогаш насмеан, мирен, фин, добар, убав, со сите ок се понаша, и уште од мала имав симпатии спрема него...пошто е предобар....ама тој всушност бил психопат. Да, баш психопат. Дојде и полиција пред неговата куќа, и не знам кај ќе го носат и што ќе му прават. Наводно го фатиле повеќе пати како навечер одел по куќи и ги посматрал така од прозор луѓето, посебно кај што има млади девојки...а може и под мојот прозор бил некогаш. Јас уште не можам да поверувам, убава работа имаше, на видно место работеше, секогаш дотеран, скоцкан, мајка му и татко му фини луѓе, па и тој беше таков ама ете.... Изгледот лаже, очите лажат, дојде време и на сопствените очи да не можеш да им веруваш. Тотално ми е изгубена вербата во човечиот род. Сите кога ќе го преминат прагот од дома, ставаат по 300 маски на лице за да се прават пред луѓето...ретко има човек што излегува од дома со своето лице и со своето јас. ....................................................................................................................................................... Ајде убав е денот, сонце пука, не вреди да се размислува негативно за ништо. Секој си има свој живот и што сака нека прави со него.
A jas samo sakav da vi kazam deka denot mi pocna bez struja I bez net. Wtf?! Ako, I taka si uzivav (lazam). Si muabetevme so majka I si pievme tursko cajce Koga veke ne uspeav da vi posakam dobro utro, eve vi posakuvam ubav den
Вчера споив многу чудно друштво на едно место. Другарка од 6 години, другарка од факултет и најтазе другарка од маало. Толку им идеше муабетот шо јас се осеќав ко вишок.
Знаеш јас вака од прва како го сфаќам? Параноја. Несигурност од твоја страна па потврда бараш дека вредиш како личност според тоа дали се средиле на средба со тебе? Во наредниот пост пишуваш -Среќа имам и такви пријатели што секогаш знаат да се стокмат како што треба. Значи не се сите, нема потреба од паника Колку години имаш, 16? Друг пат потенцирај на кое место сакаш да пиете кафе па да знаат луѓето како да се облечат.