Мене многу „рано“ и во многу „погодно“ време ми текна да прам семинарски. Во Петок, по можност навечер. Еве тумачам и барам материјал дур слушам видеа во позадина од JKNews како 'Suicidal People Are Locked In Coffins So They Can Experience ''Death'' ft David So' или 'Man Sets His Ex-Girlfriend's House On Fire Then Dances On Her Roof ft David So' и океј, поќе слушам него шо работам на семинарската. Спојлер: Сино или Розево? И сериозно ми е интересно да прам notes Сепак најголемиот проблем е шо баш вечерва се опседнав со розево и место темно сино, веројатно ќе ја изработам семинарската на розево и ќе ја пуштам кај профе пред да се предомислам Ќе се каам, ама дур не сменам се на розево, сеуште е океј.
Se chuvstvuvam prazno,neispolneto,ochajno. Nemokjna da gi promenam rabotite shto sakam. Nemokjna da si ostvaram nekoi celi i zhelbi,bar ne zasega. Tonam..
Ниедно оправдување што би можел да го смислиш со таа твоја бујна фантазија не е оправдување за да ја истепаш женска ти. Лигуш,кукавица, се само не маж.
Секој ден станувам и легнувам со една иста желба со еден исто копнеж, со една иста молитва, Го молам господ да ми подари бебче неможам и овој месец да се разочарам ,,
Уште не можам да се соземам. Не ми се верува, дека ги видов. Ги видов во живо...rock: Самава возбуда, ме прави да се осеќам пијано СДК дека, пред само 6 часа, ми се оствари една од т.н "поголеми" желби што си ја посакував долго време. А, на вас луѓенца, ви посакувам да ви се остварат сите желби, една по една Сега, со исполнета душа и со насмевка на лицево, заминав да спијам Ви посакувам добра ноќ
Денес ќе ви раскажам за еден период од моето детство, чии рани не дозволив на секој да ги забележи. Не ме поштедија детските години, напротив. Бев 6то одделение, возбудена заради еден нов почеток. Почеток во еден спорт кој сакав да го испробам. Навидум клубот беше нормален, имав страхопочит спрема тренерите и иако не бев навикната на tough love, ми годеше промената. И бев доста успешна, за кратко време се најдов помеѓу натпреварувачите во државен натпревар. Но ете, секогаш ќе се најде некоја будала што може да уништи нешто што си градел со толку труд и љубов. Не ми текнува кога точно почна мрачниов период, ми текнува само колку брзо се навикнаа моите да ме гледаат со солзи во очите. Секој ден легнував со помислата дали јас сум таа што греши некаде, дали можеби јас сум толку безвредна, па си ги заслужувам подбивањата на моја сметка. Кога помина етапата на психичко малтретирање и кога веќе почнаа и физички да го покажуваат незадоволството што им го претставуваше мојата појава, прашањата престанаа. Почнаа стравовите. Се плашев секој ден. Се плашев да отидам на тренинг, се плашев да не изустам нешто кое би можело да ги вознемири, се плашев да напредувам. Се срамев од стравот, се срамев да бидам таква ќерка. Па со што побогу заслужиле моите да имаат дете кое е толку исмевано? Постепено ме јадеа нивните зборови, а модриците болеа со помал интензитет. Нивното гласно, простичко смеење ми стана рингтон на животот. И не бираше ден, место и време. Се срамев и од солзите. Претежно гледав никој да не види во таква состојба. Небаре јас бев таа што се ситеше од изживување над некое човечко суштество. Не се жалев себе. Ги жалев тие околу мене кои ме гледаа како потонувам. Моите пробаа на безброј начини да ја престанат тортурава. Знаеја нивните родители, знаеше тренерот, знаеја набљудувачите. И никој не презема ништо. До ден денес не ми е јасно како спиеле тие наводно возрасни лица навечер. Морници ме лазат, почнувам да се тресам и добивам напади кога се присетувам на работите кои ги поминав заради тие дечишта. Не би сакала да ви ги опишам, само да знаете дека не преувеличувам кога кажувам дека тоа беше едно страшно сценарио, небаре режисирано од Аронофски. Дечишта со морничаво заебана жед за доминација. И зошто? За да си ги излечат комплексите вметнати од нивните таканаречени родители, кои беа презафатени со множење на банкнотите за да се заинтересираат чии живот нивното дете потенцијално уништува. Но ете, сега тврдам дека сум многу поголема личност од тоа што тие некогаш би можеле да бидат. Се сомневам дека нивниот лесномислен карактер ги придружува и во овие години. Искрено, од се срце се надевам дека јас сум и ќе бидам единствената нивна жртва. Не знам зашто ви го пишав ова, таков ми е периодов. Немам некоја агенда со постов. Едноставно, го гледам како closure. А доколку случајно некоја од вас, милички од тој победоносен период го чита ова, ете мило ми е што конечно мојот глас е слушнат, не ми дадовте шанса нели. За мене ќе остане само како грд спомен кој имаше улога во обликување на карактерот кој го имам денес. Навистина ми е жал што не сте задоволни од себе, а се сомневам дека некогаш и ќе бидете.
Он спие, ја размишљам. Пијано, шашаво, паметно, провокативно и стално мислат дека е за вмро, што е тоа? Дечко и на Лилит... Спакувани и во идејата дека Охрид ќе е питом денес, ако декември ни се покажува прилично див... Сакам да се врати сјајот во неговите очи онаму каде што се родил. Kолку галење треба за да една душа биде цела пак? Една цела наша, заедничка можеби? Поголема леснотија од носење на неговата тежина, не сум доживеала.
Многу е лошо кога ќе разбудиш сред ноќ и почнуваш да размислуваш за се... Сам со себе и тишина што вреска
Ги сакам утрата без обврски. Оние, кога не морам да бидам сведок на неговата трансформација од детето кое ме скокотка, а знае колку ме нервира тоа, во сериозен човек со милион обврски. Сакајќи да се искупи за сите утра кога се будам сама, три пати ме праша дали сакам кафе во кревет, а јас само сакам да застане времето тогаш кога сум во неговата прегратка. Во тој момент знам од каде толку сила да се носам со тежината на неговата професија. Среќна сум зошто знам и тој е среќен и исполнет.
Не ми е јасно зошто бившиот после три години и се упикува на мојата другарка кога знае дека ќе ми каже кој му е к***** на човеков
Оф леле да станам од компјутеров,дјути колинг,треба кашичка да правам за кере,ке почне да вика,ама па баш ми стана убаво..
Денеска ќе го шетам клавирот цел ден. Ќе се трудам да го направам среќен со тоа што го има, ќе го оставам да сонува за она што го нема, и со блажена насмевка да се сеќава на она што го имал. Најубаво чувство деновиве ми е кога ќе го слушам дека е разбуден, дека вари кафе, само ќе се поместам на неговата перница, ќе го вдишам неговиот мирис и сфаќам дека сум најсреќната жена на светот. Понекогаш не знам што добро сторив што Бог ми го прати него во мојот живот. Вечно ќе бидам благодарна за тоа што ми го донел пред очи, пред тастатура, што го направил толку убаво да мириса, толку убаво да гали и толку убаво да ми угодува. Што ми пратил пред мене маж кој знае да сака и што прави да сакам да живеам само заради него. Знам дека не треба да ми биде животот сведен на заљубена тинејџерка, дека не треба да се сака така лудо, ама доволно сум возрасна истовремено да го сакам ко дете, ко тинејџерка, но и да бидам самостојна, своја, нечија, храбра и да носам уште еден живот во мене. Не сум верувала дека е можно во еден момент човек да е толку среќен што му доаѓа страв од толку многу убаво. Мислев среќа е да имаш кариера, пари, моќ, знаење, почит, пиење, забави... а сето тоа останува некаде позади и толку незначително со мирисот на перницата на твојот сакан и клоцањето во истиот момент од вашето мало. Господе, животе, фала ви. Одам да шетам со клавирот, после толку напорна работна недела, заслужи да го одморам.