Верувам во онаа мисла која ми е последна пред да заспијам ,нешто што е многу убаво а не е ни малку љубов,а толку е убаво да заспијам со насмевка.Не е љубов само маж,жена, бакнеж,држање за раце ,секс. Љубов е и нова книга,чевли,нов пријател,убава песма која постојано ми се мотка низ глава,шугавото кученце кое кој знае од каде ми дојде во дворов и ми се чини полудува од радост кога ќе ме види,зашто му носам лепче или коска... Љубов е и она во што верувам. Како се менува човек низ годините!
Единствено прекрасно и бесценето чуство... љубовта. И покрај сите проблеми разочарувања, маки и депресии тој е оној што со еден мал и тотално безсмислен збор ќе ми го направи светот поубав.. Еден гест, едно тотално мало и непромислено нешто од него ми е се во животов! Важен е гестот не се важни ниту поклоните, ниту материјалното, ништо не е важно колку гестот, трудот и помислата на човекот кој ми значи, да ми подари и да ме изненади со нешта кои што ги посакував, нешта кои му ги раскажував и ми се вртеа во глава.. е токму тие нешта тој се потрудил да ги надокнади.. а во неговииот глас се чуствуваше голема и топла љубов и бесценето значење.. се гледаше зракот кој што тој ми го пружи и среќата негова на моејата изненадност и радост. Љубов е кога од малите нешта се прават големи работи.
Колку ниско може да паднат оние кои летаат највисоко ??? .....Овој наш чудесен живот ...... Карма ју литл бич !!!
Си седиме јас и цимериве ( мајка ми и татко ми ) И отварам bake rolls,зема мајка ми едно,татко ми и вели земи и за мене. Ме гледа,можи и за него ? Дај му и велам,машко е.
Денес беше еден од оние денови. До скоро немав ни желба да ги шарам постојте, а то обично ми причинува големо задоволство. Се изнервирав со нив, со цело друштво, со сите другарки. Се десија работи после кои самата неможам да си простам, ако на никој очигледно не му е гајле сем можеби - мене. Барем едно добро е што тоа дека ќе останам за Нова со дечко ми си останува, па камоли да останиме сами во визба со нарачана пица од Буре. Само шо се разделив со него и онака се присетив на денес, ми се плачи пак. Паметно ќе ми биди да продолжам да си гледам Family Guy и епизодите шо ги пропуштив да се релаксирам малце и да се свестам дека се помина. Вака или така - помина. Од друга страна ме боли тоа што луѓето не сакаат да бидат третирани лошо, кога и тие самите третираат лошо. Кога ќе им укажиш - ти си крив. Ме боли тоа што во еден ден се разочарав од премногу работи и луѓе, а пак уште повеќе ме болеше што бев директно обвинувана зошто неќев никој да излези повреден од ситуацијата. Се беше грешно од самиот почеток, ама кога е предоцна за нешто е предоцна. И маглата. Абе таа маглата, шо бара да ја има бе, неможам ни на метро од мене да видам кога сум надвор, а па да не зборам за влажноста - излегов сува, се вратив водена. И за крај, сокчево шо си напрајв е особено горчливо. :c Сигурно го грабнав лимонот шо не беше свеж.
Едно од најубавите чувства на светот е да знаеш дека и твоето присуство и твоето отсуство на некого му значи се.
Денеска сум среќна, најсреќна,пресреќна. Мали работи го прават животов вреден за живеење. Ми се пие црвено вино .
И така заврши уште една турбо вечер. Можеме комотно да си се наместиме и да си легнеме. На пример вака. Good night, women's.
Еве јас не очекувам од луѓето превише, а пак се разочарувам... Во принцип не ја сакам негативната енергија, но некогаш некои луѓе не ја заслужуват твојата позитивна енергија... Ма идете у курац сите вие неблагодарни и себични суштества! А вие што не сте такви ја имате мојата почит бескрајно!