Ова ќе е повеќе - Сакам да се пофалам Фотката што ја постирав во натпреварот тука, е избрана меѓу 100 - те најдобри на flickr. Не сум фалбаџиски тип, но голема сатисфакција ми е кога со полупрофи апарат и аматерско занимавање со фотографија ќе се изборам некако меѓу професионалци од цел свет. Инаку ова ми е веќе 6 -та фотографија од сиромашната колекција од околу 50 -тина мои фотографии која се наоѓа меѓу 100-те најдобри на fickr . Повелете торта
Иде Нова Година а?Барем сите така велат.Сите купуваат фустани,штикли,глитери за тело ,парфеми а јас ...пижами. Што подебели ,поарни!
Добро утро! Јас повторно настинав, моментално сум в кревет со болки во грлото, затнат нос и болки во очите Планирам настинката да ја избркам за два дена за да можам раат да бидам, а за нејзе нз шо план има. Еве го Гарфилд со неговите легендарни изјави
Во животов наидов на многу себични луѓе.Луѓе кои ме повредиле,луѓе кои ми ја црпеле енергија.Ама karma is a bitch им се врати на сите сето лошо.Најпрекрасно од се е што ги затнав ушите и продолжив понатаму. Многу сакам да почне онаа новогодишна атмосфера.Елка,украси,топло чајче покрај камин,капи,чизми,шалови,празници...Прекрасно е.Имајте убав ден.
Доброо утро и од мене. Скд дека деновиве многу ,многу брзо ми минуваат. Пола ден го поминувам во спиење и пола во шетање. Јас незнам дали има поголема спанка од мене. А за шетање да не правам муабет. Еден ден со бато низ банки,на кафе,др ден со тато по карго и низ работа,трет ден со мама на шопинг и на нешто благо,низ сите овие денови исто with bae на чајче,на пица,по гости. Дошла една другарка што студира бт па ајде со неа на кафе, разговории еден куп. Па дошла друга што студира ск па и со неа. Денес решив да одморам да се приберам дома и да направам солени мафини. И само што си реков ќе правам мафини. Се јавува колешка од факс и вика како си расположена да одиме до на кафе,па после дома ќе седиме цел ден сум сама? Е ајде одби,а прв пат ти се јавило девојчето да одите на кафе. Шта чеш...
Пред животот да ни ја одземе безгрижноста, среќно сонуваваме и можевме да бидеме што сакаме и кога сакаме. Херои, балерини, витези, негативци, секој лик што ќе ни ја обземеше мисла го прифаќавме забавно, не знаејќи дека не очекуваат пасивни и статични серијали со текот на времето. Живееме за утринското будење во новиот ден и за ново-старата игра која секогаш имаше поинаков жар, а не со стравот што ќе донесе следното утро. Се беше поисполнето, повозбудливо и не размислувавме со турбо брзина за идните планови. Во таква леснотија на случувањата, не го познававме стресот. Ама тој одлучи да не запознае. Се појави со модерното време и во грч ни го сервира секој чекор. Постојано ни поставува неизбежна стапица со загрижен поглед кон иднината, со рутинско итање кое станува пренапорно, а семјните обврски се претвораат во тешко бреме кое надвиснало на преморените раменици. Гледам и размислувам... ги набљудувам и анализирам другите, а и себе. Низ секојдневието ме придружуваат стари слики од детството и младоста, ме удира таа опуштеност и леснотија, ми го пара срцето и низ издишки ја согледувам секоја постапка што се случила или очекувам да се случи. Тогаш светот немаше акумулирано толку лицемерност и подлост. Моќта не ја гледавме низ призмата на материјалната состојба која денес е голем проблем. Единствена тешкотија претставуваа многубројните игри кои оставаа траги од прашина и кал на облеката и го заокружуваа секојдневното темпо низ дружење и смеење. Ама пораснавме... И ние и нашите потреби и грижи. Околностите ни подметнаа непозната динамика и нова лекција за учење со страници во недоглед. Животот е опасен организатор на игри кој не носи низ неговиот лавиринт талкајќи кон излезот. Се губиме во барањата… Ја губиме безгржноста, пријателството, насмевката, убавата смисла на секојдневието… Губиме многу работи трчајќи по успех, кариера, задоволства, а претходно сме биле среќни со сознанието дека сме живееле со поинакви фокуси и ставови. Сфаќаме дека е така и продолжуваме низ невремето...
Коцка или љубов, ако едното е добро другото не, никогаш заедно. Или..подобро кажано пари-работа и љубов не идат заедно. Животни промени колку кон подобро толку кон полошо, позитива и негатива од обете страни. Залудно е кога го имаш она првото погоре наведено кога мораш да чекаш да ти дојде најголемата подршка од сестра за да можете да трошите заедно, оти и пари сам не се троши, не е слатко. Немам слободни денови. Немам време многу за себе и она малку што се има пак е вмешано со работа, ако, сакав работа сакав самосталност и добив, ја имам онаа ѕвезда што ме прати што,што и да посакам ми се остварува, и тоа најчесто оние најголемите желби. Сега сакам одмор без стрес и мисли. Вчера на работа си добив поклонче од една црковна личност што само што му го кажав името се насмевна извади календарче и мало приврзоче од црквата и ми ги подаде ми се насмевна ми ме благослови, ми наидоа солзи во очите. Некако се поретко чувствувам топлина во мене што би ме исполнила, а ова беше неколку грама топлина што ме стопли целосно и ми даде сила да го издржам вчерашниот ден. Ми се случуваат многу непријатни ситуации и непосакувани, народот секогаш е бил гаден на душа и јазик така и ќе остане кон оние што се добри. Ќе пробувам да проценувам со кој можам да бидам своја т.е. добра и учтива, а на кого треба да покажам заби и да се заштитам. Сама сум сега во се. Имајте убав ден, минете ги деновите со блиските луѓе околу вас што ви ја топлат душичката, чувајте ги таквите мигови, еден ден можеби ќе ви недостасуваат.
Не трошете внимание на личности што не го приметуват тоа, најдете некој што ќе го заслужи. Колку порано го направите тоа толку подобро...
Нема ништо подобро од китење на елката, на домот и уживање. Нема ништо подобро од планирање на утрешните обврски. Нема ништо подобро од сето ова.
За разлика од многу кои го сакаат летото и одвај чекаат да дојди, јас не. Овој месец декември и јануари ми се најубавите и најомилените месеци. Ја чуствувам пред празничната еуфорија, секаде веќе е почнато да се украсува, елка на плоштадот, па реклами со дедо мраз. Одвај чекам јас елката да ја наредам, уште ми е кеф и убаво како кога бев мала, како и за пакетче новогодишно хаха без разлика на годините. Потоа нова година, божик, родендени и уште снег да има душата да ми се исполни
Најтешко во животот е кога треба да донесеш битна одлука помеѓу она што го сакаш во моментот и она што би било корисно и добро за тебе. Само се молам разумов да победи...
Понекогаш за мене имам мислење дека сум една голема будала. Ама сето тоа го правам се со цел оти некого највистина многу го сакам. Уште е дечко ми е болен. Го разбирам.Крева температура, не може да јади поради тоа што му се гади.Ама ќе се среди веројатно оти прима неколку капсули. И сега му викам да дојди кај мене да гледам филм, и вистина мислев на филм. И тој не неможам.Фатив зедов малце овошје и без најава појдов и го кладов филмот на usb и го гледавме. Хаха, на средина од филмот се придружи и татко му и мајка му. Не можи само да се затврори и да мисли дека готово крај света е. Мора малце по малце да се дружи
Мајка - личност што ја сакаш неизмерно многу, секако и таа тебе, суштество со исклучителен сенс да ти ги уништи сите планови заради нејзин личен план кој си го ветил пред три години. Не ти најавила, туку во нејзината глава тоа дрнка дека ќе се оствари било кога кога таа ќе посака и без разлика дали си ти во можност. Добро, барем елка си купивме и ја накитивме, па и генералка удривме.