Ооо колку е тоа убаво напишано. Ама само напишано. Јас си ги прифатив одлуките, и подобро ми е. Верба изгубив само во љубовта. Што фајде од верување и надевање во нешто што нема да се случи, а и да се случи пак ќе бидам повредена на крај. Не гледам потреба да се залажувам и да е тешам дека некогаш ќе го најдам тоа што го барам. Не сум песимист, само одлучив да го употребувам само мозокот отсега. И онака се што сум правела од срце и со емоции само ми донело болка. Како и да е, убав пост. Убава философија. Да беше љубовта за сите, ќе беше уште поубав светов.
СДК ... ма какво губење верба во љубов??? Ако самите не сте ЉУБОВ, нема ни да ја привлекувате. Отворете срцето, зрачете смиреност и позитива, разбудете ја харизмата, покажете ментални вибрации на повисоко ниво ... Бидете питоми и ете ви привлекување на потенцијална љубов.
Има луѓе кои не ги познаваме и затоа скапо не чинат, но има и такви кои ги познаваме и ги плаќаме може и тродупло повеќе од претходните.
Сакам да кажам декаа .. 1. ИСкачам на тераса да го истресам чаршавчето на кое јадев и од ова маглата трошките не паѓаат надоле, ми стоеа во воздух. 2. Како се викаат брановите што се добиваат преку интерференција на два прогресивни кохерентни бранови со спротивни насоки ? 3. Во Македонија платите не се мали туку месецот има многу денови. 4. Дали само јас кога јадам палента не ја гриза со забите ? 6. Јас повторно сум самоуверен и знам дека не забележа што се случи со точката со број 5. Ама зошто ? 7. За првата точка ако мислиш дека лажам, провери, ама прво ЈАДИ ! 8. Магло, ај магла ! 9. Само на Македонија како 4та најстабилна економија во Европа треба да позејми пари за да подмири долгови. 10. Се е просто, само треба да се подразмисли. 11. Дојдов до 11, осеќам дека не кажав нешто многу а многу набројав. Најверојатно набрзо ќе има потреба од нов пост. 12. Додека сме кај работите кои завршуваат, Цопетова кухиња ... 13. @Anabelle.Amorette @Someonespecial ги насначувам чисто онака како благодарност за нивната поддршка и лојалност.( има и други ама... знаете) 13та точка точка е посветена за нив. ПозЗ3³ ®
Големината на еден човек најдобро се забележува преку неговата способност да се соочи и справи со стресна ситуација.
Се враќам дома.Брзам да се соблечам зошто облеката ми мириса на неговиот парфем. Парфем кој мириса некако убаво ама јас не го поднесувам. Од оваа глупава вечер добив само модринка во коленото кога ненамерно се удрив во неговото сакано bmw. Притоа ми надојдоа солзи во очите и ми се тресеа рацете.Незнам дали од болка или од очај.Вечерва и никогаш повеќе. Не е тој лош тип само има однесување на сељак.Господи каде исчезнаа пристојните машки?
Buddha was asked, "What have you gained from meditation?" He replied, "Nothing! However," Buddha said, "let me tell you what I lost: Anger, Anxiety, Depression, Insecurity, Fear of Old age and Death." http://49.media.tumblr.com/6bd6451cc0adeaba9d1a09ce948a29f1/tumblr_nawb5w2Xwv1ssfq42o1_400.gif
Толку сништа, желби, трудови и мисли има кај секој човек в глава, мориња и дур океани од животни планови а колку само невозможни мисии и филозофии кружат околу нас..колку само разочарувања, маки, проблеми и не фер ситуации не заобиколуваат.. колку само е тешко да се дојде до нешто.. макар и најминијатурното.. ехх Кога помислам чисто онака колку шанси имаме пропуштено сите ние и колку грешки имаме направено, колку работи ни побегнале низ раце онака не замарувајки.. ехх И на крај си викаш, абе кога ми се пружа шанса, голема шанса за подобро утре зошто да не ја зграпчам и не заминам зошто да се плашам кога можам да ја пребродам и да се вдомам некаде далеку.. таму каде што се живее далеку подобро.. Ризик.. треба се ризик за се, дур и за кивање, животот е ризик, луѓето се ризик, воздухот, водата и храната.. се е ризик, пишманите не успеваат!
Не ја разбирам поентата на кафич со толку гласна музика за да не може да се прави муабет, а без место за играње. И што треба да правам таму, да се гледаме? Да зјаам во телефон? Не сфаќам.
Колку и да си добар со луѓето толку повеќе ќе те газат, ќе те праат будала на очи а ти веќе ја знаеш вистината..тоа е толку жално и мизерно, просто немам зборови за нив ( би посакала само да се пронајдат во постов )
Не ми е јасно како толку многу жени/девојки немаат гордост. Самопочит. Како е можно толку да дозволите маж да ве гази бе? Да ве вреѓа, лажи, на очи будала да ве прави и пак и пак шанси да му давате. Се знае како се дава шанса. Втора само на оној што ја заслужил. После втората нема повеќе ни што муабет да се прави, секој по свој пат. Жал ми е искрено. Во моментов една другарка моја е тотално варана, лажена од дечкото и ја гледам и.... Искрено во некои моменти и губам малце почит за неа. И јас сум во врска. И јас сум преминувала преку некои работи. Ама мислам тие работи и овие другарка ми што ги занемарува немаат допирни точки. И многу случаи има каде што гледам девојки кои НЕ СЕ СРЕЌНИ во врската, постојано плачат, се вреѓани, правени од се подолу и упоооорно упооооорно со него се. Мислам аман бре луѓе никој не умрел од љубов. Знам како е да сакаш до болка да сакаш и да ти е страв најмногу на светот да ја изгубиш личноста. И да те боли срцето и коскитееее внатреее сржта од помислата дека нема што да правиш со сите тие спомени, години, места, песни кои сте ги делеле. Ама НИКОГАШ НИКОГАШ нема да си ја погазам гордоста. НИКОГАШ. И ќе патам, и ќе плачам, и коси ќе кубам од болка и од тага... И ќе помини! Оти се поминува. То е неизбежниот дел на се добро и лошо во животот. Бидете горди женски! Само така ќе ве почитуваат луѓето. Немојте да се потчинувате толку долго што ќе заборавите кои сте и што се и кое е вашето мислење. Ќе станите кревки и бледи и ќе ве жалат најблиските. И ќе се трудат да ви ги отворат очите, како јас на другарка ми, ама попусто...... САмо се надевам дека нема да поминат години пред да ги отвори очите.
Не постои нешто полошо од тоа кога сам го знаеш решението за проблемот а сепак упорно продолжуваш да тонеш се подлабоко и подлабоко.....