Утре прв пролетен ден.. Официјално. Ќе ја сечеме црвената лента 2 пролети ме будиш...шетајки по боксерки целиот разбушавен пушташ музика и го приготвуваш утринското кафе не бројам месеци,години,со тебе заоѓањето месечина и изгревањето сонце е животна радост Ви посакувам убав ден утре со многу насмевки , среќа и љубов. Секогаш да бидете среќни. Ве сакам
Ми требаат само неколку минути. Неколку минути да се средам. Мислите да ги разбистрам и да разберам што се случува наоколу. А некогаш ми требаат и денови. И повторно не разбирам. Зошто работите во животот се толку комплицирани? Зошто пред да заспиеме толку работи не мачат? Каде се изгуби спокојот и мирот? Каде исчезнаа вредностите во светот? Зошто едноставно не е се толку просто и едноставно.. Или можеби самите си ги заплеткуваме работите ... ?
Што по ѓаволите се случува со луѓево? Само што ќе престанам да се нервирам за одредени луѓе, другите што претходно сум ги сметала за пријатели се однесуваат како животни гладни за се*с. Признавам и јас сум си перверзна и се смеам на такви шеги, ама кога најморбидниот пријател ќе направи таков коментар не е баш за смеење работата. Посебно не кога следниот ден почнува да те гали и да ти рецитира поезија која што наводно сам ја напишал за тоа како не може да живее без тебе-.-. Дајте ми пиштол да се убијам работава.
Во сегашноста си велам дека не ми е добро,ова ми фали,она, а всушност кога ќе погледнам назад низ годините сфаќам дека ми било подобро од сега. Хм...како да се изразам? Или со времето станувам брутален реалист или песимизмот ми е посилно изразен? Се смеам од навика. Понекогаш не ми е дојдено до смешка. Дури понекогаш се прашувам зошто некои работи што ги растажуваат другите кај мене не будат никаква реакција, а сосем небитни работи ме растажуваат. Сепак, пролетта ни дојде, гледам сите цвикера носат, а јас немам Море, ќе идам утре до супермаркетот и ќе си купам од тие 199 ден. колку да се следи тренд Te гушкам со топла прегратка и дочекувам со нова цвикера
Каков ден. Не дека ве интересира, но многу јак ден (свесна сум дека многу глупо звучам и намерно е). Во хороскопот ми пишуваше дека денес ми е среќен ден. Не верувам во хороскоп, но се надевав дека можеби случајно погодиле бидејќи денес се одржуваше Кенгур. Па погодиле, но не за Кенгур. Всушност, во училиште беше претерано глупо. Први час - дремење, мрзоволно мрморење... Кулминација - спиење. Втори час - некаков глуп просечен час по математика. Не е толку до тоа што часот е досаден туку, ние бевме гладни па си броевме секунди до големиот одмор. А одморот - трагедија. Мразам, многу мразам хистерично достоинствени луѓе. На прмиер, нашата досадна библиотекарка. Ако некој ме нервира тогаш тоа е библиотекаркава чија единствена работа во последно време е да се дере по ученици и да не пушта истите да влезат во училишето со храна. Аман. Колку само хистерично се дере а си мисли дека е многу достоинствена. Трети час - цимолење. Па кој би бил смирен на еден сосема обичен час по историја, по кој се одржува „големиот“ Кенгур? Не јас. Но за џабе сум се возбудувала. Чекавме уште еден час. Ја искористив шансата малку да се посмеам со децата. А потоа, откако натпреварот почна, не ми беше потребно многу време да сфатам дека Кенгур е една голема зафрканција. Онаа што требаше да надгледува ни дозволуваше да си поткажуваме, па и таа самата реши неколку задачи, иако, судејќи по нејзиниот изгл ед, не би ги решила точно. Па оние од петто почнаа да се дерат, така што целосно ја изгубив концентрацијата. Задачите и не беа посебно заплеткани, но онаа дерење ме исцеди Следуваше префрлање од моја страна. НО, расположението ми се поправи кога отидов во музичко училиште. А потоа ми се случи најголемата среќа во овој месец - КОНЕЧНО ИМА СЛАДОЛЕД. Морав да си купам три топки. Остатокот од денот ми беше супер. На братучед ми му е роденден, девет години наполни. Малку се згазивме од смеење на сметка на неговиот брат кој не дојде на роденденот затоа што (внимавајте) се треснал во столб. Не ми е јасно како му успеало тоа... Па се насобраа некои бебиња. Тие се дереа, а јас, тетка ми и еден друг мој братучед, да го наречеме Касандра, се смеевме на некој си црн и полу-црн хумор. А од оние бебињата најголем впечаток ми остави, да го наречеме Фифи. Многу,многу досадно дете. Неколку пати плачеше за глупост во текот на два часа. А кога не плачеше зборуваше како бубатор што раскажува лекција. Приметив дека има некоја симпатија кон оној братучед кој славеше роденден. Цело време се обидуваше да го бакне. Чудно...Што да си помисли човек? Се надевам дека не сум во право. Сепак, многу досадно дете. Потоа, откако бебињата си отидоа, ние се преселивме дома. Па се згазив од смеење. Сега ме боли грлото бидејќи си ги тестирав границите на гласовните можности. Сега, не знам како ќе заспијам бидејќи минатата ноќ многу тешко поминав. Прочитав едни хорор приказни, па кога светлото беше изгасено, се сетив на нив. Почна срцето да ми чука многу силно и да ми се стега грлото. Па морав да ја повикам мајка ми. Не дека верувам во духови, но некако морничаво ми стана. Понекогаш помислувам дека имам некоја мазохистичка жичка. Зошто упорно читам такви работи кога после не можам да заспијам од нив? Многу ми се интересни, но имаат страшно последици, барем за мене. Не дека нешто од ова ве интересира, но јас да си кажам.
Гледам среќни,насмеани лица,сите се весели..а јас,се погледнав во огледало и се исплашив од сопствената слика. Бледа како крпа,подочници како модринки,бледи усни,бледи веѓи,бледило,меланхонија. Единствено нешто е коса која се истакнува од таквата бледина,која не е така црна,ама пак густа и долга,иако во кок,ако се занемари косата, таа слика би подсеќала страшно добро,на девојка која боледува од рак или леукемија,чувајБоже. Празнина во душа,која се одразува не само на психичка истрошеност,ами и физичка изнемоштеност,безнадежност. Се губам во огромна куќа,која ме јаде,и иако е полна со луѓе е така страшно осамена.. Кој ли да ме ислуша?Се прашувам и зошто воопшто би ме ислушал.. Раправии колку и да сакаш,се чуствувам виновно,себично. Кога ли ќе сфатите веќе дека животот е прекраток за да се бара влакно во јајце? Најверојатно никогаш,или пак ќе е предозна..
Не ми е криво што некои луге се обидуваат на ме излажат, туку криво ми е што мислат дека им верувам. Зарем не е подобро да ми ја кажат вистината за да не ме блмираат и мене а и себе?
ете на пример, има денови како овој кога не можам да најдам ниту причина, ниту сила за да истуркам. ете така, колку да ме потсетат дека посилно е од мене, и дека уште е тука.
^Четврто е на овие години да не се замараш со љубов и да си живееш уште ко дете,на пример ко мене Во секоја игра,во се живо абе мора да ме прашаат - А кого сакаш?А дали би била во врска со овој?Едноставно никој не сакам,и со никој на 14 години не би била во врска,зошто не гледам врска на 14 години бре,врска Па па па кога ке слушнам- ама ја сериозно сум во врска со овој , а девојчето има 12 години,па ова се случи и со 11 годишна.Сериозно била во врска И искрено ми иде да и речам,иди фаќај барбиките.
^^ Е еее сега ти ќе и кажеш, она на Марс по капини има одено, па ти за дечковци ќе и збориш Ова случајно го видов, имав намера да видам колку години има и ова ми падна на очи, без навреда.
Чудно е кога пред два дена има пишуваноо за писмената по математика,а сега за љубовта.. Добар напредок (без навреда)
^^ Ај ќе и простиме за денес, мислам дека денес некои средношколци не учат, барем сабајлево така приметив немаше ученици на автобуска а јас не сум во тек, некој празник да не ви е или што ви е. А и утре сабота е, па нека го пушти мозокот на пасење, ама во понеделник да го прибере.
Колку е убаво времево,вистинска пролет ,утрово сонцето ме разбуди ме расони за секунда ... Убаво ми е исполнета сум,нема поубаво нешто од тоа да се разбудиш во креветот на љубениот За да не се досадувам додека тој е на работа решив,да си се дотерам очилата за сонце обавезно со мене и одам да шетам Да да сама ќе одам не сакам никој да ми прави друштво и да ме замара со муабети сакам сама да уживам денеска во сонцето и во убавиот ден Досега не сум седнала сама на кафе ама денеска мислам дека и тоа ќе се случи Ќе си земам еден весник со мене да си го разгледувам и ќе си порачам кафенце Нема ништо чудно во та нели Имајте убав ден сите,започнете го викендот најубаво што можете Ве гушкам сите
Добро утро. Песната, бидна. Ви ја ветив, ви ја пуштам. Се надевам ќе ви се допадне. http://www.youtube.com/watch?v=6vZMujM6SZo
Никогаш не го сакав кафето. Никогаш не го сакав вкусот на кафето. Го пиев седејќи во друштво. Но ми стана многу потребно во последно време. Секој ден накај школо си купувам еспресо за носење. Денес не бевме во школо,па си сварив едно турско,за мерак. Многу се ретки утрата кога пијам сама кафе на тараса,со цигарче,едноставно си го пуштам мозокот на пасење. Уживам во ветерот и размислувам за убави нешта. Можеби е и чудно како тоа ЈАС размислувам за убави нешта. Денов ми почна убаво,се надевам така ќе биде и додека не заврши. Ми се допаѓаат овие мрзеливи утра,каде сум спокојна и расположена. Сакам ваков да ми биде секој ден. И ќе се потрудам така и да остане! Имајте прекрасен ден девојќи,ви праќам многу позитивна енергија!
Чудо, поленот изгледа има некое дејство како дрога. Дојде пролетта и еве одма променив расположение. Па никој нема да ми го расипе, не дозволувам, не вреди. Алергична сум на полен, ама сакам да знам дека го има. Да знам дека е пролет, дека се ближи летото. Сите пролетта ги подсеќа на цветови и зелена трева, а мене на тоа дека се ближи летото. Нека пече сонце, да ми остане ова расположение.
Чудно е! Чудно е што ме немаше месец дена во кој толку многу работи ми се случија кои што чувствувам дека ме остареа и ми ја изгореа душата, и се враќам овде, се чудам на темата, си мислам дека поминаа години откако последен пат пишав тука, и се чудам како животот ми се смени толку многу за неверојатно краток период. Точно било што може да ти донесе ден, неможе да ти донесе ни цела година. Но, добро сум. Минуваа денови, ги броев на прсти за да конечно дојде и денот во кој ќе преболам, и сфатив дека тој ден самото време ќе го донесе. Плачев, ме болеше, ми ја откорна душата но повторно застанувам на нозе. Ми се сруши светот, но повторно ќе си го изградам! Добро те најдов дневнику, допрва ќе пишуваме победи и успеси. За инает ќе успеам!