Ме боли главата ама ме фатил еден инат не пијам апчиња па што сака нека е Ни кафе , ни овошје ни ништо не помага. Викендов можам да го класифицирам како еден од подобрите. Завршени обврски, изнашетана , најадена, напиена абе кој е како мене Кога ќе завршам се што имам, шетањето ми е померачки. Ич нејќам да ми заостануваат работи. Цело време ги мислам и нит сум таму нит сум ваму. Само мене ли повеќе ме радува да планирам изненадување за друг отколку јас да бидам изненадената? Еј толку сум возбудена што мислам дека ќе се издадам пред време Почнувам да ја чувствувам еуфоријата пред празнициве. Дали е до накитениве елки и чуда низ градот не знам, ама ќе ја чувствував многу повеќе да не беа колоквиумиве Ајде добра ноќ
Морам и тука да повикам НА ПРОТЕСТ! Битолчани СВЕСТЕТЕ СЕ! Секој ден два нови случаи на карцином на бели дробови. До кога? Пола Битола замина странство, другата половина ЌЕ УМРИМЕ ОД РАК! Дали немате деца, внуци, браќа, сестри, родители тука???? Излезете сите надвор! Ќе се буниме, ќе викаме, ќе се бориме! Барем нема да седиме дома и да се угушиме во чадот на РЕК. Немојте да мислите дека нема ништо да смените со протест. Од таквото мислење до овде сме. Оти не сфаќате дека СЕ Е МОЖНО со мнозинство. Баш се. Ве молам, секој ден се потешко се дише, на владата никогаш не му било гајле за Битола а на Талески уште помалце. Ете во Скопје одма се прска со хемиски состави и незнам си шо. Дајте помогнете има мерки што можат лесно да се превземат наместо оние спомениците. Апелирам сите да се приклучите на протестот на 12.12 сабота во 18 часот на плоштад Магнолија! Гневна сум. И ми се дише. https://www.facebook.com/events/643506679123647/
Некои луѓе ич не размислуваат пред да кажат нешто.... не размислуваат дека со нивните зборови можат силно да го погодат соговорникот. Кажаниот збор назад не се враќа. Душата ми врие од гнев и нервоза. Пазете што зборувате и пред кого зборувате. Како да се смирам сега ај? Треба да убијам некого па ќе се смирам....
На вакви тмурни утра на животот можеш комотно да му се насмевнеш. Ти самиот себе си си своето сонце. Се друго се само сенки.
Nije poenta da se naspavas, poenta je da naucis da zivis nenaspavan. Така де Уште едно понеделничко утро. И денес да беше петок, не ке беше лошо...добро не, добра сум. Пријатна работна недела деца
За секој нов ден благодарам, за секоја среќа и тага, за вистинските пријатели што животот ми ги поклони и за не вистинските што сами излегоа од мојот живот. Благодарам и за оние кој ѓи знаев но за жал повеке не се дел од мене. Пријатна работна недела и од мене девојкии
Не знам дали навистина постојат џентлмени или нешто друго е во прашање.Веќе трет ден кога влегувам во маалскиот маркет има гужва од 3-4ца и од нигде никаде ме пуштаат прва да си купам тоа што ми треба(најчесто цигари).И им го велам истото:,,Не не Вие сте на ред." и никој не ме слуша.Поради настојувањето,јас си ги купувам своите цигарчиња и излегувам. Малце ми е непријатно од ситуацијава. Иако се ближи таа новогодишна еухорија,во мене нема грам еуфоризам за тоа.Дури и не ни имав размислувано како ќе биди,каде,што... Сё што сакам е да си ги завршам обврските кои ги имам за месецов,да добијам одлични резултати за истите и да ја славам Нова година со мешето мое.Се надевам дека ќе биде подобро од моето очекување. Имајте убаво утро и уште поубава недела,луѓенца.
Каде и да ги оставите солзите раните се оние што си ги носиме со нас насекаде. Нема бегање од бегањето. Тмурни мисли како времево, полн ден пред мене, работен. Давајте сили за денеска да се преџвака денот.
Општо позната глетка во секојдневието... Токму така... Ситуацијата во јавниот градски превоз некогаш и денес
Татко ми има роденден утре,а мајка ми како тинејџерка сака да му направи изненадување. Јас ја слушам и сето тоа ми е толку многу смешно. Само некои идеи е. Гордост ми се бе, поим за љубов,почит,разбирање. Пример, мои идоли се.