Хахахах ве боли дека ништо не ми се допаѓа хахахахаха Па мене не треба да ме воодушевувате туку самите себе си. Не се облакате за мене. Каков народ имаа значи.
@bubic.k , @Be-yO-nCe Сакам да ви кажам и ако си знаете. Дека ве сакам повеке повеќе од се, дека ви ветувАм дека ќе бидам со вас во добро и лошо. Дека веќе сте дел од моето семејствоо. ИИИИ на крај ве чекам утре на романтично чајце Благодушки мои серцињааааа хахаххаа
Колку и да се трудите со вашите постапки да им угодите на сите околу вас, секогаш ќе имате некоја слабост, мана за негативните личности кои сакаат токму на истата да обрнат внимание. Денешното општество, и фактот колку треба да дозволите истото да ви влијае на вашите одлуки сумирано во една слика...
Луѓе без образ станаа синоним за успешност. А меѓу толпата луѓе со шмиргла место образи, познавам едно чиче кое на олимпијада би земал златен медал. Шампион во областа. Сè за пари, не му е битно ни достоинство, ни пријателство, а ги глуми како да ги има во сржта. Ќе те продаде 45 секунди откако ти се заколнал на вечна доверба. Нека крши глава чичето, туку... секои шест месеци, менувам доза на кафе. Пиев со многу шеќер, па пиев со ИЧ шеќер, па со млеко, па со малку млеко, па без ич млеко, се чувствувам како во мене да живеат малите дедомразовски џуџиња, а некои од нив по посетата на доктор откриле дека се lactose intolerant, други имале покачен шеќер, трети тахикардија, ама на некои од нив повремено докторот им укажувал на подобрување на здравствената состојба, па може да се вратат по старо со шеќерот и млекото. Инаку, да не се секирате, знам дека ме мислите (NOT), работните и домашните обврски ми се on the highest peak, овој декември. Се надевам таму при крај на месецот дека ќе се одморам првично од сопствените мисли, а потоа од сè друго. Сте приметиле како сопствените мисли се оние кои не прават вистински уморни. Сите сме имале денови со многу трчање, со многу работа, по што си доаѓаме дома уморни и папсани, паѓаме во кревет и за дел од стотинка потонуваме во сон. Следниот ден, свежи и спремни за нов насмеан работен ден. Но кога доаѓаат оние периоди во кои половина од работата бара движење на екстремитети, а половина е под константна саботажа на сопствениот ум, е тоа се денови кога доаѓаме дома, паѓаме на каучот и вегетираме до времето за легнување, по што повторно половина час се вртиме од топлата на ладната страна на перницата возбудено размислувајќи за проблемите во текот на вчерашниот, денешниот и утрешниот ден. Сè е битно да се размисли и сите мисли одеднаш сакаат да бидат присутни. На крајот на тој тежок период, ниту една од работите кои ни тежеле не е решена, не сме пронашле никаков мудар пат од проблемите и се чувствуваме исцрпени... исцедени како виледа обесена на славината во кујна. Особено во денешно време, пак, кога сè е преокупирано со социјални мрежи каде умот постојано прима и дава информации, умот ни е како пластична мала вртелешка на многу ветровит ден. Затоа драги наши, за вистински одмор оваа Нова Година, ќе подготвам купиша чаеви, нови типови кафе, рум, ракија, салати, виски, свеќи, книги, филмови, музика и ќе се молам да падне снег, па да седам на прозор, да не мрдам и да го избистрам умов.
Не е лага, вистина е Кога знаеш дека срцето го бара само НЕГО,а тој е еден откачен фрик кој знаеш дека не ти одговара. И да го натрупам со тежок цемент тоа пак ќе го бара него. ТЕ САКАМ!!! Ми треба твојата насмевка да ме исполни. Со неа душата ми се смирува а срцето ми се полни со љубов. Полесно ми е......
Оваа година сакам да ја накитам елката со сребрени и златни лампиони. Сите ме прават луда, како тоа би изгледало многу кич, никаде не виделе таква комбинација, што им фали на стандардните црвено- златни и сино- сребрени елки, бла бла бла... А мене тооолку магично ми изгледа И не знам што се бунат, кога никој не ми ни помага... Сама си китам, сама раскитувам... Ма, ќе си направам по мое, ако на некој не му се допаѓа, следна година може слободно да ме замени ( за прв пат) во украсувањето!
Сите и се ,,одушевуваат,, на жена со еден празен поглед, една неисполнета, една нереализирана како човек, една саможивна...кликаат лајкови на ФБ...пишуваат пораки како е ТОП.. А знаете зошто ? Затоа што е на функција во моментов.
И ојдов на забар *victory* Си поплачив со докторката, ме прашваше кога вадев заб дали и таму поплачив па ѝ реков да не ме мисли ме знат и тие. Ајде барем помина, сега Среда пак *се плаши*
Посвесна, понасочена, позитивна и попрактична. Ми рекоа - среќно со 30ката, нека не се познава. Јас велам: нека се познава. Секоја година нека носи промени и нека се познава тоа на мене, така и треба да биде. Мислам дека минатата година за мене беше една од најуспешните. Постигнав нешта за кои имав изгубено надеж, но главното уште стои во магла. Си давам свеќено ветување сега и овде: ќе го направам тоа, и нема веќе да одлагам. Овој декември е одлучувачкиот.
Татко ми мојот идол за се. Само тој може реално да ми го прикаже светот велејќи ми "Ништо не е поважно од кров над глава и здравје,се друго се менува и е минливо". Сакам кога ќе ме израдува со мали нешта,ќе ме гушне и рече "татина принцеза". Сакам кога ќе ми рече утре одиме во Тетово да си најдеш хеланки. Прееска влегувам дома и ми вели "имаш куќа?!" Имам спиено само два сати а енергија на куп,му велам тато сега ќе китиме домов а утре ќе шетаме. "А не,јас ќе си пијам ракија,тебе ти е именден". Да, денес е Свети Екатерина Велика. Па повелете на торта. Да сте живи и здрави сите што е најважно,а за друго тркалото се врти.
Секојдневно се среќавам со луѓе кои ме прашуваат : Како сум јас секогаш среќна и насмеана?! Среќата всушност е широк поим и ја има во разни облици. На нас самите останува да ја препознаеме. Јас мојата среќа ја пронајдов во малите нешта прегратка од саканите, нивната насмевка, всушност нивното постоење ме прави среќна. Никогаш не се откажувајте од вашата среќа без разлика колку скалила треба да поминете за да стигнете до неа.