Многу ме нервираат контролориве во Јсп. Ама многу !!!! Ги мрзи да работат очигледно па муабети си прават на скали и кога ќе се симнеш одозгоре за да излезеш од автобус нив им текнало да ти побараат карта и ти со тоа да ја пропуштиш станицата. Аман бре,работа ви е да се качите и од човек на човек да проверите , и притоа да бидете барем минимално љубезни. Уште еднаш вака и карта ќе му дадам кога ќе се симне со мене. Не знам што се случуваше денес кај судовиве ама беше страшно језиво. Полиција на секој чекор , со оружје до врат. Јасно ми е дека е ради безбедност ама грдо е. Шетам од тема на тема како нестабилна, ама сакам да ви кажам дека многу сакам да готвам ! Во тоа сме исти со мајка ми и тоа е лошо. А влезам јас во кујна таа по мене и само ме посматра, како дежурен полицаец е. Најомилен дел од готвењето ми се комплиментите откако ќе се изеде. Посебно кога доаѓаат од него
Како да не им беше доволно што не онесвестуваат со Фемина Инстаграм секој ден, па сега и со тема за пици посебно, ќе не убиваат Абе затвори, заклучи тоа таму, не е арно за форумската психа п.с Џаст кидинг, гирлс, само продолжете
Ми рече: Те гледам цел месец си среќна. Никогаш, никој не ми ја забележал среќата. Може никогаш не сум ја покажала. Ама среќна сум, пукам од среќа. Како никогаш во животов. Се смеам гласно, најгласно на свет и не ми е гајле кога се вратат луѓето. Не прекинувам, и се смеам гледајќи ги во очи и почнуваат да се смеат со мене. Среќна сум, бестрашна и храбра.
Заборавив како е да се среќаваш со некој после долго време. Заборавив како е да ти недостига некој. Како да избледеа повеќето чувства во мене. Особено недостигот. Искрено, ни сестра ми не ми недостига. Во ред ми е сама. Уживам кога сум сама со своите мисли. Не сакам луѓе, гужви и бучава. Подобро е вака. Јас, мислите и по некоја солза. Но, не тажна солза, Туку солза од премногу размислување.
Не сакам да сум негативна личност, ама многу работи ми пречат. Ич не сакам луѓе кои на секого и сè наоѓаат маани, а најчесто не се ни блиску до тоа што е другата личност. Не сакам луѓе што кога ќе им кажеш предлог, ќе ти дадат 1001 причина зошто предлогот нема да ти успее. Не сакам луѓе што не знаат да се насмевнат, а исмеваат други луѓе. Многу ме иритираат луѓе што ако начекаат некој срамежлив, намерно прават да му е уште понепријатно во друштво. И ме нервираат бесцелни муабети. Ако немаме ништо заедничко и немаш како да ми направиш муабет, подобро не ми зборувај ништо, откако да слушам за времето, па дали сум добричка, па дали може да ти местам некој, итн. Не дека очекувам само другиот човек да се труди за да ни иде муабетот, ама некогаш е преочигледно дека другата личност не ти одговара за друштво, и нема зошто да се форсира. Ми пречи кога некој треска глупости за да биде интересен и кул пред другарите, а знам дека не е таков и дека се преправа. И така, ми пречеа сите овие работи пред некоја вечер, и станав и си заминав. Требаше порано да научам да си заминувам кога нешто ми пречи, прекрасно е. А неговата рака околу мојата половина воопшто не ми пречи, таму припаѓа.
Во животот сме налетале на многу 'пријатели' но за жал поголемиот дел од нив пред нас ја користеле нивната вешта маска , а зад нас го покажувале правото лице . Не е пријател оној кој се сити на твојата мака и едвај чека да дојде момент да ти ја погоди слабата точка и в лице да ти ја плесна најболната страна од вашата животна приказна, таквите множете ги со нула , никогаш не ни ви биле пријатели и не заслужуваат ниту едно ваше здраво.. Таквите на крај остануваат сами , бидејќи незнаеле да проценат кој ги цени навистина бидејќи биле зафатени со лечење на своите комплекси .. Ретки се вистинските пријатели , ретки сте вие две ! @natemila ,@Be-yO-nCe ве љубам и сум благодарна што ми сте дел од животов.
Она кога немаш слушалки во автобус и полека но сигурно си ги чувствуваш мозочните клетки како ти умираат од муабетите наоколу.
Ако сенката го дополнува тродимензионалниот свет, што е функцијата на споствената внатрешна сенка ? Да не дооформи или повлече во себе ? ...
Македонска работа бе... Ќе добиеш награда на некој натпревар, а покрај честитките, ќе се најде некој што ќе ти рече: Еееј, колку лесна заработка. Јас цел месец работам за тие пари. Стварно не знам како да возвратам на такви коментари освен да прашам: А зошто не се пријави? Натпреварот не беше само за мене. Одговор: Еј, знаеш дека мене не ме бива за тие работи. Во ред е, и мене не ме бива за сè. Затоа барам конкурси и натпревари поврзани со моите интереси, каде знам дека можам да учествувам. Ама сепак барам. Сум нашла, сум се потрудила, сум се пријавила и сум направила нешто. А што си направил ти? Освен што ми кажуваш колку лесно сум ги заработила тие пари (макар што и тоа „лесно“ е многу релативна работа). Таквите луѓе можам само да ги почастам со чоколатце, зашто одбивам да дебатирам на тема колку вреди нечија идеја и дело. Никогаш не сум гледала со завист кон нечиј успех, па макар тоа да било парична награда од 500 евра за пет минутен говор. Ако ништо друго, ме поттикнале и јас самата да се пробам во нови работи кои потоа ми донеле многу интересни искуства и познанства. Ама ништо од тоа не почнува од седење дома и дремење пред фејсбук.
Ама сте ми тиФки нештооо Цел саат нотiфикација не ми стасала. Шо ви е бе, дане сте болни нешто, не дај Боже
Ponekogas se prasuvam,na odredeni licnosti,sekoj post im se dopaga stom nivnoto ime go srekavam nasekade dur citam ili imaat kopce select All.
Ме иритираат фразиве од "семе синапово" и слични на истите. Се чудам како тие имаат решение за секој животен проблем, улизуење до бесвест, чиниш од оние приказнине слушам што ги даваат на тв..нискобуџетнине.. Колку само ми се клише и ефтини..
Се чудам како некои луѓе се створени, функционираат и живеат единствено само за да те повредат, навредат и извадат најлошото од тебе... Ништо, нема лек за таквите... Единственото нешто што ти преостанува е да им простиш, зошто сигурно и нив не им е лесно, а и не знаат за поинаку... И насмевнат, со крената глава да уживаш во секој момент од животот...
Ти ме малтретираш на начин на кој мене ми е потребен! - е еден од оние најотровни коани, најсуптилни во нијанси кои јас не ги разбирам. Садомазохистичка контемплација! А луѓето се смешни, несовесни позери. Позери, бе позеришта. Сами си ставаат ѓулиња на сопствените крила, па потоа им е тешко да летнат. Се е за нив "нормално и се е "ненормално", a и си живееме ние во такво време, во кое човекот е малку "изместен ". Хомохистерикус. Ај доста философирање, да ја оправдаме работава дека до нашите гени е, јасно е дека ние луѓето на Балканов сме микс од многу темпераменти. *Го сакам овој дел од денот, од годината ...Кога имам "време " да се спознаам, да се сослушам и како нужно, да се ослободам. Топлите напитоци во овие моменти ми изгледаат помагични . Ми фали една стаклена кугла со снег, да ја протресувам и да се огледувам во убавиот хаос... И една музичка кутија со моќна балерина сакам, некако ја поистоветувам со изгрејсонце.
Која е потребата да седнам на маса со луѓе кои не ги сакам? Цела вечер 2 реда муабет нема да сврземе ама тука сме, видени сме, тоа е битното. Зошто се плашите да останете доследни на тоа што го зборувате и пред се чувствувате? Викаат не било ладно, само треба да научиш како да се тресеш Јас сум во процес на учење, затоа смрзнав за сите пари.Ми треба едно топло какао некој да ми свари , да ме смири и успокои Постои голема шанса за некој месец другарка ми од странција да ми дојде на гости. Пресреќна сум . 6 години се немаме видено ама контакт не изгубивме. Ја чувствувам поблиска од некои тука