Значи од здравство во државава немаме ни З. Не дај боже да појди човек во државна болница. Она е чудо што се случува, толку незаинтересираност, нечовеност, персонал без никаков карактер и пред се не работат. Доктор, а вика тука низ болница се дери на луѓето, а тие мака си имаат. Цел ден да чекаш за еден печат и потпис кај и му плаќаш за услуга како на слепци 2000денари еј, која усуга ? Толку сум изреволтирана, треба да се прошета малку да видаишто се случува, а не само да се фалат на телевизија, вакво такво здравство сни имале. Во болница кај нас можеш да се оболиш од чекање и од неодговорност, не да оздравиш.
Си стојам јас така на автобуска едно 20тина минути и карши мене доаѓа еден пар , скоцкани, средени се држат за рака, смешки , гугу гага и ни два ни три девојкава се врти и како ркна на сред улица, ми се превртеа цревата жими се.Никаква реакција ни од неа ни од дечково си продолжија со муабетот , а јас останав запрепрастена. Добро нешто манири, култура,начин на однесување, слабо а? ...
Знаев дека а појдам Тетово ќе најдам се што барам. Најсреќна сум што си најдов бордо хеланки. Упорноста се исплати. А сега ќе си се почастам со нескафенце размислувајќи што да облечам за во сабота. Среќна сум што сум посилна од било кога.
Денес шетам со колешка од на факс и ме застанува шминкерката што ме шминкаше за матура. Муабети купишта и ми вели мацо а да ми дојдеш на фотосесија имаш убави црти и најубави очи за шминкање. Јас претежно не се фалам и незгодно ми е кога ме фалат, и ми е страм да позирам а најмалку да бидам дел од фотосесија новогодишна. Вака така прифатив па ќе видиме што ќе биде. Таман што заминавме,другарка ми вика а знаеш дека имаш сиви веѓи и ретки,требаше да речиш НЕ. Yes, I know. Епа јас ова го толкувам како љубомора.
Ja citam knigava i se mislam. Sto mora da se spomnuva na brat mu komsivkata, pa maz i nejzin koj ima sin so prvata zena, negoviot sin (nesto vo toj kontext). Citas so celo vnimanie i ocekuvas deka nesto treba da se zapamti, zosto toa e bas vazno, i na kraj veze nema. Sto mora da e knigava 500st, moze i so 350 da zavrsi rabota. Kolku e ubava knigava, toku me zamara. Retko koga citam kniga podolgo od 7 dena. Bas go pretera so neznacajni razgovori od tipot ti rekov mi rece. Ima i takvi luge. Sakas da se druziz, interesni se, ama koga ke pocnat da go tupat, sto e mnogu, mnogu e.
Преку глава веќе од ставот дека жените што сакаат убава облека и шминки се плитки. Денес доживеав еден ваков коментар : Леле, ти сакаш шминки и мода? Не си ми јасна ,а баш си учиш многу. Извинете што ние што учиме не се шетаме надвор со огромни наочари,џемпер со нинџа желки и мрсно репче,за да ви докажаме на сите дека не сме плитки.
Денес после долга неизвесност дознав дека после 6 месеци повторно ќе ги гушнам родителите, сестра ми и другарките кои ми недостасуваат како луди, и сето тоа оваа сабота, ви посакувам убав ден исполнет само со насмевка, прегратка до сите
Повеќе сакам некој дуксер свежо испран со омекнувач,отколку некои блузи напрскани со скапи парфеми.Ете не знам.
Џабе висоκо наκитена елκа со пρеубави блесκави лампиони и сијаличκи во ρазни фоρми, сто уκρаси, пρеκρивκи со ρазни дезени. Џабе е сето тоа κога ја нема онаа еуфоρија, ρадост во домот и љубовта помеѓу семејството.
Си седиме јас мрзосана, брат ми и мајка ми, ми се припи кафе и викам: "Шо ми се припи едно машко кафе.." со поглед упатен кон брат ми. И овој: "Па и друго не се вари во нашава куќа"-_- Демек и вчера тој ни напрајл
Како личност која страдала од анксиозност сакам да кажам. Се......се поминува па и ова. Поминува со позитивни мисли, позитивни луѓе, со љубовввв. Да дааа. Сакајте некогооо и заборавете на анксот. Фокусирајте се на убавините на животот. На малите убави нешта што го топлат срцето. Игнорирајте се што ви создава напнатост, лажни пријателства, негативни луѓе. Убавината на животот е сега и овде. Една прегратка, една топла шоља чај со вистински пријатели, дури и едно магливо утроо засладено со позитивна мисла е лек.
@Waka-waka Кажи, дефинитивно мора да сме нај над површината ние таквите Ако ја сакам модата, обавезно мора да не сум знаела ништо друго, а види тој ни дотеран нит знае што е алгоритам
Априори гледано состојбата е многу супцесивна и комплексна,па заради тоа ние ќе живееме со статус кво.Од еден аспект го имаме спортот,од друг аспект ја имаме музиката,од трет аспект имаме оптимално развиено градежништво и така многу аспекти ни се на нашиов ѓердан.Актуелен е четвртиот аспект кој воедно и не го споменав во набројувањево.Воздухот. Зголемена е загаденоста на воздухот.Се извинувам,каде гледаш воздух? Дали се’ ни е асфалт?Дали сите треба да носиме розеви очила за да не го очајуваме мозокот?Од сите планети на кои нема живот ние најдовме на оваа да се родиме?Јазикот наш го поврзивме со многу други јазици и добивме нов македонски јазик-мелез тип.Исто како што на времето Индијанците правеа кога си сечеа малку од вените на дланките,па се ракуваа за да се збратимат со други луѓе.Се оттуѓуваме ли од нашето или тоа е некаков си вид на фатаморгана?Некаква халуцинација на ова наше привидно постоење можеби...Можеби!Само еден спорт ќе потенцираме,а другите ги забораваме,не сакаме ние здрави луѓе и спортска околина.Не,ние сакаме повеќе отворања на кафе-барови,ноќни клубови,ресторани со ултра модерен стил...Кино?Едно имаме,еве го и другото,ќе дојде и третото.Кој оди на кино? Се оди секако кога некој грандиозен светски најавен филм ќе пристигне на ова наше тло.А другите филмови? Фушарија се нели,што ќе ни се?Внатре во киносалите двајца без тројца публика.Добро е и толку што ги има.Нашите драги петстогодишни владетели сеуште влијаат после падот на империјата. Овој пат делуваат на психичко поле,преку екран,телевизиски екран.Додека тој екран се полни,повеќето паричници изгледаат како да се кромид.Да отвореш и солзи да ти истекуваат по лицето.Е и тоа не е во ред.Или пак можеби е во ред кога на некој град ќе го сменат личниот опис со градежнички стилови од пред три,четири..не пред нашата ера,века... Можеби...Априори,оваа состојба не мириса на арно...Кога се’ ќе биде како во бајките и како што треба,тоа никој не го знае.Не,го знаеме!Сега-засега во нашите сни!Во нашите фантазии!Или тоа пак да го програмираме во нашите розеви очила?Многу прашања,премногу така да кажам одговори,а незадоволителни.Дали сите овие ситуации ги направивме како грев?Грев ли ќе ни ја гори душата,солза ли нема да не’ лекува,а ние нема да знаеме да си простиме?Во дилема сум,дали овие преголеми размислувања се оптоварувања на мозокот или чекорам кон добар правец на само интеграција.Нека ми покаже времето.Патем времето си смена некои свои насоки,некои свои навики.Не му се сите состојби со исто значение како некогаш ете.Сонце-топли душата,ама некако замајува. Дожд-плачат облаците за нас тука смртните.Снегот-ладно е надвор,добро..но душата сеуште ладна ви е?А пак ветерот.Ветерот ги разнесува сите мисли низ таканаречниот ни воздух. Во контекст на сето ова да завршам со едно прашање за чиј одговор нека си пресуди секој сам:дали избегавме од колосек?
Ме фати носталгија за детството.ЕХ времиња беа тоа.Од утро до мрак на улица,во парк.Жмурка,народна,чие што е ова,ластик,торити од песок,играње со барбики и беби кукли,парфеми од вода и ливчиња од роза...Стајл све ми боје лепо стоје,ама битно си среќен и трчаш со сендвичот во рака.Сите деца игравме заедно немаше поделби кој колку е богат,најголеми “ривали“ ни беа децата од другите мала хаха.Гледавме македонски народни приказни,во светот на бајките,до ре ми,дајте музика,мечето ушко,опстанок,јуначко колено,карате кид,нинџа желки,том и џери.Пишувавме споменари и дневници,имавме симпатии,јадевме сладолед од по 10ден...Роденден беше настан на годината-тортата со принцеза хаха,сокче,грицки.Поклончиња од тип на тетратка и пенкало,шампонче,топка,албум,рамка за слика,блуза да добиеш беше да си највеча цура у маало.Собиравме албуми со сликички,салфетки,детска пошта(не сум сигурна дека ја чувам имав премногу),се менувавме со нив...Денешниве деца ни дел од тоа немаат.Штета,детството им се сведува на фејсбук,игри на компјутер,перчење со нова облека,дечковци и девојки од 6 одд.Нема веќе улици полни со деца,сега некако се многу празни...Колку само сме биле безгрижни и среќни. Се сеќавате?
Или ќе се удавам или ќе испливам. А јас премногу го сакам пливањето за да се препуштам на тонење. Life is brilliant.
Не знам за вас но јас лично обожавам да шетам и да живеам во самиот момент кој што ми е подарен од лично сопствениот труд. Обожавам да патувам и секогаш да запознавам најразлични култури, националности, традиции и народи, обожавам да посетувам најразлични места и да распознавам најразлични животни стории.. обожавам да разврзам 2 3 реда муабет на јазиците кои ги умеам со некој случаен минувач во некоја сосема случајна држава.. Ги обожавам морињата и океаните, тие прекрасно бистри и бесценети води полни со здравје и убавини.. Го обажавам исто така и целокупниот златен килим наречен ситен песок.. И мојата најголема фантазија.. палмите кој што се доследни на најголемата кративност.. Ги обожавам најразличните панорами и пејзажи низ светот.. ја обожавам природата и нејзините прекрасотии којшто се лек за секое око и душа.. Обожавам да патувам и да распознавам најразлични објекти и декорации.. А пред се навистина ја сакам креативноста и желбата за добра фотографија направена лично од мојот апарат, тој мал спомен и таа мала креативност ми значат навистина многу.. обожавам да ја барам мотивацијата и во најмалите предмети, овјекти и чуства.. обожавам да фотографирам и уживам од истото задоволство. Дами, не ја заборавајте никогаш кратовноста и мотивацијата во вас.. па макар и од најмалите нешта којшто зрачат живот и енергија!