Секогаш мислев дека некој треба да превземе нешто во врска со уличните животни..после тоа сфатив дека и јас сум дел од тие што можат да променат нешто. Затоа земавме улично кученце и од тогаш наваму секој ден ни го разубавува. Целосна вистина е дека галењето на животно има иста моќ за релаксирање како медитацијата или молитвата. Нема ништо порадосно од моментот кога си доаѓате дома и некој искрено се радува на тоа,скока и не може да ви се изнарадува.
Пoглупaвo oд тoa снaaтa, нa рoдителите нa мaжoт дa им се oбрaќa сo мaмo/тaтo и зетoт нa нејзините рoдители сo бaбo/дедo немa!
Коментира жестоко против сексизмот (which I understand) и во еден момент вели, па и долната облека ја рекламираат голи Не знаев дека треба со пончо одозгора да ја рекламираат
Поминаа толку години, толку годишни времиња, толку сончеви и темни периоди... Колажот на есента, крцкањето на сувите лисја под нозете, нејзиниот мирис... и така повторно ме потсети на Вас овде. На миговите поминати со Вас, на моментите и животните случки кои ги читав низ Вашите редови... И си продирам во себе, навлегувам длабоко, а Вие, токму Вие сте еден дел од мене. Еден голем дел од моево срце кои навистина не можам да го ставам во спомените и да ми продолжи животот во нов тек. Сфаќам, едноставно Сте дел од мене . Поздрав и благодарност за Вас, што сте дел од мене и што на некои сум дел од нив...
Повеќе од тоа некој непознат да ми понуди парче чоколадо, бонбонче или било што, повеќе ме радува непознат да прифати нешто од мене. Поздрав до таксистот кој насмеано прифати да го поделам чоколадото со него. И поздрав до оние кои не само несебично ќе сакаат да споделат, туку и без сомневање ќе сакаат да прифатат. Еве ви реклама за Кока Кола Веќе за Нова Година и празниците украсив и во првиот и во вториот дом, толку сум нестрплива и ентузијаст. хоу хоу Посакав да го слушам Морисеј, па Лајбах и ми се исполнија. Сега пак овде ќе посакам да ги слушнам Масив Атак, белким и тие ќе ми се исполнат.
Добро, само јас ли се чувствувам толку непријатно и не знам што да кажам кога ќе ми дадат комплимент или ќе ме пофалат за нешто? Во вакви ситуации само се фаќам себеси како пелтечам, се смеам awkwardly и мрморам „фала“. Или пак ако е виртуелно, само ставам смајлиња зашто немам поим што да одговорам.
Екстерно / Надворешно; Едукација / Образование; Евалуација / Вреднување Овие и низа други туѓи зборови кои ги вдомивме во нашата комуникација толку допуштивме да се вкоренат што тежината на Македонцките работи ја изгуби смислата на постоење на стандардната литературна норма. Во настојувањата се да биде ИН ја уништивме убавата страна на јазикот наш насушен, а посегнавме по нелогична афирмација. Зошто да бидеме автентични кога може да се изгубиме?
Во врска со уличните животни и јас да испратам еден апел.Во продолжение е статијата за чичко Драги(го имам спомнувано и порано) на Рекорд има тезга и се грижи за многу бездомни кучиња. Статијата е стара така да мислам дека таа сметка веќе не функционира, но некој дечко го објавил заедно со статијава следново: ''Чичко Драги од пред McDonalds што продава ластичиња и чува кучиња го знаете сите мање више. Денес комшиски ми пријде и ме замоли ако можам некако да објавам на ФБ дека му е потребна храна за кучињата кои ги чува. Донациите кои му ги ветувале ги нема никаде, ама тоа сега не е битно. Кој може нека му помогне. Не со пари, туку со храна. Знаете каде се наоѓа, однесете ако и колку можете, пункт нема да има. Sharing is caring.'' Koј може со храна, кој со пари, многумина знам дека од овде се од Скопје или живеат во Скопје, или честопати одат, поминуваат покрај Рекорд, Ве молам кој има можност да помогнеме да презимат сите кутриња живи,здрави и најадени. Уште нешто да, на патот за Рамстор мол , кога одите од ГТЦ, баш пред да завртите на паркингот што излегува на улицата кај Рамтор што е , значи местото е после Вегера и оние накит што прават рачен и пред да се заврти кај што објаснив.Тука еднаш седеше човек, мислам дека беше бездомник пошто имаше кутија за пари да се остават и имаше неколку кучиња со него и имаше едно 20тина дена па ни толку, човекот со цуцла го ранеше, оставено било, одделено веројатно од мајката и фрлено.Леле луѓе таму ми доаѓаше да се расплачам, тоа едно сонце малечко, оставив пари и јогуртче, тоа носев со себе, само што си бев купила доручек.Човекот ми рече да не се прекинувам да си го испијам јас, многу беше културен и фин.Јас му го подадов и тој ги викна кучињата и од чашката им даваше пополека да не извалкаат околу.И тој видов дека се грижи за бездомните кучиња и дечко ми пред некој ден поминувал и го забележал на иста локација, па кој му е уз пат нека помогне и на него.
Не ми е јасно ова време...Ова време на лажни луѓе и лажни вредности...Колку само не цените тоа што имате покрај себе,во себе.За еден флерт.Како само живеете со себе и спиете покрај некој,било дечко,маж и имате деца или пак ги носите во утробата?Имате ли воопшто свест?Гордост?Соземете се малку...Градите иднина а се мешате во туѓа..Не можам да ве разберам,ниту пак сакам!
Најмногу сакам кога деновите ми се исполнети со обврски. Сакам кога ќе станам наутро, и во брзање да се средам и да излезам. Сакам кога ќе завршам некоја обврска па дојдам дома. Секој ден ми е исполнет и испланиран. Не ме држи место дома, а и од дома седење ќар нема. Не се замарам за ништо, ниту обрнувам внимание на непотребни работи. Едноставно си водам свој живот и уживам во тоа. Најсмешно ми е кога ќе видам луѓе што посветуваат време на банални работи, немајќи што да прават од досада. Денес турбо денот го завршувам со шоља чај. А утре кога ќе помислам колку радости и магични нешта ме чекаат со душа го чекам денот. Мислам дека убаво ќе ми заврши годинава. Се ми е договорено и спремно уште да дојде денот. Мајками ми вика "Не заборавај ќе одиш Будимпешта". Едвај чекам да ви кажам право, моето патување низ светот допрва почнува, од таму од Будимпешта. Напролет здравје сакам да одам кај тетка ми во Мадрид, колку само пати ме покани жената ниту еднаш не отидов. Вчера кога се слушнав на скајп ми вели ''Мадрид е магичен град, мораш да го ставиш на твојата листа, но дојди со авион, јас ќе те пречекам на аеродром". "Ќе дојдам велам, но да дипломирам прво сакам" - велам јас. Тоа ми е целта моментално во животот. Да дипломирам. И велам било што било, животот продолжува. Cheers
Вчера вечер бев на слатки шери и убаво си поминав. Со другарчето јадевме исти само формата различна. Мојата правоаголна, анеговата триаголна.
Мразам игнорирања и наудрени луѓе. Мразам себични и дволични. Па ако сакаш да знаеш како сум ќе најдеш време (барем додека со во вц) и ќе прашаш, или ќе пишеш (цело време онлајн се сите)....а не после, леле сонце колку се грижам за тебе, леле мила како си, леле најмилааа кај беше....еј ми се повраќа, одјебете. Како можете така да се преправате? Не ти е гајле за некого, а му се правиш како да ти е гајле....зошто? Па уште се обраќаш ссо мила, или сонце? Стварно бе Не сакам да се замарам со такви луѓе и едноставно решив да не ги приметувам....ко да се воздух. А за жал сите се такви, па затоа и воздухов е претерано загаден, од лоши луѓе. Инаку си го гледам Драган на канал5, си игра чочек со слон и со дедо мразовци И сите гледачи што се јавуваат, му честитаат прво роденден на Дамбо (слонот), па после почнуваат со игра 1000 пати сум рекла и пак ќе речам, само Драган си знае како да живее лабаво. п.с.КОга си во чекална со 5-6 пензионери и почнуваат да зборуваат за времето кога владеел Тито, па упорно ти објаснуваат...а ти појма немаш како било тогаш.....и искрено не те интересира, пошто тоа време не може да се врати....
Добро, девојкава не знам зошто лажела број од мобилен ко на секое има 0 оправдани и 0 неоправдани. Спојлер: СМС Зборувам за Услугата СМС известување од Е Дневник
Може поради оценките дала погрешен број. А може случајна грешка или при кажување од стр. на девојката или при внесување на телефонскиот бр. од стр. на класниот/класната. Спојлер Да знаеш до сега класната моја има погрешено со изостаноци кај една другарка, наместо 8 оправдани и пишала 8 неоправдани, кај другар наместо оценка 4, му напишала 3-ка.
Денеска направив страшно добро дело....ама не чуствувам ништо посебно, никакво задоволство како што очекував. Можеби затоа што немаше никаква реакција од ругата страна...едно срамежливо фала ќе беше доволно...
Денес конечно ја завршив генералката, цела недела се влечкам ,полека-полека додека да исчистам се. Смогнав сила и да ја накитам елката,уз музика,со чоколатца со се по ред. Сега ќе се подсредам малку себе и ќе одам во Космо ,да се почастам со некои карминчиња и други тракатанци. Сакам јако црвен кармин,традиција ми стана купувањето на таков,овој период од годината.
Сакам да кажам дека овој месец ми беше премногу тежок. Една многу драга личност, повеќе не е дел во мојот живот. Делевме насмевки, тага, болка овие 3 години, ама ете, така било пишано. Може ќе кажете сега дека судбината ние сами си ја пишуваме, но јас моментално обратно размислувам. Исклучително тежок период ми беше, и сеуште ми е, но животот не застанува тука. Благодарение на моето семејство стојам цврсто на нозе, иако внатре сум уништена. Но, како велат, секогаш треба да се надваме на подобро, така и јас сега.