Си го средив лудилото. Молам Бога само да не дувне јак ветар, па се да ми однесе во провалија. Уствари слаб ветар ми треба за пак да се разниша, ама се држиме. Битно ми е јас да сум среќна, приоритетот ми е тоа. Во животот не ми треба некој кој не сака јас да бидам во неговиот, убаво што го сфатив тоа на време. Ментално сум ослабела, си признавам. Ама па, што знае срцето што е добро? Упорно цел живот пробувам да избалансирам меѓу срцето и разумот, залудно било, затвори го срцето во некој кавез, да не дојде до збор. Само така ќе си одржувам внатрешен мир и спокој, само така е правилно.
Додека тој ги редеше своите мисли и како по наредба од некој друг организам го испушти куферот на земја. Куферот падна и се отвори. Во него немаше ништо друго, освен машина за пишување. Човекот ја погледна машината, но во преден план виде конец од неговото палто. И помисли нешто, но заборави што било тоа. Ја крена машината и наеднаш се најде среде еден парк. Седна на една од клупите и ја стави машината во скут. Од едниот џеб на палтото извади стуткан лист хартија и го вметна во машината. И започна да чука по типките, да пишува. И по пет минути беше готов. Стана, и си замина од овој расказ. Ја погледнавме хартијата вметната во машината. Беше испишано… …КРАЈ
Преморена си доаѓам после 12 саати работа, носејќи документи за аплицирање на второ место, дека нели 12 саати на ден ми се малце, па сега уште 3-4 плус да додадам... Па уште барам и онлајн како да заработам. Цела сум се преточила во пари и кариера, што само силен удар може да ме освести дека треба да одморам. А деновиве ударот е од внатре, ми вреска - ало се премори, за двајца дишиш и живееш сега, одмори малце. Ама ударот се стишува, а јас барам нови предизвици. Земам ли преголеми залаци? Чекам неки документе, што би рекле српскине гатачки на ТВ, и да решам голем проблем во животов. Еден ќе решам и ќе почнам да си правам нови, ама тие највеќе ги сакам... Што е животот без постојано вложување во себе?
Мразам кога се расправам со неедуцирани и неписмини луѓе.Не знае да напише сфаќам,пишува сваќа.Пола од речениците и се со разни скратеници во кои ако не се снајдеш испаѓаш проста (во превод- барај некој речник што ќе ти го преведе).Се кара со мене што и како (би)требало да биде.И на крај не и враќам бидејќи немам сили веќе,и ми пишува „hahhahahaha ne svakjas od zezzz“.А не сВаќа дека се смее на својата (не)писменост.Страшно.
Ептен одамна го правев од досада..... од неодамна го правев за пополнување на слободно време..... во ова лудо темпо, и во овој луд живот, а и во иднина ќе го правам од потреба од мир, тишина и спокој, и уживање во самотијата кој само ова ми го дава : шише вино, пуканки и добар филм/ серија ...... следи оргазмично добро втонување во сон.
Само неизградените,оние кои немаат свој живот и кои имаат некакви комплекси ке се обидуваат да ве навредуваат ,да ве понижуваат,да ве омаловажуваат,оговараат итн...Искрено жал ми е за таквите .Изградите си свој живот средете живејте за вашите моменти за да утре имате на што да се сеќавате и да им раскажувате на вашите најблиски..Ширете љубов бре луѓе.
Хелоу, ајм кравче енд ајм а тв шоус едикт Ех луѓенца, ете и во оваа мрзлива ладна среда, станав да си ги побарам очилата низ дома за да ви пишам... среќни да сте луѓенца. Така некако ми е убаво на душичката овој период чиниш светот, не на дланка, жонглирам со него. Јас се можам и ќе освојам, така ми вели умот. Ама ако не го зграпчиш во моментот, одлета па депресивните зимски денови ни божиќни филмови ни цвекло салата не ги спасува. Освен можеби првиот снег, не за снегот, туку за сонцево мое од куче што го имам и среќата нејзина најголема ♥ Среќата не прави поубави, така да си знаете. Низ годините се губи невиноста, чувството на реалност и рационализам се зголемува, а оние насмевки од срце, се се поретки... Јас, ова... ќе почнам да звучам како оние книги за самопомош Иако всушност никогаш не сум прочитала некоја, мора некако вака да звучат, како мисливе мои... Јес Мен! Енд Вимен! Слушам музика, читам книга и се сакам себеси. И вие сакајте се себеси. И мене секако
Едни од „најинтересните“ типови на луѓе ми се оние за коишто кога ќе кажат/пишат „јас да не се фалам/осудувам/навредам некого, ама... “, знаеш дека на долго и широко ќе го прават токму она од што се оградиле. Oh, the irony...
Затоа што очекуваш, затоа и не си се осетил исполнет. Давај ама затоа што сакаш да дадеш, без да очекуваш. Пробај и ќе видиш како ќе се почувствуваш. СДК ... внатрешниот статус на мир, љубов, исполнетост, радост ... не може да се спореди со надворешниот, материјалниот статус. Тежнеењето е да се пронајде човекот во себе, а не надвор од нас.
Meне никој не ме праша ама дојдов да стаам пипер во манџава. @ninja35 , не давај ништо пак без фала. Никогаш не давај ако не ти го вреднат даденото барем со едно фала! Па зар за еден збор од 4 букви ќе стискаме заби? Таквите не заслужуваат да им се даде. И очекувај да ти кажат фала, не за друго туку да знаеш дали после тоа ќе ги ставиш во кош на кој пак ќе помогнеш или ќе си се растеретиш од непотребен човек во животот. И кога ќе знаш какви луѓе имаш околу тебе, тогаш ќе се осеќаш најубаво и посебно. М,
^Таков народ сме. Ако ни кажат фала викаме дека нема потреба од фала, ако не кажат, одма лелее ни едно фала не кажа Сдк дека два месеци ме нема фатено никаков вирус, грип, настинка, грло, проклета температура и треска... Нешто нее во ред со мене
Штотуку начекав слика од 11 годишно (буквално) девојче со шминка... подобро нанесена од мојава. Од каде бе, злато, такви мачкини очи извлече со тушот?! Оно мачкини, јас мачкани... тибам животот. Перфектно време да те јаде срам за глупости од порано. Пример, еднаш кога ми снема туш, па со тапо моливче го правев другото око од што немав време да бришам и преправам. После се размачкало ко куре. Ќе си умрам, го шетав... Него, ми треба да се смирам и помирам со некои работи. А, не можам да се смирам дури не се помирам со нештата, ниту па можам да се помирам дури не седнам смирено и трезвено да размислам. Да откачам едно гајле за брзо, па полесно ќе можам да се посветам на тоа што ме исполнува. Се надевам...
^ За мене е уметност шминкањето. И кога ќе кажат, се' е до праксата. Од каде јас мир и трпение да најдам еден туш да си нанесам? Само кармин некој јак си ставам (со тешки маки), да не е карминот како што сум бела, мислам нема ни да се познавам.
И во маглата ќе можам да ти ја прочитам душата,и никогаш нема да ти земам пет пари како циганката од влезот на зградата,оти писателот велат на души читач бил,и на аглите од усните ти игра мала насмевка како лист во рана есен и рацете ти се смрзнати ги туткаш длабоко во џебовите оти Декемри е а во Скопје студот царува.А јас деновиве читам книги некои под свеќа напишани,и трагам по некои заробени во времето со прав покриени писатели оти нивните души чинам се најдлабоки.Сите тие имаат иста боја на очи,низ времето се провлекуваат,остануваат,што ти треба да бидеш писател,си мислам понекогаш,град со илјада темни улици осветлени со фенери,талкач да бидеш,сонувач да бидеш,чуда со перо да чиниш.Во аголот од улицата под напукнатиот фенер илјада минувачи со долги капути.
Малце ми беа 3 дена да сработам цел проект, па сега кога дознавам дека се менува dead line-от од стол не потстанав, се укочив од 8 и пол до сега. Ама барем го завршив ко што сакав изгледа и не ми е криво Допрва ќе се капам, допрва ,,ќе спијам‘‘, допрва ќе одам на факултет, дооооопрва на вежби. Не, нема шанси Антолина утре во 8 да стане и да издржи до 7 на факултет. Ај чаооо, најпаметно ќе ми биде да се изгасам.
Јас сеуште верувам дека постојат, вистински пријатели поздрав до тебе Ќе помине кога ќе почнеш да мислиш само,на убави работи.
Извини @julie77 , ама мислам дека @Madam-A е во право... Не зборам дека сум очекувал материјална сатисфакција, далеку од тоа. Дури ни едно кратко еспресо со чаша обична вода... Ама очекував едно фала, кажано од срце...а за неколку месеци истата личност пак ќе ме побара за истата работа...
Молчењето не секогаш значи одобрување, понекогаш е немање воља да се спротивставиш. Во тој случај пушташ друг да го води орото, а ти се повлекуваш потпевнувајќи си ја својата омилена рок балада. Само потивко ве молам со тапаните, сакам да си ги слушнам мислите.