Го знаете ли ,,лајачот,, од Рекорд ? Секој ден, секое утро го сретнувам. Се на исто место стои.Чека некого.Не ги лае сите коли, само таксистите. Се збори дека пред многу години го удрила кола-такси. Што куче ќе беше, со години памти.
Го знам и јас таму често поминувам .Има и две три други со него, ги рани човекот што продава паломи и шноли кај пешачкиот,
Мразам кога возрасен човек не знае да поднесе дискусија, па секогаш било, ајде остави го, не почнувај, а тој прв започнува да се пали на големи теми, и кога вратиш назад со твое мислење и коментар, не го разбира, освен како лична навреда. И овде во форумот, не може да напишеш мислење и да очекуваш тоа да биде свето и оградено од реплицирања. Ако не мислиш дека си способен и спремен за дискусија, не оставај мислења. Just deal with it.
Mi mirisa na petok Da, izgleda petokot e na vrata Za ljubitelite na petokot, mozam slobodno da vi kazam deka LUGE UTRE E PETOOK!!! VI MIRISA NA VIKEND?? I mene. Ouuu jeeeea!!.
Самер, не станува збор за возрасен човек што не може да поднесе дискусија, туку за целата македонштина собрана на едно место. Мислам дека во крвта имаме плус крвни клетки - аманеможетидасивоправонемеинтересирашинесакамдатеслушамчао, веројатно затоа сме такви. Многу ми е лошо кога пишувам и зборувам вака за мојот сопствен народ, не сакам да делувам како мрчатор, ама луѓе бе! Дефинитивно сме една проста нација, потребна ни е многу повеќе едукација... Образован човек никогаш и под никакви услови не би одбил дискусија, би те ислушал културно и фино па макар и крвта да му врие одвнатре и да не се согласува во потполност. Ама ако зборуваме за дискусија, а не убедување. Ви викам, треба да се собереме група преродбеници, да се описмениме и разграничиме што значи почитување на туѓо мислење, дискусија, разговор, љубезност и чесност.... Ееее моја чудесна Македонија...
Сметам дека ова е за тука, па сега вие видете и размислете што ќе си зацртате за следната година Имајте убав ден. Ваша М,
Дали 'like' е новото примирје? Прва бев јас. Па, ти 'like' уваш. Сабајлево те гледам повторно... На повидок е нешто? М? Што е сега, а убавецу? Фрику еден. Ах, тие очи плави......
Ако и се допаѓаш и со неа благо флертуваш, ок е, се зезате, ништо страшно, смеа, шеги, побрзо да мине денот. Ќе те збори по колеги како си духовит и шармантен. Ама ако истиот тој невин флерт го добие од некој кој не и се допаѓа, ќе го сфати како сексуално вознемирување и дури трепнеш си сексуалниот манијак во фирма. Жени. Ама пак и така е, секој има право сам да си одреди до каде ќе му допушти на другиот. Ако гледаш дека не ти ги прифаќа шегите и не ви оди муабетот течно и неиссилено туку секогаш има некој awkward момент измеѓу, повлечи се, ебате. Мажи.
Проклети соништа. Во еден миг се толку вистински, како да е тоа твојот живот, да, како да си тоа ти. Во друг миг си велиш: Ах да беше ова сон, па да се разбудев. И после, одеднаш се наоѓаш на работ на сонот и јавето. Де го гледаш таванот во твојата соба, де бегаш од она што те брка во сонот. И накрај ете си со отворени очи завиткана во топлото ќебенце, се будиш. Воздивнуваш како да ти се симнал тежок товар од грбот. И се е добро, ти му велиш на бога: Фала ти што беше само сон. Колку пати сум рекла, утрото ме спасило од секакви ситуации. Уживајте во денешниот ден,во секоја нијанса на сиво, макар што знам дека не ви е омилена боја. А, и заборавете на кошмарите.
Да се надоврзам на постот на нинџа ..имаше едно девојче во средно и кажував т.е јас и го решавав цел тест за на крај кога завршивме средно да не каже ниту едно здраво мислам тоа е кога немаш култура и не ги поседуваш вистинските вредности за еден човек што треба да ги поседува ..јас не очекував ништо за возврат тоа го правев од задоволство да помогнам некому...јас вадев 5 и таа 5 ...сега јас сум културна и знам како и кога треба да се заблагодариш или помогнеш некому а таа и понатаму си е тупава...тоа е ...
Јас немам навика да ја покривам чашата кога си спремам чај. И не бирам каков. Само да ми ја затопли и разблажи душава. Се шири мирис на малина низ собава. Зјапам низ прозорец и му се чудам на силинита на ветрот. Од каде бе толку сила наоѓа? Се мислам да излезам може ќе ме дувне негде далеку. Пак ќе се вратам де,само тежинава да ја фрлам некаде
Се трудам да направам и вложувам се што е во моја моќ да излезе како што треба а тогаш другиот не го цени тоа дури и те понижува и се прави попаметен. Аман веќе луѓе, луѓе ли сте или за да си ја зголемите самодовербата газите се пред себе? Да бевте малку луѓе или човек ќе го искористевте тоа што го имате во главата на најдобар можен начин а ако не сте тогаш нема место за вас во мојот живот.
Имам еден комшија, тежок, ама тежок шабан, пропратно со сите карактеристики. Среќа не е тука и по година дена... Прееска ме среќава во лифт: Калиопе, ти си бе? Леле, леле, како си се сменила... *па ми ја трга капата да ме загледа поубаво*...алал да ти е. Лепотица, права Сека Алексич. Еве, уште седам навредена...