Наменето беше за едно дете што учи со мене и не сфаќа дека таа не го сака. Јас ниту сум заљубена,ниту имам дечко,сега за сега не ни планирам
Имам работа, немам пари, имам топлина во домот, имам дечко, имам љубов, имам насмевка, имам куче што ми спие во дворот на сонце, имам пријатели, имам навика да пијам 10 шолји различен чај во текот на денот. Имам убава куќа, имам тапа кола ама се тркала битно, имам ужасни комшии, шкафче полно со козметика, а само три пара штикли. Имам 20тина фустани, а само 5 пара панталони, имам 50тина книги, а сакам 1050. Имам знаење и желба за уште многу знаење и учење, ама уште немам диплома. Имам виножито во соба, црн чај во шолјата до мене, љубов во срцето и многу желби. Тоа е среќа.
Пресреќнааа сууууууууууууум!!!! Ми се роди братучед ми! Каква среќа, еееј! Одсекогаш сум сакала братче, но еве, сега братучед си имам. Добро, прв ми е. Едвај чекам да си го видам Викторче. Сакајте ги вашите блиски, тие можат да останат до вас и во најтешки моменти.
Зошто оваа дескриминација? Зошто јас морам постојано да сум жртва на било што? Зошто сите ме одбегнуваат? Зошто сите ме мразат, па дури и оние повозрасните? Што сум направила јас? За што сум виновна? За тоа што постојам? За тоа што сум ниска? За тоа што секогаш сите за мене се еднакви по своите права? Така ли? Тогаш да се спремам. Треба се подготвам. Не дека требаат некои подготовки, само нож and I'll be ready to die. Мојата работа овде заврши. Им помагав на слабите, се обидував да ги решам сите проблеми, иако во повеќето не успеав. Мислев дека се ќе заврши, но тоа штотуку почнува. Сега во основно вака ме третираат, а па можам да замислам како ќе биде во средно. Не фала. Не ми требаат кошмари секогаш кога ќе помислам дека ги нема. Не ми е потребен свет кој никогаш не е на моја страна. Не ми е потребна осаменоста. Не ми е потребно измачувањето. Подобро да кажам "збогум" отколку постојано да ми укажуваат на "не си добродојдена". Ја изгубив играта уште пред да започне....
Еве петок, онлајн час фотошоп со сто луѓе што ѕиркаат, пари ми каснат на сметка па прекршувам рок за проект, ми се деркаат околу тоа,како демек јас крива, знаат дека не сум, ама така комуницираат,од љубов им е тоа,да заврши работата побрзо, така финко, опуштено. И други животни промени од типот - поим немам кај ми е главата. Вчера му кажувам на татко ми, ми вика - ај не таласај, што ти фалеше? Фала татко, така мотивација се храни. Не таласај бе?!? И вас дома ве учеа за комфорната зона? Да,а? Синдром на родители од социјалистичко доба. Не му ја мислам многу, само си чувствувам. И добро ми е. Некад демоните ми го параат стомакот, некогаш пеперуткови крилца ме галкаат. Ал ЖИВОТ!!! Знаете дека сте одомаќинети кога на работа правите смудија...и се договарате да формирате секта смудисти, бетер од хербалајф. И од другите вести од внатрешноста на мојата душа, гледам пред себе (не буквално, инаку отидов во шизо) нешто огромно, блиску е, само што е МАТНО!!! Треба да си го сменам диоптерот! Ама ми предизвикува ролеркостер во стомак! Значи добро е! Кој знае кога ќе се избистри фокусот што чудо ќе искочи! Таааа-таааа!!!
Го знаам тоа чувство...Преубаво е . Само мене лани внук ми се роди,од прва братучетка.Колку само го сакам,симпатија ми е .Плав со плава коса душа е. Нека е здрав и жив со мајка и татко. И со братучетка како тебе.
Девојче дали се читаш што пишуваш? Те молам препрочитај ги мислењата пред да ги праќаш. Да плачам или да се смеам ..
Сакам убаво време,сончево пријатно за прошетка но оваа е ненормална работа за во средина на март бее Колку степени има надвор Над 25 секако,сигурна сум ... ауу како пече Си замислувам како ќе биде во јули август и уште сега ми се слошува ,а тогаш како ќе функционирам незнам ... се ежам со помислата дека доаѓа лето Летово ќе стигне и до 60C степени како шо ми изгледа Ај со помин нека е ...
Денес е прекрасен ден. Денес можеби го добив првиот неоправдан. И тоа за глупост. Сепак, денес е прекрасен ден.
Седам и се чудам зошто денеска е толку прекрасен ден и топло е и дури ми сега дека денеска ЗАПОЧНУВА ПРОЛЕТТТТТ !
Со што го заслужив ова? Не сакам ни на го изговорам.Ова се случи се наеднаш.Како гром од ведро небо.И сега што? Значи треба да умрам. Зошто? Што зрешив за ова да ме снајде? Не сакам да умрам на 16 год.Како да се смирам.Дечко ми ми вика смири се,не плачи.Како да се смирам,како да не плачам? Така зборува затоа што не му е гајле за мене.Не знам уште колку дена ке живеам.Ама знам дека уште мнооооогу малку.Зошто? Што згрешив јас?
Мојот град,е град изграден од остатоци на скршени соништа,зад новите фасади јас секогаш ќе ги гледам старите,оние избледени од времето и однесени од ветрот.Го гледам во очите на старецот,во девојката која чита книга седната на тревата покрај езерото во паркот,му ја крадам душата иако тој веќе ја има мојата.Над мојот град некогаш летаат гаврани,над мојот град некогаш свети сонцето.
Животот ти носи убави и лоши моменти,од убавите се радуваме,од лошите учиме тоа ни е лекција како понатака да се бориме,дојде пролет мене расположението ми е на врв ,тек следува шетање,по градови,планини,паркови,природа ке уживам максимално.
Имам навика имагинарно да создавам кутии во кои ги ставам оние нешта со кои не можам и не сакам во моментот да се справам. Ги оставам на страна и не мислам на нив, за да можам да се фокусирам на други поважни работи. Чекам да помине време, за да се соочам со она што ме мачи тогаш кога ќе се почувствувам доволно спремна. Денес отворив една стара кутија. Не се чувствувам доволно спремна, ама некогаш времето не ме прашува. Само се надевам дека ќе бидам паметна и ќе донесам правилна одлука.
СДК станав силна личност! Порано можеби бев емоционална лигла што на секој проблем во животот му плачеше, ама се сменив, сега сум силна. И сега плачам, ама ретко, станав цврста како карпа и знам како да им пријдам на проблемите. Се сменив еднаш, на подобро, сега не сакам пак да се менувам кон старото. Ќе останам цврсто на нозе
Задлабочена некаде во мислите,го препуштив погледот на зајдисонцето. Сноп пригушена светлина падна на широките пространства означувајќи го залезот на мигот. Уште една измината илузија.Глув молк околу мене. Јас и егото. Имам потреба да ја разголам душата пред самата себе,да ја тргнам прашината од стариот дневник и да се соочам со тежината на пожолтените хартиени листови како белег на времето. Не сакам будна да сонувам.Свесно можам да ја погледнам гранката од непознатата сенка надвисната како столб.Лесна и кршлива.Жуборот на тивката река во далечината ми ги меша емоциите. Горда сум на победата.Не се плашам да си ги признаам грешките испишани низ страниците кои како тенка завеса се попречуваат пред да ја вдишам свежината. Визуелно се бледи.Но, потсвеста ги маркира со црвена боја.Функционираат низ призмата на алармот. Ги бројам чекорите за да не ме потклекне поразот.Еден напред, два назад. Тоа не сум јас...Почнувам да не се препознавам... Зошто токму мене ме избра среќата? Или ја имав,па проклетството ми го одзеде четвртиот лист од зелената детелина. Не сум обесхрабрена. Само пресудна е волјата за да ја продолжам потрагата.