Сакам да кажам дека ...спреми се .. 1. 2. Предходната точка како што и сам/а забележа е празна. Да, празна е, намерно е оставена празна за да оставам доволно букви на располагање при пополнување на оваа точка. Океј ? 3. Учете го Скопјето на памет да не фати некоја густа магла. 4. Рекламираат: Купете го најновиот соковник и уживајте во преголемото количество на витамини кои се зддрави за Вас. Да му се сневиди како ( јаболката, крушите, бадемите, лешниците, орасите, медот, кокосот, авокадото и сл ) ГРАТИС да ги даваат. 5. Лила игра " Се или Нешто" а Грујо "Се или Ништо" 6. Еј веќе ја претера !! Неколкупати те забележав како проверуваш дали сум прескокнал некоја точка. НЕМА, ај олабави се... 7. Сега надвор трчав на ладно. Абе носот не си го осеќам, прстите како отсечени од рацете и солзи ми течеа. Убавини;. Утре пак ќе трчам !! 8. Оваа точка и не кажува нешто многу важно. 9, Сега ја користам оваа прилика да го поздравам оснатаниот дел на лојални поддржувачи. 10. Оваа ќе биде последна точка за оваа година. 11. 1 ПозЗ3³ ®
Јас навистина не знам што е оваа опсесија со кафе пиење по кафичиве.И немам ништо против ако се сретнале зашто така им одговара да не се нарушува домашниот комодитет,туку тоа го прават да бидат видени,т.е.демек се социјализирани.Девојките или жените си ги тегнат косите,најчесто пеглани,машките зборуваат за политика или пополнуваат спортска,а при тоа и двата вида се ѕверат во телефоните ,како кој знае што ќе пропуштат за тој половина час.И генерално не сакам кога некој ме викне на кафе ради реда. Викни ме да се прошетаме да ти го слушнам гласот а не музиката која трешти,да се насмееме зашто сме го сфатиле вицот а не зашто така треба,без ѕверење во телефон и дриблање со политика. Направи чај од нане во термос и викни ме на кеј ,во парк,ако веќе не сакаш дома,да се смееме и пожалиме искрено ,без да се смееме во камерата од телефонот. И не знам што се случува со луѓево.Сакаат девојките романтика а при тоа ако дечкото има купатило помало од 20 квадрати ,не е богат и не е вреден.Е не одговара малку да биде сродна душа ама ќе се надокнади тоа на друг начин.Сакаат слобода а да тресне со раката на маса да покаже дека е мажиште. Мажите сакаат жена која одлично ќе готви ама нема никогаш да замириса на запршка и лук,Да знае да се секса како професионалка ,ама да е невина.Да изгледа светски ама да не троши пари.Да е школувана ама да не е попаметна од него. Дајте да бидеме обични луѓе.Човечни.
Таков талент сум шо кога зборувам на моб, во ташната упорно барам кај ми е мобилниот не можам да го најдам и си мислам дали сум го заборавила некаде и после ми текнува дека ми е в рака
Сакам само малку за да се заблагодарам за се што ми се случува овој период. За една нова љубов, за едни нови пријателства. Денеска уште еднаш сфатив дека сеуште има луѓее. Сакам да кажам и дека конечно се вработив. Знаев дека тешкиот период што измина е само уште еден тест на издржливост.
Барам искрен пријател кој гушкајќи ме, во неговата топла и пријателска прегратка, ќе ми рече "Се ќе биде добро, секогаш ќе бидам тука за тебе и во добро и во лошо". Барам пријател кој знае што значи вистинско пријателство и кој знае тоа пријателство да го цени, барам пријател кој нема некои задни намери, кој знае да те ислуша, да те утеши, да ти даде пријателски совет и да ти помогне кога и да ти е потребна некаква помош. Ќе најдам ли некогаш таков пријател? Тешко, премногу тешко... Но, надежта последна умира!
Да се надеваш половично за да се заштитш од разочарување, а тоа можеби демне од секој агол или пак да се надеваш со целото битие ... некако не се живее половично или се или ништо ... до следната надеж !
Македонецот е чудо од човек, не бе не станува збор за тоа дека е експерт за се, ами за она другото, ем кука дека нема, ем иде на кафина секој ден по 5 пати зборува со најнов модел на ајфон, вози 3 коли и најбитното редовно посетува едно 454231345456 пати кладилница... Не знам ваљда секој 2 го фаќа сонот "гол пиштол" откако излегува од кладилници, казино или нешто слично од таа сорта... Не сум љубител воопшто на тоа, да да изјавувам при чиста совест и здрав разум јас Бонд007 не идам да пуштам лифчина и еве до ден денес сеуште сум жив!!! Женче @Kukla994 вечера молам ^^ ... А вие драги имајте убава и исполнета вечер...
Ооооо, Barca here I come again!!! Значи не можам да ви опишам колку сум преееееенајсреќна луѓе!! Со најмилата личност на планетава си се договоривме, се организиравме, ете и картите се земении!! Јухуууу Заслуживме и двете после сите стресови годинава да се одмориме, да се изжуркаме, и да уживаме. И ич не ми е гајле ако на довчерашната другарка, бившиот и е нов дечко. Комедии се. Или трагедии. Како сакате. Некои луѓе едноставно заслужуваат едно големо ништо! Ми плачеше на рамо, ја тешев со години, ја советував, за мене кога ми беше потребно едно како си, не беше нигде, го обра него за најдобро друшто. Го запозна со сите нејзини другарки и ми продаваше приказни дека бил дружељубив. Ај шо збориш?! Дечкото кој едвај го вадев од дома. Немој не ме смеј. Си се заслужуваат. Кретен и предавничка. I'm sooooo excited за понеделник! Енрике во живо finally. Си купив карта, ќе терам сама, ич не ми ни треба друштво. Деновиве кој од кој подолг и понапорен ми се. Ако не се срушам после колоквиумска, едно два дена да хибернираааамм..
Премногу ми одат на живци оние личности кои се претерано арогантни и иронични.Океј, некогаш е потребно и да бидеш ироничен и се тоа сфаќам али нонстоп да превртуваш очи на се што ќе каже некој друг е тоа ми е веќе претеризам и непочитување пред се.. Колку само едвај се справувам со желбата да ти ги ископам очите со ноктите не сечени две месеци.Е така да си знаеш!
Денес бев Скопје по 6-7 години. Од прва средно немав ојдено. Баш супер ми дојде малце шеткање. Убо ми беше така дека секаде скоро со сијалички, новогодишно. И јадев едни ненормално убај вафли ммммммм....... Всушност од стално имав некако лош впечаток за градот, не знам поради која основа. Некако скопјани знаат да бидат малце поарогантни во однос на битолчани. Тука помили се луѓето некако поотворени, попристапни. *Без навреда за скопјани* Ама ми се допадна. Поќе од шо мислев. Мило ми е шо во глобала таму секој си гледа за себе и не го интересира многу многу за останатите. За разлика од тука кај шо трач рубрика е секодневие. Ама сепак тоа си иди со големината на градовите. Ние тука тие сме, се знајме ако не лично од вака низ град сите познати ми се... И онака поќе од пола си заминаја странство, другите се мачат како да си заминат.... И така. Битно мислам дека би сакала минимум во Скопје да се преселам ако не успеам некаде понадвор- шо подалеку!
Познаничка од средно предава англиски во приватно школо и некој ученик и го украл телефонот Знам дека не е смешно, така ми дојде смајлито у моментот, али познавајќи ја колку е осетлива и личност на место, знам дека се има многу изнервирано. Се има разочарано како таа да потфрлила во образование, а всушност е недостаток на домашно воспитување. Неам појма што значи насловот, а живо ме интересира Спојлер Седам, слушам Фолтин со бадеми и Скопско до мене За убаво нека е
Во последно време се осеќам многу тажно и индеферентно. Причина - се уште непозната, ама имам некој сомнеж. Без сили и волја да направам нешто во врска со тоа. Ќе видиме како ќе биде понатаму. On a lighter note, ја пратам уште Сара ака СараСимплифајд, ни ја поминуваат за малце (а и слушнав дека лажни гласови на некој начин преку Гугл придобивале) па кој сака да си имаме Фемина форум претставник нека гласа на следниот линк: http://skopjecasual.mk/post/134716370310/blogerski-predizvik-polufinale
„Над морето цел облак, пред морето сребрен брод, во морето златна риба, на дното сини алги. На брегот еден гол човек, застанал и размислува: „Облак ли да бидам, брод ли? Риба ли да бидам, алга ли?“ Ни тоа, ни тоа, ни тоа, ни тоа. Море треба да бидеш, сине. Со облакот, со бродот, со рибата, со алгата. Едро биди, лопата биди, кормило биди. Риба биди, вода биди. Оди на секое место каде што можеш да одиш.“ - Назим Хикмет Ран
Кога се возите со 5ка заштитете си ја главата...Му пропуштаат вода крововите,или некој стои над вас и му капи салајва од штрбото муце!!А чувството?Прајслес
Додека објасниш дека не си заинтересирана, прво ти оде по нервите, па ти се качува на главата, па на грбот ... и од ка че сфане кооооооооонечно, оп , тогаш му текнуе така магично дека не си толку убава, ненормална си, вошки имаш, крадиш а може и на таванот спииш.