Стави кора од мандарина врз каминот. Нека ни замириса собата, нека не потсети на усвитените денови кои мирисаа на изгорено. Седни, чајот во раката помирисај го, голтни, има вкус на оставање. Раскажи ја нашата приказна. Потопи го каењето со врелиот чај и започни. Раскажи како НЕ се сакавме.
Мило ми е што конечно завршува денов. И со сите марифети дефинитивно оди во еден од најстресните денови во мојот живот. Зошто? Сега ќе ви раскажам. Имав секс вчера, заштитен, со кондом. Еднаш, два пати па ај и третиот од паковањето да сме го употребеле. Јас не, ќе си одам... Он ајде бе, загреан сум. А секс два пати не се одбива. И погодувате, нели? Да, пукна. И ние секако го забележавме тоа од како си заврши работа, сврши во мене. Паники тука ја, одма пресметки правам, рачунам плодни денови али пустото, ме јаде јанза, не можам да бидам 100% сигурна. Ќе си се напијам утре Норлево. И утрето т.е. денес ко за беља, успивање за на работа. Ајде си викам, по пат има една аптека, од таму ќе земам. Е има аптека де, нема Норлево во неа. Трк до друга, земав и трк сега на работа. Ај викам по пат ќе го испијам. Одам и во една рака вода, со друга вадам да отпакувам апчето. Ми падна, љуѓе, проклетото апче МИ ПАДНА! Па со сиот памет во таа излуденост, светам со телефон, ќе го барам. Се освестувам после минута шо праам и трк назад до аптеката. И се заблагодарувам на аптекарката ко лек за долговечност да ми дала па дури и таму го испив, пак да не го изгубам. Марфи, брат, или биди понежен или дај да смениме поза!
Зошто те плашам? Durex користевме и ми побараа рецепт, објаснив дека ми е прв пат, дека не сум алергична на нишо... Ем таква коа ме видоа испаничена, живот ми зависеше од тоа апче во моментот, одма ми дадоа.
Добро бе комшо Имаш ли осет за време? Си пуштил музика од 20h, а сега е 4 наутро и уште свири. Ја овде мака мачам, со учењево, а ти во "кокошкините" часови се веселиш. Бре мајката, да знаеш дека ти завидувам.. Иии....заборавив што сакам да кажам, ми беше на ум, ама ете се шекнав од комбинацијава --> учење + народна музика = А, сега добра ноќ луѓе П.С комшово ми посакува добра ноќ, со песната "Жал за Деспина"
Добро утро. Прво кафенце па се друго. Нов ден нови обврски. Прво кафе,па се друго. Јас велам гурај си и не гледај назад.
Нели за да се успее во нешто треба да се има волја. Епа, мене кога ми треба волјата никаде ја нема. Исто како пријателите. Инаку утрото по денот се познава, денес сонце јок. Епа толку, зима е веќе.
Живееме во еден измислен, нереален свет. Сиромашните се прават дека се богати... Најубавите се мислат за божици... Мажите станаа поголеми жени од самите жени... Непријателите се претвараат во пријатели... Глупите ги зафркаваат паметните... Губитниците ги плукаат успешните и се мислат дека се попаметни од нив... Бидете она што сте, а не дел од овците! Подобро вистински никој отколку измислен некој !!
Кој пред тебе го критикува друг и збори за туѓите маани, да знаеш дека пред друг и за твоите маани ќе збори.
СДК ме нервираат луѓе кои ги злоупотребуваат своите позиции и се изживуваат со тие околу нив, ме нервираат луѓе што не се стабилни во своите одлуки и не стојат на својот збор, сега едно после друго, ме нервираат неодговорни, и посебно кога се прават со сила мутави. Едноставно не ги можам, а врти врти се некои такви ме следат, whyyyyyyyyy.... сдк каде се сељо покондури....
Желбата се оствари, само моја лепотица си е сега, регистрирана, чиста, убава, најубава на свет. Стварно посебна радост е кога сам нешто ке си купиш и створиш
Добро утро. Јас дури сега го пијам утринското кафе Се наспав конечно како човек. Мајка ми е прилично вредна од сабајле па цела куќа ни мириса прекрасно .Scooby Doo на репертоар, дадево се смее на цел глас. Убаво ми е
Ми се смачи од од времево.Нема утро,нема ден,само магла,бело насекаде,тешко за дишење. Ама и така ние само по дома си седиме.Но друго си е кога наутро ќе си изгрее малце сонценце и после така полека но брзо ќе си замине... Еее премногу брзо минуваат деновите,времето поминато со драги личности,уживањето во шолја пенливо капучино.... И СДК ќе се обидам да бидам подобра личност,но реална како и секогаш.Можеби некој ќе забележи
Пред некоја недела бивша пријателка имаше именден. Иако не сме во добри односи напишав порака со цел да и честитам, сепак некогаш сме се дружеле. Не добив повратен одговор,а не се ни изненадив. Потоа дознавам дека го сменала бројот. И сега си велам добро,баш добро што не ја добила пораката,може погрешно би ја сватила пораката. Иако ми е малку криво. Така требало да биди, што можам јас.