Не е гласен оној кој "гласно" зборува, туку оној чиј збор ќе допре до тебе. Штета што опседнати со своето "гласно" зборување,изгубивме доблест да слушаме.
За мене викендот е веќе почнат.Денеска немам некои посебни обврски и баш е супер Сакам да се заљубам бе луѓе,сакам да ми е полна душичкава Ама ај,ќе почекаме ,можеби во блиска иднина.Вечер има добра забава у градов,можеби таму А вие да имате преубав викенд,сите! Јас сум денеска одлично расположена и верувам во себе Уживајте во моментите
Ресторант разервирано, фризер закажано,друго и 'не е битно' шо. Здравје Боже нека помине уште пола година и таман ќе биде се Иначе луѓе јас цела недела се чуствував како да ми е викенд а сега кога почнува викендот се чуствувам како да е понеделник Само мене ли ми е така се наопаку бе
Омилен дел од новогодишниот шопинг? Седење дома сам и пиење чај додека целото семејство пазарува, дур цените не станале превисоки. Знам дека ако се понудам за помош, само ќе пречам. Зошто кога влегувам пред празници во продавница редовно ме посетува оној "хо - хо" алчен новогодишен дух кој ми слетува на рамо и шепоти ''КУПИ СЕ". Само се чудам зошто и после празниците не е така солидарен, да дојде и ми остави некоја паричка во новчаник...
Здравиот има безброј желби, а болниот само една ДА ОЗДРАВИ! Побрзо оздравување на сите кои моментално се болни.
На некој чуден космички начин "спечалив" право, да посакувам и да мислам дека треба да поседувам ексклузивни работи со сите парафеналии . Кога дојдов до ова сознание и како , точно не можам да лоцирам.Тоа е една меѓуфаза кога од преголема експонираност ти пука филмот и стануваш свесен за сопствената интровертност. Но ете, постепено кога од екстровертна ,преминуваш во интровертна личност на тој начин престануваш да ги гњавиш луѓето со себе, а и они да те гњават тебе со нив Времево на чајни колачиња, лепени чоколатца ме потсеќа. Сакам убави macarons, во пастелни бои а не како оние од Рамстор суви и неВистински. Кога сме кај вистинските работи, почнувам да се дружам со ретки луѓе. Оние што зборуваат и ја љубат вистината. А вистинските луѓе во реткост ги среќаваме.И шо сеа кога се ретки ? Во Окситанија , во јужна Франција, повеќезначна е смислата на зборовите. Не сесеќавам точно и не ми текнува како се пишува, a се изговара Skivash muklec.. Преводот на оваа фраза од окситанскиот јазик е Гледаш,ќути си. За кортоазна, дворска љубов си прајме муабет. .
Реков дека Понеделникот ми почна петочки, ама пак затоа Петокот ми заврши понеделнички. Not cool, so not cool man .
СДК дека не сакам вакви периоди во кои ме обзема некоја мрза, некоја летаргичност, без инспирација за било што... Но, не е виновно времето што е ладно и што е темно по цел ден. Не ми пречи тоа. Ми пречи самата помисла на тоа дека се ближат празници. И секоја година истото... Продавниците - преполни, народот кука дека нема, а некои навистина немаат, но тие некако не ги забележуваме. Потоа на телевизија ќе се појават т.н. доброчинители кои „направиле“ нешто за децата без родители, за луѓето без дом, за болните... А ништо од тоа не е правата вистина. И ме мачи помислата на доаѓањето на Новата Година и празниците кои следат зашто секоја Нова Година е „најлудата“, а всушност е едно огромно клише и пренемагање. Празниците кои следат после дочекот ми се уште помачни. Ме потсетуваат на неубави времиња. Лоши спомени кои ми се врежани во сеќавањето и никако да исчезнат. Можам колку сакам да се преправам дека сум ги надминала и да се трудам да ги заборавам, но тука се празниците да ме потсетат. Секогаш тензични, дали има се' на трпезата, дали сите сме се собрале на време на масата, како одеа обичаите, кај кого се паднала паричката... И пак ред тензии. Највеќе од се' ми пречат празниците можеби затоа што градот е многу мирен. Особено на 1-ви јануари. Колку што уживам во прошетката на секој 1-ви јануари, толку ме лазат морници и ме дрма некое чудно чувство во стомакот, зашто ништо не работи, никој нема по улиците, како да се одвива најлошо постапокалиптично сценарио. Ајде, доста мрчев.
СДК по кафето со другаров да ми е жив и здрав. Човек што ти отвара очи во секој момент. Бурнава недела можам да ја завршам со нови пријателства, а викендов можам да го започнам со веќе договорена вечер. И денес ми летаат на сите страни, што да облечам, па косата вака собата ми е бомба. Ги обожавам овие денови. Нова Година договорено, фризер закажано, облеката спремна, станот среден. И да, за ништо и никој не се замарам.
Се немало пари , а сите викендици во Берово резервирани за Нова година. Кафичите и рестораните закажани, а менито тежи од 1700 до 2000 денари...
Не ја гледам поентата славење Нова Година во кафиќ давање 2000 денари за ништо, само за пијалок. Па во кафана иста пара па и јадење имаш и музика. Во кафиќ не би славела никогаш, со другаркиве се договоривме да се собереме дома, ем убаво ем топло и безбеден си. Никогаш не сум ја сфатила поентата, давање пари толку за ништо.
Ми се јавува попладнево и ми вика: Ај спакувај се и биди спремна, ќе идеме на викенд. Каде, кога и со кого - ни он не знае Па кога ќе почнам со моето мрчење за тоа како ми е испланиран денот, само ќе ми рече: Де бе Ана, кај ти е младоста, биди малку спонтана, не мора секогаш да се држиш до твоите планови. Е ај така нека биде. Само што од такви спонтани викенди, имам гурано кола на угорница и имам изигравано помошник механичар. Затоа што некој не си мислел на време и само тргнал на пат. Ама ај да не кршам филм
Сакам да кажам со живеењево во Скопје мислам дека никогаш повеќе не сум била поисплашена. Страв од се `!
Se plasam deka nema takvo cudo... Daj Boze da ti se sluci, ama ne mi se veruva deka postoi negde vakvo nesto, ili bar za mene nee poznato