Неможам да поверувам какви луѓе постојат. Додека чекав во аптека да дојдам на ред еден човек пред мене и се жали на аптекарката дека жена му имала стомачен вирус и она му објаснува дека немало медицински јаглен во таблети ни на рецепта ни на приватно, а имало во капсули. (инаку човеков сакаше на рецепта да ги земе) И човеков и вика ама тие не се на рецепта треба приватно да ги плаќал. Аптекарката му вика дека се околу 100 денари 15 капсули и дека не се скапи. И он мртов ладен вика не зимам нека си пие чај. Алооо жена му дома со стомачен вирус а него му било многу 100 денари да даде. Во кладилница сигурно дава и повеќе. А да го видевте човекот дотеран, парфем а ваму се однесува како .....
Кога цела работна недела се бориш и се браниш од куп непознати и самобендисани луѓе и за време на викенд домашните ти го расипат денот. Абе едвај чекам дома да си дојдам, дома се чувствувам најсигурно, зошто ич не ме разбирате? Мислите дека со вашите ситници не ме повредувате мене? Освестете се наскоро, зашто доста ми е и од вашите глупости. Инаку од работи без врска, ќе заборавев добро утро да речам. Епа: Добро утро и среќен ден на сите!
Не му ја знаеш приказната, можеби немал сто денари во него, па му било срам и затоа искоментирал така... Жално е некој да нема сто денари за лек, ама таква е ситуацијата кај нас.
Не е дека немал 100 денари. Поинаку изгледаат луѓето што немаат. А тој дотеран како за на свадба, се гледа дека имал поважни работи од здравјето на жена му. Ми се има случено во аптека една жена вадеше ситни пари по денар да даде за сирупчиња за детето и не и стигнаа за околу 170 денари, извадив од новчаник и и платив на аптекарката. Се гледаше дека жената нема ама здравјето на најмилото нема цена и последните пари ги даде.
„Одамна немам шкртнато на темава..“- стандард интро на пост во СДК кога подолго време немаш дојдено да истресеш што ти лежи на душа. П.С Неколку тематски линии се провлекуваат низ постов. Што за жена е чанта- тоа за мене се џебови на јакни и фармерки. Можам да ја најдам честитката за Нова година од симпатијата во четврто, конци, марамчиња, лабела, бонбони, карти, гробот на Александар Велики, е, сега, пари малку послабо. Финансиерите мои треба да бидат благодарни што не искачам често. Туку, годинава си пројде, влечкај се по автобуси-оди во школо-врати се дома-учи (не баш за учењево ). Секој ден истата работа, од што ми стана досадно во автобус им давав нови имиња на станиците кои ги проаѓам, плус имам и омилен шофер бидејќи со него најбрзо стигам. Јас кога влегувам во автобус мислам дека сите пензионери се обединуваат и влегуваат во истиот. Кога животот ти дава пензионери во автобус, испорасправај се со нив како никогаш досега. Остај пензионери, Нова година ќе дојде, а јас ниту малку не сум еуфорично расположена. Џабе почнаа елки со сијалички и црвено-бели бонбончиња ко бастуни да ставаат по излози, снег ми треба. И на градов му треба многу снег, се задуши од смог. [Не знам што да допишам тука, нека стои вака.] Сосеткава ми е чудна, си има накитено елка, ја чува во плакар и ја вади за празнициве и пак ја враќа накитена назад, црногорка една. Па, не е интересно така, фати лампионите, ланци, сијалички, снегулки, шишарки, реди ги, со музика за подобро расположение, со буквално триста чуда. Како мајка ми, па кога ќе нѐ собере на купче и ќе ни даде балони да дуваме, да сме украселе повеќе, циркус. Како после секоја реченица да оставив три точки и да не се докажав. Сѐ набрзинка си кажав. Имајте убав викенд.
Abe mnogu e lesno da se osudi covek spored fizickiot izgled. Nekoi se stvarno bez oset, sedat na dva cekora od tebe i megjusebno go komentiraat tvojot fizicki izgled, se podzavrtuvaat za poubavo da te "ispitaat" E takvite mnogu gi mrazam i zal mi e za niv.
Сигурно имаат некои мани и недостатоци на нив или во мозокот па затоа кометираат физички изглед..Зошто уште луѓето не можат да разберат дека СОВРШЕН човек не постои не ми е јасно?
Знаеш дека си зависен од фемина кога и дрво пијан у 4ипол сабајле се уклучуваш да видиш шо има. Ми требит одмор.
Сонце, сонце, сонце Мојата помисла кога ме удри сонцето утрово: „ЌЕ ШЕТАМ“ Помислата на дечко ми кога го удри сонцето утрово: „Ох ... ќе шетам.“
Украсуваат тука на работа, китат ли китат. Вакви светилки, онакви, ѕвезди, лампиони, такви зелени, дедомразовци, абе шо да ви кажам, мислиш некоја зимска идила. Јас настрана си седам и си подработувам. Да помогнам не се ни јавувам. Мразам китења и висечки ствари и светкања директно во очи... А и не разбирам до толку декорирање кога за еден месец треба да се симнува се. Потајно се радувам што конечно ќе заврши годинава, да ја отерам во немајкаде. Се радувам на февруари, се радувам на новата пролет која ќе ми го исполни срцето со топлина и ќе ми ја врати душата во телото. Уште повеќе се радувам што после тоа ќе имам скоро три месеци да уживам на плажа и да пливам во море. Јануари доаѓаааај побрзо. А и оди си после уште побрзо. Имајте убав викенд. Јас турбо до четврток сум. Се надевам бар на по 5 саати спиење. Пресреќна ќе бидам ако добијам толку. ~ ♥
Се вратив од Париз денеска во празен стан но со полно срце! Колку се убави деновиве како овој денес кога се плака од среќа. Среќна сум што имам љубов од семејството. Топлина, ми е презимето денеска. Ве бакнувам
Се формира и тимот, а ја имаме и идејата.Милина е кога се работи со умови кои размислуваат и надвор од стандардната кутија.Ептен креативни ќе си бидеме Честитав роденден вчера, па другава страна се изненади. Дека немало на фб ставено за роденденот, па од кај сум знаела. Не знам, еве, не ми треба потсетник за да знам кога некој што ми значи има роденден.
Денеска сум многу среќна,и радосна бидејќи Сестра ми конечно се вработи,па денеска се почастивме со неколку работи,ете тоа е мојата сестра една и единствена,среќна сум што ја имам.