Која е поентата да вртиш со скриен број до крај си го полниш егото или? Неможам да разберам Знам дека сме со посебни потреби ама до толку тажно е многу
Убаво кажано, се согласувам, само што мора да нагласам дека не се потценувам, туку едноставно има некои денови во неделата, во месецот или во годината во кои што сакам од кожа да избегам, нејќам да сум женско, и им љубоморам на машките...епа, денес е еден таков ден. Ама се тешам дека се само хормони, па ајде утре може ќе биде подобро
Како успевате да мислите само на себе? Како успевате да бидете толку себични без никаква волја за компромис и договор? Како ? Уште кога ќе ја слушнам реченицата : - "Ти не сфаќаш" ... Што не сфаќам ? Што си себично, размазено,недораснато дериште што не знае само носот да си го избрише и очекува цел свет да се врти околу неа ? Океј , еве признавам не сфаќам. Не ни сакам да сфатам.
Официјално од 12 денес, ама секогаш почнува порано. Ќе оставам линк во темата за блогови И фала на сите за гласовите, имав најмногу гласови во последните два круга. Најмили сте <3
Периодов ми е толку лабав што си се чудам на самиот себеси,ништо повеќе не допира до мене,не им се замарам на луѓето кој озборуваат што се замараат со туѓите животи,едноставно решив да не се замарам со никој буквално,само така ке си имам мир и спокој. Имајте убав ден и облечете се убаво Скопје веќе заладува
Првото кафенце испиено со сонце и добри луѓе. Јас уште вака посабајлечки си имав кратки гости, луѓево од пат дојдени а ги чека долг ден по македонските ни установи, па сркнавме по едно кафенце и толумба да ни тргне денов... Останувам сама со утринскава емисија во позадина, и да подсработам нешто, време е...
Добро утро...со првото сонце, првото кафе, првите искрени пораки за добро утро и убав почеток на уште една работна недела. @Црвче цела среќаа на светов ти ја посакувамм
Не можам да разберам како толку злоба може да се собере во толку мал човек како може поважни да ти бидат странци, отколку среќата на своето чедо. Толку ли е тешко да се прифатат некои нешта, толку ли е тешко да го ставиш детето пред се' останато?! Почнувам полека да го вадам белото знаменце и полека да се предавам. Не можам веќе, се колнам...
Од секогаш сум мразела неколку локации а сите се главно поврзани со заминување/оставање. Автобуски станици, железнички станици и гробишта. И сеуште стојам на мислење дека овие три ликации среќа неможе да ти донесат.
http://skopjecasual.mk/post/135177237060/finale-blogerski-predizvik#more ЕВЕ ГОООО! Луѓе јас не се сеќавам да сум била повозбудена за нешто од којзнае кога. Пресреќна сум. Исто така, ако ставите новогодишни сијалички пред камера се добива тој ефект, ако фокусот е на моделот а не на сијаличките. Еве сум, место да цртам, скокам од радост низ канцеларија
Cekam red vo tmobile. 245broj siba nekoja muzika a ja sum 275. I sega saram na femina,i se mislam dali da.stanam valcer da igram na ovaa solo muzika. Mislam na slavej mu zargal glasot.