Моментот кога неочекувано ќе ја навлечеш на себе суќњата и кошулата кои лани останале да дремат во шкафот после само неколку носења оти ти си се претворила во king size женче. Ами ко вежбав интезивно две недели летово, резултати мора да има.
Ми фали времето кога уживав во овој месец. Беше месец, исполнет со новогодишна магија, детска смеа и радост. Сега, ни малце не можам да му се радувам ради овие испити И, како што еднаш напишав тука, кафето го снемува за секунда (немам осет за кафе) Стандард е тоа за мене, кога имаме испити Ами, луѓенца имајте убав ден, ,а ја
Натаму-наваму мина уште еден работен ден, денеска поминав низ уште еден страв, и го ЗГАЗИВ! Со целата несигурност, страв и со мислите дека не можам сама си докажав дека МОЖАМ! Сите си го имаме она "сигурносно балонче" околу нас па правиме нешта на кои сме навикнати и имаме страв да даваме чекор, да го шириме балончето на сигурност, а треба понекогаш да се биде храбар. Храброста ни прави да се чувстуваме живи во ова напорно секојдневие, страво не потсетува дека не сме роботи на кои работат и секој ден ни е дома-работа, работа-дома. Болат нозе, поле глава, подочњациве како 4 дена пијана да сум била, си го наполнив мешенцево сега можам да се вратам на тоа што го правев пред работа во 2 сабајле, да спијам. Ех животе сладок си а со нас си малку напорен. Убав ден женски, смејте се додека можете бидејќи после работа ретко кој се смее со уморот на лице. песнава позитив од минатото
СДК ... денеска сите се скоро со статус Др. Мр. ТУТОР на другите. Со "висок" просек над сите. Дајте бре малку лабаво ... Прво својот живот, своите демони, своите комплекси, своите празнини, проблеми, блокади ... па за туѓиот ако има време.
Време е за промени, време за менување, како на себе, така и на навиките, пробување за нова работа, за нов свет, за нови предизвици. Добро е што имам сеуште желба и можност, затоа секогаш ќе се трудам. Сѐ зависи од нас самите. Од тоа колку сакаме да постигнеме. Од силата да не застануваме. Од стремењето кон некоја цел. Сите имаме ЦЕЛ и тоа е она што нѐ води во животот. Јас не застанувам, а вие?
Во ситуација сум да почнам да се запивам понеделнички барам музика за свадба и едно добри 3-4 саата во позадина свири народно Спојлер моментално оваа си свири
Ееее конечно дојде и овој ден,се радувам како роденден да ми е. Епа Анабел, нека ти е среќна годишнината на фемина, уште долги години 24/7 да скролаш по темиве,да уживаш во постовиве и понекогаш да чкрткаш. Не се зачленив од потреба пред 2 години, чисто од љубопитност и желба да имам некое посебно катче каде слободно можам да пишувам и да разменувам мислења за што и да сакам. Во текот на овие 2 години што се' не изначитав овде, постови напишани од многу интелигентни и начитани форумџии без предрасуди,прифаќаат туѓи мислења без да се лутат,секогаш даваат супер совети и помагаат,а понекогаш и постови кои немаа баш смисла,важно убаво се изнасмеав. Омилен дел од денот ми е кога релаксирано ќе седнам пред лаптоп и си читкам низ СДК. Па во овој период како совршено се вклопува зелениов чај со парче лимон,благ како шербет...мх мх Имав чест да запознаам толку кул луѓенца со кои слободно може човек да разговара и на сериозни теми и да се пошегува,дури и во живо се сретнав со една од најомилените феминки овде. Во слободно време од утро до вечер сум на чет со откачената дружина без која не би било исто, зезање и смеење до бесвест,затоа ги обожавам. Останете такви какви што сте,сите посебни и уникатни,обожавам да ве читам! Ајде сега едно честење по повод годишнина.
Абе такви се, само за лек ни денар да не дадат, рецепти по еден куп, на залихи да имаат, да не не им стигнат, за 3-4 години да имаат во нив... А ако треба ќе седат болни, ама лек без рецепта не купуваат. Освен ако е кесиче од 10 денари и ќе очекуваат ефект од 2-3.
Бидејќи немам каде еве ќе напишам овде. Со кој памет ќе пикаат зграда на ФИНКИ во Уќуматот. Цела општина Карпош живее од машински, електрашки и финкашки кираџии. Свесни се каква штета е тоа за општината? На крајот на краиштата до електро има два огромни тревници без клупи , без ниедно дрво, што не изградат таму зграда на ФИНКИ, па макар и барокна да е скриена ќе е никој да не ја види, намесо да сечат 50 дрвја.
Многу ги сакам ѕвездите. Особено кога сум во автомобил на задното седиште на подолги релации. Кога нема улични светла се гледаат сите ѕвезди. Добро не сите, секако. Право пред мене Орион, и трите силни ѕвезди на неговиот појас, лево од него силно свети Сириус, десно бикот. Малку понатаму се седумте сестри кои Орион вечно ги брка. Иако знам дека ѕвездите кои ги градат овие соѕвездија се различни по старост и се наоѓаат многу далеку една од друга, интересни ми се приказните кои ги раскажуваат. Всушност, некои од ѕвездите кои се на небото не ни постојат веќе, а до нас допира само нивната светлина. Тоа повторно покажува во колку голема илузија живееме. Затоа кога ќе ми се расипе принтерот и се нервирам бидејќи нема да можам да го дадам проектот утре, застанувам за миг, и се оддалечувам од собата, куќата, Земјата, галаксијата, универзумот... И си велам, тука некаде се наоѓа мојот проблем. Па ми текнува дека сме премали и јас и проблемот и се смирувам веднаш. Зборот ми беше, читајте го небото, има испишано приказни на него. Спојлер: Беше посилно од мене... Не пишувајте феминЌи никогаш повеќе. Ме болат очи. Сериозна сум.
СДК стално дремам во темава а ретко изразувам желба да напишам нешто, не дека ми е досаден животот туку поради тоа што сум се затворила сама во себеси до тој степен што почнав веќе да се заплашувам. Напишав нешто и го избришав. Некои работи сепак ќе си ги чувам во себеси. Небитно. Имајте убава вечер. Јас ќе се дружам со книгите уште оваа недела, после одмарам психички.
СДК... Прашањата од типот Кога ќе се мажиш / жениш? Зошто немаш дете? Колку плата земаш? толку се безобразно демонски распространети што имаат поголем интензитет од куртоазното Како си?
Ги мразам Понеделниците..Мразам што мора да се извлечам од постела и да почнам да функционирам во склад на престојната недела...Немам време за ништо со работата..Ниту да си се посветам на мене ниту да излезам да прошетам,ни дечко да си видам ни да зготвам ни да исчистам.Се ми е хаос..Каде што паднало таму останало а се на мене се чека..Изнапуштав цв секаде каде што стигнав и никаков фидбек...Сериозно пре би работела во некој колонијал моментално само да не го калапам стресов веќе дооолго време...Ми се смачи!!!!
Иако имав температура и бев како жив мртовец неколку дена, денес за чудо сум добро. Навистина бев решена да одам и на ЕЕГ кога ќе ми биде подобро поради силните главоболки ама денес се чувствувам подобро. И плус ставивме светилки по дома и на елката и така цела дневна ни свети во сите бои,а од каминчето топло
Кога некој ќе ми рече дека жената изиграва модерна и глуми нешто само затоа што и таа сака да живее. Демек се занесувала и било каприц работи од типот на кариерата, слободата, личната среќа, шетањето и сл. Навикнати да го слушаме од закоравен маШ, уште пожално е кога тоа ќе ти го рече друга жена. Жена која работите што се сексистички и навредливи за женскиот пол, уствари ги смета за романтични. Простотијата, безмозочноста и закоравеноста се јака сила.