Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=ZOH-Ixmwxj4

    Уште трубачите ми фалат, и иста ко Тошо сум!

    Се исполнуваат желбите дечки, се исполнуваат!
    Ќе си приумрам од среќа, летово ми е испланирано до точка.
     
    На Ann.94, Nana19, Domino и 29 други им се допаѓа ова.
  2. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    СДК вистината кажана со лоша намера е полоша од сите лаги заедно...
     
    На hermosa и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  3. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    6.582
    Пол:
    Женски
    Подобро испланиран викенд од овој што ни претстои не сум имала :D It's a win win ! :lol:
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Седам на фемина и чекам некоја да пише „Јас се погодив со мојата свекрва!“
    Главата ќе си ја сечам.Многу се злобни :swear:
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Еден збор, со многу големо значење - СЛАДОЛЕД!

    Најубавото нешто измислено! Ниту за чоколадо не би го заменила, за ништо. Два ги смачкав денес. Тој првиот го јадев со моите, они рекоа дека бил од лани и дека бил скапан. Ама мене не ми пречеше. Се најадов, што да ви кажам. У ствари, не се најадов! Сакам уштеее! :rofl: Макар и сакапани. :rofl:

    Иии ова го сакааам! И се` си сакам. :rofl:
    [​IMG]
     
    На eliesaab, lana.del-rey, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Еее какво време дојде, другарка ти да нема време за тебе хмм ок... :^)

    Значи многу се нервирам кога некоја другарка ме запоставува и не ме вика за излегување, а јас нели секогаш добра и фина ја викам секаде со мене. Не се имаме видено скоро две недели како што треба, се случиле некои работи, навистина важни што мислев дека ќе биде добро да ги споделам со неа, ама сега ништо. Многу контрола од спротивниот пол, не е на добро.

    Па и ќе си седам вечер дома, подобро брат ми ќе го гледам каде што си црта или филм ќе гледам некој. Не знам ни зошто и се јавив, кога знаев дека јас сум и во трет план. Епа и мене ми е смачено да му бидам на некој само советодавател во последно време. Не сакам така јас, после толку години дружење.

    Аууу морав ова да го напишам негде, зошто ептен бев лута :) Феминки добро да си ја поминете вечерта
     
    На LittlePinky, Elennaa, Elena69221 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Од денес официјално започна сезоната надвор по цел ден. :rofl:
    Ќе седевме уште со другарка ми, ама почна да заладува, па еве пред 5 минути само што се прибрав дома.
    Нозете ме болат од шетање, оф мори мајко. [​IMG]
    Сабајле 1 час стоење, ,,чистејќи‘‘ (на училиште), после 1 саат шетање со другарка ми, и сега 2 часа шетање со другарка ми, а тоа се вкупно 4 часа, со некои +/- минути. :rofl:
    А да не ги заборавам и 15те минутки вежбање на орбитрек. [​IMG]
    Се чуствувам како да сум копала на некоја нива. :lol: [​IMG]
    Попосле ќе одам ќе се истуширам и право во кревет, осеќам дека како бебе ќе спијам, премногу сум уморна, ќе спијам 10 часа како ништо.
    Не ми се верува како лета времето, како вчера да беше Нова година, а веќе и календарски пристигна пролетта, раззелени се... [​IMG]
    Пролетта прави чуда, гледам сите се среќни со насмевка на лицата, а тоа е одлично. [​IMG]
    И јас конечно можам да кажам, да среќна сум, ништо не ми недостасува. [​IMG] :sun:
     
    На LittlePinky, Elennaa, QueenElena и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Улици мрачни, студот ме облеа..
    Сонцето се скри зад планините, доволно грееше за денес.
    Јас само сакав вечно да грее.
    Изгледа ништо не е вечно а?
    Некој ден и ние ќе згаснеме, т.е нашиот живот, ќе не нема, како сонцето што го снемува.
    А кога сонецето ќе изгрее наутро, значи некој нов се родил.
    Се' се врти во круг.
     
    На LittlePinky, QueenElena, lana.del-rey и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Седам,плачам и се мислам дали од среќа или тага.
    Се гледам себе си и не верувам дека сум јас.Неможам да поверувам колку сум сменета и колку животот ми се сменил.Приметувам дека веќе ја нема старата Maria.Vampire,сега во огледалото се гледа девојка која е насмеана,ведра но овојпат многу искрено.Животот ми се подреди в ред,сега само можам да подрипнувам и да си подсвирнувам.
    Денеска ги доживеав моите први солзи радосници.Бев среќна,и нешто пореално од тоа дека сум среќна во моментот за мене не постои и некој поискрено мислење од мене на фемина нема да постои.
    Ги оставам зад себе сите пролиени солзи,сите тагувања и си давам време на себе си да сум среќна.
    Не сум никогаш верувала дека мене ке ми се случи некогаш да ми се среди животот.
    Ама ете,ми се докажа дека лошото поминувало.И ова бескрајна среќа има крај.Ама јас ке бидам среќна се додека не дојде крајот.
    Оп,еве уште една солза,од неверување...
     
    На gangstergirl, lana.del-rey, Papillon.Papi и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Во последно време обожавам да јадам. :D Вчера со другарки излеговме на јадење и денес излеговме на јадење. :D Келнериве ќе не запознаат подобро од тие што самите себе си се знаат. :$ Вчера со сестра ми и најдобрата другарка на лапачинки, денес со двете најдобри другарки на пица Капричиоза и десерт топло чоколадо со шлаг. :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: Следна недела пак! :D
    [​IMG]
     
    На LittlePinky, Elennaa, QueenElena и 3 други им се допаѓа ова.
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    И овај ден помина без тебе...
    Како што поминуваат деновите јас мислев све повеќе и повеќе работи ќе заборавам нели времето лечи све? ;( ,но не секој ден све повеќе и повеќе ми недостигаш ме боли целата душа целото тело ме боли многу ;( ,но овај пат морам да издржам морам и онака немам сила за нешто друго,мора да помине ова мора да ми помине иако ќе бидам сама иако сум скршена и нема ти повеќе да ми го држиш рачето кога сум болна повеќе никогаш ете само таа слика ми излегува пред очи,сепак ќе мора да издржам овај пат ;( зошто све уништи зошто мене ме уништи?зошто...
    Ноќта е глува,моите солзи и понатаму ќе паѓаат јас и понатаму ќе си поставувам прашања и нема да има кој да ми ги одговори да и понатаму со надеж дека еден ден ќе помини и ќе оздравам...
    И оваа ноќ нека е проклета...
     
  12. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Денот што уште алку ќе истече во неколку реченици: Започна како обичен ден, се претвори во ужас, додека подоцна ситуацијата тргна кон подобро. Како ќе заврши незнам, но и не сакам да заврши. Посакувам секој ден да ми е ваков. Сама во собата, музика пее, некое добро филмче или чет со некоја фина личност и тоа е се што ми треба. Се надевам утре ќе биде подобро, со големи шанси за тоа. За прв пат се чувствувам вака, исполнета во срцето, без некои грижи или пак размислување дали да одам во кревет порано или да почекам капаците да ми прекапат. Нема дилема овде, се одлучив за второто. Ќе ја поминам ноќва будна, а утре ќе можам слободно да преспијам до доцна.. Добра ноќ на сите :*
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.778
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Често ми се случува да појдам полу-заспана на работа. :^) И секако да каснам, не дека каснам но газдава сака 5 минути порано да сме стигнеле, јас ко за инает секој ден 11 : 58 сум тука, паф на апаратчето поминувам со картичката, гледам истото време секој ден. Мајкуму, никако порано да се спремам барем еден ден. Па што.
    Уживам во утринското кафенце, лепота. Нема нешто поубаво, седиш на тераса пиеш кафе, се топлиш на сонцето.
    Пролет, нема нешто поубаво.
    Лека ноќ.
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.313
    Допаѓања:
    158.304
    Не постои нешто како чуден човек. Ти си чуден што не разбираш или ти си глуп, ако не се разбираш себе си...извини,ама да,глуп си...
    Она чувство на неприпадност никаде, чувство дека припаѓаш на друга планета, дека си посебен, можеби со некој плус атрибут се дела на твојата мрачна страна. Чувство кое го креира оној грдиот во тебе кој има потреба од авангардност, посебно внимание, признание. Велат, живи сме само кога сме центар на внимание... колку тажно.
    Твојот демон се храни со его. Големо его. Како куки манстер го грицка и расте, расте демонот во тебе и станува морбидно дебел и голем, го притиска слабичкиот и финкаст добар дел од тебе. Изгладнет и сирот, а демонот ќе организира хуманитарни акции за кои гласно ќе извикува ЈАС, ЈАС СУМ КРЕАТОР НА ОВАА МИЛОСТ... а слабичкиот нема глас да викне и да ти рече - молчи себично копиле, а не пак сила да ти влепи шамар. Ама па и жал му е колку се чувствуваш тешко и лошо, па си вели, нека му, може ова ќе го натера да ме ослободи и ќе бидеме среќни.
    Штетата е наша што сета наша ингениозност е најголема кога сме на мрачната страна. Иронијата со некои е што најкомичните работи ги пишуваат во најмрачните периоди од својот живот.
    Доаѓам до стадиум каде Јунг го сакам повеќе од Фројд. Многу повеќе! НАЈПОВЕЌЕ!
    Се почесто сум под светлината на денот и топлите мисли, но има момент кога застануваш и велиш... што сега и тука малку тивко плачеш.
    Како лулашка на која се лулаат од едната страна дете, а на другата Хитлер.
    Месецов...не почна лесно. Да беше месецов лани,можеби ќе се сронев.
    На многу нефер начин изгубив драга личност. Ми се излади и крвта во момент. Тој момент на емотивно откинување на тоа чудно ниво на поврзаност ми резултираше со речиси несвестица и едвај чуен пулс кога веќе си заминувала од светот. И поим немав... истиот час, до минута... кога дознав подоцна, сфатив дека нема случајности на овој свет. Не би кажувала повеќе, но во моментов сум бесна... Репресирав и мислев на светлини и убавини, никој не ме сфаќа и не мора, од некрофили и од потресени, веќе преку глава. Чувството е рамно на бедност, мизерија, нејаснотија, блеење. Прв пат ми се случи да шкрипам со забите во сон...гласно, толку гласно што мајка ми се разбудила од другата соба (барем така кажува,што знам). Цело утро не можев да зборувам, дали од физичка или емотивна болка, не знам... Само знам дека сакав да искршам нешто. Да не должам...помина, не со рационализирање, туку со прифаќање, со чувствување, со помирување и простување.
    Сто пати чув, како си? Е арно, добро... И сите со некои чудни фаци ?!? , или ме сметале за нетокму или за ладна. Се додека драматичноста на жалењето е единица мерка за жал, луѓето тука ќе останат емотивно неинтелигентни.
    Мислев...на настаните, на разговорите, на причините, на стегите кои душевно ми ги создавање, на поврзаноста и прашањата зошто баш јас, зошто ме одбра баш мене? И одговорите остануваат чудно празни. Ете затоа...Само знам дека нешто се смени во мене кое и онака беше веќе во процес, ама ова беше дефинитивната потсвесна одлука за тргнување во сосема друг животен правец. Започна со пречитување и толкување на најдепресивните автори во историјата на литературата. Воодушевеноста од опишувањето на летаргијата и безизлезноста не ми е некако интересна како можеби на 18 години, си викам, каков апсурден морон, но да не зборувам сега за тоа.
    Прв пат вака да зборувам/пишувам за тоа.
    Ја кревам капата и климнувам на секој кој ми влегува во животот од чудно чудо. Има зошто е тука и зошто сум му тука... Мозаик со со јасна слика.

    Веќе цела година ме иритираат "депресивци" и квази поети кои сакаат да ја истакнат својата чудникавост. Претенциозно и гнасно! Јас сум посебен, јас сум исклучителен, та дури до таму да си кажат за себе самите дека се индиго (хехехе ви текнува на индиго?!). Лесно е чоек, хоморни се во прашање, а и твојот и само твојот светоглед, не оти и е тешко на душата ти, ти ја мачиш со своето его, да не речам ја силуваш,незадоволен од неудоволеност и ничија недоволност.
    Во исти такви очи видов среќа за нечија смрт. Едвај скриена,бедна...додека ти се ломиш над фактот,тивко, некој триумфира грдо и бедно.
    Само верувам во праведноста и единственоста на универзумот, ништо не е ненаплатено...

    Да ми беше девојчено под рака прееска,што пишуваше дека била болна зошто и каснело, не мислам да ја демонстрирам својата насилна страна, ама начисто ќе и врзев така силни шамари што не би знаела каде се наоѓа, чисто заради бедноќата во барањето на глупо внимание без да знае што значи навистина моментот - смрт и болест.

    Не беше месецов лесен. И ништо не е случајно. Две тенки нити ми беа извлечени од срцево. И убедена сум дека некако се поврзани. Убавото во сето ова е што со двете нозе стојам мошне стабилно на земја, јал јога е, јал мисла е, јал новиот поглед кон нештата,не знам...ама целта со себе си ја постигнувам. Од ситнурии ми се создава мапа на мојот свет и гледам еден цел крвоток од магистрали кои водат до различни места.
    Интересен ми е заклучокот на другар ми...познавам толку фацки со кои навистина емотивно сум била поврзана и стануваат навистина вака или онака, по сечиј различен критериум успешни (тоа е навистина чудна и неконкретна категорија, што е за некого успешно?!), па ме зеза, ти имаш улога на еден од тројцата наречници или па имаш таква енергија што се што ќе кажеш се остварува.
    Навистина, имам луѓе со кои се гордеам. Морам да признаам дека сакам да се дувам како паун, ама пак ќе го повторам, види кои ти се пријатели, ќе видиш ти кој си. За секој од нив знаев кога точно ќе го постигне тоа што треба и се случи се.
    Ама навистина е мило кога ќе ти упатат поглед од другата страна на просторијата кој зрачи со взаемна благодарност, а моја гордост. Оулејс мај френд, оулејс... Елегантни аплаузи, здрвени насмевки, а ти доаѓа бре од срце, гласно да се изнасмееш, нарадуваш.
    Што ли големо се бистри...

    Еден ми е заклучокот, за мене е среќа кога можам да учам за себе, луѓето, животот, исполнето со секакви и некакви нешта кои доаѓаат и си одат, ги прифаќаме како такви и ги пуштаме да си заминат.
     
    На Trnche, Purrinn, SparkyAngel и 9 други им се допаѓа ова.
  15. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Мразам кога сум уморна,а штом си легнам мозокот не ми знае за стоп.

    |(
     
    На Anabelle.Amorette и LittlePinky им се допаѓа ова.
  16. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Зна4и колку сум лошаааа. Ако ја не потклекнувам на да не одговори.Ангелааааа држи се настарана ,нема назад веке.И да сакаш срце нема да издржи ке пукнее :worried:
     
  17. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    СДК чувај те ми среќа, денес е Spelling Bee !!
     
  18. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    Колку е убаво кога си болен....
    Мамо сакам тоа да јадам, ете сине. Мамо ај подади ми го тоа... Ете сине повели.
    :D
    И не само тоа, љубовта цело време ми збори убави работии :inlove:
    И како една забелешка..... Секогаш сум болна окулу мојот роденден! Секогаш! Ова некој ме проколнал :devil: :D
     
  19. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Искрено пролетта го разбуди она веселото во мене. :rofl:
    Ептен се чуствувам среќно и весело,а богами и дебело. :rofl: Шала на страна мора да ослабам ама не бе мајка ми купила и еурокрем и палачинки па ај остани рамнодушен да те видам. :rofl: И да официјално ја отворив сезоната на сладолед.Дефинитвно нешто најубаво. :nod: Ако треба секој ден само на сладолед да бидам нема да се жалам ви ветувам. :lol: Со почетокот на пролетта се изменија многу работи.Искрено многу брзо лета времево. :?: Се надевам дека летово ќе биде такво какво што го испланирав. :wasntme:
    Ај време ми е да си одам кај козите ]:) :rofl:
    Бидете ми поздравени :*
     
    На Mahidevranfan, Elennaa, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  20. chips.for.free

    chips.for.free Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    37
    СДК, го прочитав мислењето на Golden, и некако и јас се осетив посреќна! И ме обзеде чувство на радост, дека пролетта е тука, уште малку па летото :rock:
    И времето е потопло, го буди авантуристичкиот дух, буди среќа! И деновите стануваат подолги, нема веќе спиење од 8 часот :D

    Аххх среќна сум! И плус сабота е! Чувствувам како проблемите наеднаш да исчезнаа!
    Ќе се подготвам, ќе викнам другарки, и ќе одам да го искористам преубавото време :sun:
     
    На QueenElena, Golden и Dog-lover им се допаѓа ова.