Од толку што имам за учење си ги запоставив книгите! А секоја недела си читав по некоја нова книга, колку убаво! Да заврши семестаров па ќе надохнадам јас за се !
Татко ми и мајка ми решиле да слабеат, мама бара некои справи да купиме а тато ни готви нешто диетално. А пак денес решиле да пешачат низ населба. Здрав живот. Ја изнашетале цела населба, дечко ми ги видел ми се јавува ми кажува тато му кажал решен сум да слабеам за ваша свадбаа. Хахахах епа татичко ќе слизниш до тогаш и тоа многу. Незнам шо ми се збудалеа вака. Може се во вториот пубертет.
Никогаш немојте целосно да се потпирате на некого.Колку и да е тој "некој" сигурен,секогаш имајте си и план Б.
Порано многу се плашев од стареењето, растењето и созревањето и брзото минување на годините.... Сега не, сосема поинаку гледам на сето тоа и полека станувам свесна за самата себе... Сфатив дека сум силна затоа што научив да ги препознавам своите слабости подобро од било кога... Мудра сум затоа што почнав да учам од сопствените грешки... Храбра сум затоа што научив сама да чекорам по патеката наречена живот... Бестрашна сум затоа што научив да ја разликувам реалноста од илузијата и фантазијата... Убава сум затоа што сум свесна за своите предности, уште повеќе за своите недостатоци... Научив да се смеам затоа што научив што е тага... Но, најбитното од се што научив е тоа да уживам во малите нешта кои животот секојдневно ми ги пружа и приредува... Се останато е само искуство...
Море не се другите криви, ја сум за ќотек. Здрав ќотек. Ај џизс, една цигла на заем? Ќе ти ја вратам. Абе толку пати ме утна, не фарбање не шишање ме соголи од производи што и купував и упорно и упорно пак и одам, ко да нема други фризери по градов. Од коса до пола грб и викам скрати сантим два ме направи ко Соер од Лост, буквално. Сега уште пенис да си набавам и готово, сите жени се мои.
Самите си ги саботираме сопствените цели и соништа дозволувајќи стравовите во нас да ја надминат вербата... Добра ви вечер!
Што зграда ли ќе беше ова? Ѕидовиве на изглед се дебели, ама се се слуша Ај глас ко труба што има комшивкава, па и паралелно си учиме Она историја, ја за сопственост. Абе шта да ви причам, хорче од учење си правиме
Знаете не можете цело време да се вадите на тоа јас сум само искрена и кажувам се во лице и притоа да сте арогантни и некултурни. Не пали изговорот. Ако си толку претерано искрена барем биди и културна и кажи го тоа на цивилизиран начин. Се останато за мене е безобразлук. Има разлика со кого разговараш и начинот на кој што треба да разговараш. И во таа ваша сурова искреност треба да има доза на почитување . Ова ви користи само да се оправдате заради тоа што речникот ви е премногу сиромашен па навредите се единствено нешто што ги знаете. Ама ете тоа било искреност, не сум знаела јас, вечната лицемерка.
Што ви е бе?! Само слушам наоколу култура се немало, манири се немало, карактер нула, како можела петра вакво нешто да направи, како можела станка тоа да си дозволи, како сите живееле во сељачизам балканштина не знам што?! А вие се погледнавте какви сте, што правите, зошто и како правите, култура дали имате, осет, чуства, карактер?! Свашта. А каде вие живеете "светиците"?! Во лас вегас?! Ехх.. тепаа кој не сакаше!
Конечно си ја накитив новата елка и се радувам како мало детенцеее ... Следуваше коментар : - ах кого ќе мажиме? Како ли јас да пораснааам? Forever young!
Пристигнува зимата, но и без неа луѓето се доволно ладни.За жал, многумина не знаат колку малку е потребно за да се загрее срце.Насмевка, убав збор, фин гест...А кога е околу срцето топло и прстите мрзнат помалку.
Денот по утрото се познава, Добро утро драѓи луѓенца денот нека ви започне со насмевка, имајте убав ден.