СДК дека сум толку огорчена, толку гневна зошто сеуште ништо не се превзема со врска со загаденоста? Аман! Аман! Абе, или ние луѓето сме толку индиферентни (да не кажам не боли ќоше), или сме толку отупавени веќе и без желба за живот да си уживаме и сме помирени со "гаснава комора" во која се наоѓаме!?! Дишиме отров и никој ништо не превзема??? Децата ни се буквално трујат, а нам рацете ли се врзани? Или уста? Јас не знам како е можно некој толку да го држи некого под власт и да манипулира со него, за тој истиот да нема сила ни желба да се одупре и бори? Веќе не знам ниту против кого треба да се борим/е: против власта или против народот кој ја држи власта и сите тие одговорни да можат да прават што сакаат? http://www.mkd.mk/makedonija/skopje...-vozduhot-ima-povekje-pm10-chestichki-otkolku
Кој кејф е да се разбудиш сама од сабајле,си праиш кафе, си седнуваш на тераса и полека гледаш како градот се буди. И после 5 минути се освестуваш дека колоквиумската ти почнува утре и целиот мир и спокој ти исчезнува инстантно Патем,иако ми е премачено од непреспиени ноќи и огромни дози на кофеин,знам дека ќе ми фалат кога ќе го завршам факултетов,дури и ќе ги барам. Друга работа,не се нормални кафичите со цените за НГ,2000 денари за една вечер,на концерт да одиш е поевтино и поубаво ќе си поминеш. А понудата е толку минимална што и од глад ќе си умреш Седни си дома,собери си друштво,земи си храна и пиење и слушај музиче од јутјуб,поарно здравје Во таа чест,утринско освежување
Добро утро. Моиве сонови можам да му ги предложам на некој режисер ,што создава научно-фантастични филмови и ќе си има супер луда приказна Леле како ми се патува некаде. Било каде. Да се изнашетам,да сменам средина,да искусам нови работи. Тоа нека ми биде една од целите за 2016- Да патувам повеќе. Имајте убав ден.
Сакам на сите вас да ви ја пренесамм мојата позитивна енергија. Сакам со сите вас да ја споделам мојата среќа после еден изминат тежок период. Сакам на сите да ви посакам добро здравје и малце среќа доволна за еден скромен живот.
Tie sto vi prepovedaat iskrenost bez da gi prasate,ete od takvi da se pazite. So dela se se dokazuva,nne so zborovi.Taka i iskrenosta. Vasite dela ve izdavaat i ja pokazuvaat namerata na vasata usta.
Ова ни е прва Нова година со малечката. Целите сме возбудени. Дома ни е накитено, светкаво..со голем ентузијазам планираме како ќе биде тој ден, каде ќе ја однесеме, како ќе го види Дедо Мраз. Од кога дојде тоа дете во нашите животи многу работи се сменија од арно на уште поарно. Му благодарам на Господ што сум дел од животот на тоа мало суштество.
Добро утрооо и од мене. Скд колку може една личност да ме измени. Деновиве бев изморена,немав волја за ништо,ме мрзеше да станам,не бев на факс 15 дена.Само дома како во зимски сон да бев,само спиев. Ии така вчера добивам говорна порака од другарка ми. А таа гласеше Брукси моја знам ти фалам,за една недела те носам банско,многу убаво си поминав на одмор те гушкам,си идам за охрид. И после уште една говорна порака. Песната Јовано Јованке и како ми пее другарка ми во позадина. И да ,Јована се викам. Незнаев на што да се радувам,ама со песнава ме стоплии во душа,ме разбуди од зимскиот сон,имав чувство што незнам како да го искажам...
Ме разбуди непрастаното ѕвонење на телефонот со над 50 пропуштени повици од моето "се" во животот за да ми каже дека нашата борба и нашиот макотрпен труд сиве овие години, нашите солзи и непроспиени ноќи, нашиот студ на душата и преголемата осаменост, нашиот пат и нашите трње под нозе КОНЕЧНО ЗАВРШИЈА. По дифолт отворам прозорец и што да видам, прекрасните декемвриски зраци ме гушнаа така силно што во моментот заборавив на сите наши падови во животот, ми кажаа дека вредело.. вредело и се исплатило да се бориш а пред се да имаш трпение, многу трпение. Сеуште сум под големи импресии и шок, не знам што поправо и каде, па решив да споделам со сите најмили, на мојава среќа и нема крај. Затоа, никогаш не се откажувајте колку и тоа да ви се гледа недостижно, колку и да сте разочарани и колку и светот да ви се срушил под нозе, не губете надеж, никогаш. Секогаш работете макотрпно за себе си за своето јас, борете се преку сите трње и најлоши чуства, трудете се и работете на себе, давајте максимално за себеси, сето она што не ве убива ве прави само посилни, животот е пред вас со сите предизвици и искушенија коишто треба да ги победите, а самото чуство на својот сопствен успех е непроценливо и бесконечно.
Пред некое време бев воодушевена од еден дечко, ме викна на дејт и јас сега не сакам да одам. Минатата година овој период беше ужасен за мене. Бев скршена, повредена, секој ден плачев. Денес се смејам, се смејам за тоа што го поминав тогаш и што сум имала среќа да излезам порано од тој круг. После дождот доаѓа сонцето иако не грее секогаш онаму каде што сакаме и како што сакаме, битно е дождот да ја измие болката и тагата.
Од секогаш сум се радувала за другите,сум била среќна ако им се случуваат убави работи.Само се прашувам зошто другите се такви без чувства,емоции..?!! Прво ке завршам работи,обврски за некој друг кој ми значи и го сакам,а после за мене,од секогаш било така.Можеби и затоа не бива ништо од сето друго.Што и да кажам ништо нема да сменам,тоа е реалноста.Понекогаш остануваме повредени од семејството,пријателите,личности кои ни се премногу блиски во животот и така стануваме огорчени,полни со негативности.Се надевам дека се ќе се среди.Дека еден ден тркалото ќе се сврти малце кон нас другите.
Добар ден добри луѓе!Вака Вторнички малку порасположено Надвор е пролет а пролет ми е и во душаваДенес сите ги сакам!Кога ќе се сетам каде бев пред нецела година а каде сум сега.. Почнав од нула,исчистив емоции го тргнав правот на минатото од моите рамења.Сета тежина скоро и да ја снема.Продолжувам сега..Посилна од било кога!
Јас се стремам во новава година да зачекорам полна со мотивација и позитивни мисли! Плановиве нека се исполнат, плус се надевам ќе си пронајдам љубов и понатамошна среќа. Другата недела ќе биде понапорна ,ама уште таа да помине па одмор
А сега сакам да кажам два-три, а може и 15 збора за него. Висок и озбилен на прв поглед, што првиот впечаток е дека тешко можеш да комуницираш со него или воопшто да му пристапиш. Откако го запознаваш, светот ти се бои во боите на виножитото. Еманципиран, елоквентен, секој негов кажан збор го паметиш како наједноставната, а сепак највредната лекција. Со нетрпеливост ја чекаш секоја наредна скроена реченица. Паметен, начитан, но и прошетан до секој континент што придонесува за неговата неочекувана лежерност. Кога зборува, просто, не можеш да одолееш на таа шармантна насмевка. А кога се смее, има и дупчиња на образите, па неизбежно е и ти да се насмееш. Оддалеку, со стил за секоја пригода, а кога се доближуваш уште појасно ги гледаш тие сини очи што чиниш се како некој океан, се разбранува душата во нив, неговата добрина и мисла. Кога се доближуваш, го чувствуваш најдобриот парфем, како ванила со лимон, на машки парфем (кој не e единственото што го прави маж како кај останатите), но пред се, мирисот на чистота. Мирисот, сините очи, ставот. А кога се доближуваш, уствари сфаќаш дека тој е најдалеку од сите. Едноставно не можеш, а да не се заљубиш во таков човек. Ди енд.
Утрово ми се изнасмеја затоа што на 26 сум сакала да запишам факултет стара сум била јас, не ми личело, и кој ќе ме примал мене како студент на овие години Океј нема врска.. премолчив од култура, нејќев да се расправам затоа што дечко и одамна го познавам и убаво си живеам со него... Како старка ова ми е трето кафе, вие младите пиијте помалце Спојлер: п.с. Ако има некоја студентка, дете на самохран родител нека ми пише, сакам да прашам нешто.
@ Umbrella22 ич уво да не ти чуе коj што збори. Пиши ми што и да ти треба Сдк цел ден сум надвор со обврски, пола Аеродром го свртев и убаво се изморив. Сакам кога денот ми е исполнет. Сега уште една мала генералка по дома и можам да ги дигнам сите четири во вис. Имаjте убав ден