Сакам да престане празнинава. Ми требаат чувства. Ми треба насмевка, колку и да е лажна. А не можам. Не можам да се насмеам. Не можам да врискам. Не можам ништо. Само стојам немо и изгубено барајќи си ги чувствата.
Нови емоции спакувани во стари куфери. Нови мисли, стари мудрости. Нова година со стари желби. Нови радости..стари таги.. и се така со ред... Расчистував одредени емоции и желби. Едните ги набутав во фиока во близина.. во случај да ги посакам пак. Другите на таван.. можеби ќе сакам некогаш да се потсетам на некои минати времиња.. а третите директно во контејнер. Од нив ми е доста. Во меѓувреме уживам во божикните декорации на Атина и праам планови за моите дома. За наредната година си посакувам само здравје. Знам дека ќе биде добра година, а јас уште подобра во неа. Уживајте во убавите денови кои ни престојат. Ви посакувам мир во душа и пуни торби разни мали задоволства од оние што ве праат најсреќни.
Ете си прам најубата семинарска до сега, на омилената ми тема, Вие како сте мои феминки? Сакам само да ви се извинам шо ме нема многу последниот период ама ете, обвски јбг :/ Ве сакам <3
Најак ден во мојот живот бил вчера. Концертот на Енрике. Вакво нешто еднаш се доживува и уште еднаш следнава пролет. Нема да го промашам и тогаш.
Па многу нормално. И не очекувам нашиве агенции да го нудат. Немаа тури овој пат, па не очекувам ни следниот пат. Јас планирам да купам повеќе карти и да ги продавам тука кај нас. Зошто имаше многу што ми бараа да им најдам. Верувајте ми, и 150 евра да е картата, се исплати за Енрике да идете. Мене ми е идол, а таму инфаркт ќе добиев. Секои 2 минути се ежев. Невиден спектакл.
Видов на сликите многу народ, ау таму не се дишело.Прај си бизнис, дупла ке ги продаваш.Имал си акл ти бе дете Диши полако, хаххаа
Зошто слики од типот, еве како изгледа по три месеци бременост!? Ем, што ги нервираат овие денешниве мајки и им вршат притисок дека не знам каква божица треба да бидеш ем е тотално небитно. Зашто би ме привлекол наслов да видам некоја каква е после бременоста.
Зошто луѓево мислат дека можат се да ви кажат а после ќе се каат и ке бараат да им простиш. Многу простував, давав и втори шанси онаму каде што не требало. Е доста ви е..... од сега господ нека е тој што ќе ви простува јас не. Само повеќе не ве сакам во моја близина.
Да,ја сум виновна,знам. Но,постапив онака како што умот ми велеше,овојпат не го послушав срцето. Ако го слушав срцето,ќе бевме повредени и скршени.Не сакам на тој начин да ме паметиш,дека сум те повредила,но знај дека и јас патам и тоа по сопствена грешка. Можеби повторно сум згрешила,можеби требаше сепак да го прашам срцево,но знам што ќе беше,ќе се препуштев и немаше да знам каде е границата. Ама знам дека нема така лесно срцево да те пушти,ќе мине време и се ќе се заборави.Но најтешкото тукушто доаѓа и мора да бидеме спремни,да ја прифатиме реалноста онаква каква што е!!!
Кога ќе видам како постираат слики со храна од некои моментално извикани места со коментари дека е мммм, а храната е ужас, одма осеќам жал. Или врска немаат од готвење или мајка им лошо им готвела, па ова им е празник за непце, друго објаснување немам.