Како се нервирам значи.... Мразам ладно ко ќе е. Оти? Оти вака, ќе си се искапам, ќе си клам маска, капки на косата, млекп за тело, кремче, кокосово масло, чисти алишта на омекнувач шо мирисат.... Да не знајш од каде мирисам поубо! И влегвам в дневна - кромид се пржи. Упм и капење и се за џабе. Јас не знам шо било то кујна без врата бе кој го измислил .. На грашак мирисам моментално фала чао пријатно.
Ете како и кога мажот е во право и го има последниот збор аххахахах се изнасмеав, повелете : https://www.facebook.com/powerofpos...07787352370/10153025322577371/?type=3&theater
Здраво жабо, добре дојде назад, се надевам почесто ќе пишуваш Ќе има концерт во Загреб на 9 мај ако си заинтересирана Инаку јас бев на концертот во Белград во 2009 - екстра беше, имам пишувано и ставано слики во темата за Енрике. Вреди да се види, ме викаат пак да одам, овојпат во Загреб... ама стара сум што барам јас со тинејџерките, иако уште си го слушам А сега СДК... свадба во комшии... ко тапан ми е главава од музиката, и верувам ќе трае уште три дена. Нека им е со среќа на младите, ама... кај се правело свадба надвор на вакво време? Инаку, никогаш не сум можела да ги сфатам оние што секојдневно се шминкаат како да излегуваат во диско. Значи тешка, вечерна шминка не ми оди на дневна светлина со секојдневни обврски. До толку ли се нема самодоверба да се излезе со минимална шминка колку да не личиш на дух? Не знам, не сфаќам зошто толку исцртување на очите со црн молив, околу наоколу цел прстен, а очите одвај се гледаат. Или од овие модерниве, темни мат кармини, ставила на уста тенка, тенка одвај се гледа, ама што е важно, битно модерна е. Џабе ти е слепо следење трендови ако не ти стои убаво. Подобро нашминкај се онака како што ти прилега и како што ти одговара тебе, на твоето лице и црти, наместо да бидеш како другите. Така сигурно ќе изгледаш поубаво. Многу ми е површен постов, знам... ама луѓе, немам спиено не знам колку време, па не ми се мозгаат тешки филозофии... и да, знам, не се цени човек по надворешноста, ама јбг, нешто мора да те привлече да почнеш муабет?! Или поарно да не почнувам...
Влегувам во VIP а во мене сметки од T-Mobile. Арно што ми текна на време каде се наоѓам да не се брукам таму пред сите.
Денес се чувствував некако многу глупо, ама ич не ми е денот.Само сакам да лежам под кебе и да не се замарам со ништо.Е така бе. Кога сакам сонце, никад го нема, а денес сакам тмурно време, да с еистура дожд, ама нема ејј.
Ах да, уште нешто сакав да кажам... сонувам за ден кога на работа нема да слушнам дека некој дошол за вадење заб. Ама сериозно. Овие денови секој што влезе, почнува со таа реченица. Не ми е јасно, како толку лесно паѓа одлуката? А што после без нив? Инаку, два пати бесплатно добиваш заби... ама третиот пат скапо ќе ги платиш
Не можам да го разберам купувањето како извор на среќа до степен на лудило. Признавам дека и јас сум несфатлива за женскиот род што поинаку ги доживува моментите на среќа. Не се сеќавам дека некогаш сум била опседната со некое модно парче кое толку ќе ме обземе што ќе ми зададе чувство на немир се додека не го зграпчам за себе и не го сместам во плакарот. Не дека не знам да се радувам на облеката, само не чувствувам потреба од таква опсесивна еуфорија за талкање по нешто замислено што ќе ми исцрта крива линија како знак за некоја постигната цел после потрагата. Пријатно е чувството кога ни причинува задоволство тоа што можеме да си го дозволиме се додека е умерено за да не поминат некои нешта незабележани. Среќата е многу подлабока кога душата ни ја исполнуваат мали и невидливи причини за спокојно чувство, отколку парчињата облека што секој може да ги забележи и да се восхити без да знае што се крие под привлечниот изглед. Ништо не е повредно од куферчето со емотивно богатство.