Не знам веќе кој е по несаглам во куќава, дали татко ми, дали јас. Дали татко ми што 10 минути се смееше гледајќи ме како пијам кафе во кое предходно мачоров брцнал опашот без да видам; Или јас што и откако ми кажа татко ми за што се смее, си продолжив да си пијам од кафето.
Едвај чекам да помине цела гужва, цела збрка, цела еуфорија и да си појдам во викендичка. Да се одморам од се....додуша ќе ми тежи некој испит на срце ама 4-5 дена не се многу за одмор. Да си се топлам покрај печка, да си јадам печени костени, топли колачи, топло чајче, да си одам на прошетки на чист воздух, за разонода одбрани божиќни филмови или некоја добра книга.... Имам чувство дека на 1ви или 2ри јануар ќе има снег. Баш сакам да падне малку, да се прочисти воздухот, да дишиме малку чист воздух и да се осети дека стварно се ближат божиќни празници Да го осетиме малку духот на зимата и празниците. Не ми е веќе интересно ни дочек, ни пречек. Порано едвај чекав и премногу се радував за вечерта, а сега ми е ко и секое обично викенд излегување во кафана, кафич или било каде, плус проследено со петарди, огномети и слични срања што го загадуваат уште толку воздухот... ајде само едвај чекам да помине цела таа гужва и да избегам од се.
Поучена од камчето кое постојано ме сопнуваше, а притоа го фрлав сама пред себе овојпат го фрлив позади далеку зад себе недозволувајќи да западнам во нешто старо и поминато. Сега сум ова што сум, а она што ќе дојде понатаму е добредојдено.
Среќна сум кога знам дека сум сакана и знам да сакам,.. Среќна сум што сум ова што сум... Среќна сум кога седам на дождливо време покрај прозорецот и кога ја чувствувам свежината на воздухот,.. кога ќе слушнам некоја музичка нумера што ме навраќа наназад на некои моменти кога сум била навистина исполнета. Среќна сум кога ќе успеам да расположам некоја драга особа, и кога ќе го видам тоа во нејзиниот поглед... СРЕЌНА СУМ БЕЗ НЕКОЈА ПОСЕБНА ПРИЧИНА.
Со другарка ми пола саат збориме на телефон и смислуваме како да го легне типот со кој се гледа, ама он да не помисли дека идат и да можат да си продужат без обавези. Е многу сакам кога другаркиве ми се мужи у веза Ем ваша ,ем горда М,
Јаааааоооо... Јебали ме воспалени синуси. Јаааааооо гљавобољ. Секогаш кога ќе ме фати вака имам желба да имам бебешка пумпица па да ја напикам до синус да извадам све.
Добро утро, драги фемки ! Денес ми е роденден, па прво да ве отрезнам со кафе па да ве послужам со торта
колку мразам кога внукот ќе ми порача да му купам петарди, ракети и остала срања со кои може да направи милион глупави работи..... а дете бре, како да му кажеш дека за тие пари може да добие милион убави работи...
Секоја борба во животот остава по една лузна... а секоја лузна има своја приказна... приказна која вели... „И ова го преживеав“.
Добро утро. Уште сум во кревет и ме мрзи да станам,реално ме мами сонцето. Некои луѓе навистина се без осет и чувства. Секогаш мора некој друг да се понижува за друг за да бидат одговорни навремено да си ги извршуваат обврските. Не туку да се остава товар на други туку да го заврши така на време. Јас и покрај сите работи верував во човекот и на крајот ме зезна. Сама сум си крива затоа што сум добра со сите,на секој помогни,дај, и пак не чинам само колку да ми се качат на глава а не размислува од др поглед дека можам да иам проблем со др личност и без осет и без ништо си врши други глупости а за мене неможеше да ме испочитува.Е мене ми е доста цела недела да го бркам ко некоја крава.
Искочив на улица да извршам волонтерска задача при која бев во контакт со случајни минувачи постојано. Мојот заклучок е дека општо нашиот народ не е многу дружељубив како што тоа се прикажува, сами знаеме да се нарекуваме или пак странци што прошле низ територијава. Сепак наидов на исклучоци кои за момент ме подзамислија дали да им земам контакт, ама затоа што не бев со друга намера се врздржав од тоа. Али реалноста е таа дека ( јас не можам да се ставам во следново "ние") Ние сме расположени само за комуникација со наши познаници или пак ете со некој непознат дојден во придружба на наш познаник. Додека ги спомнав странците, тука сите сме позитивни и добри со нив или затоа што им даваме поголемо значење само затоа што се дојдени од странство или пак затоа што сакаме привидно да се преставиме како дружељубиви или пак да се покажеме колку знаеме англиски јазик. Али заклучокот ми е..... абе немам заклучок. Прајте што сакате, само не се жалете
Ептен сакав да одам на R3HAB, а сите што ги прашав рекоа не слушале таква музика, српско си слушале они. Сакам да одам на друга планета, не се совпаѓам со луѓево тука.
Зошто лошите луѓе имаат поубав живот? Е ова никогаш нема да го сфатам. Куп вредни, чесни, добри луѓе се мачат за да го исхранат семејството. А оние бездушните, самобендисаните, лошите уживаат во животот. Ајде нека уживаат, ако, ама зошто другите ги понижуваат? Зошто си играат со нив како сакаат? Животот не е фер. Толку.
Не се секси танга гаќи , долги нокти , голи гради и нозе. Сексипилот е начин на движење, начин на кој жената ја покажува својата сензуалност, начин на комуникација и гестикулации. Сексипилот се лични квалитети кои сексуално возбудуваат.