@referentka Првите набројани нешта се секси, не можеш да речеш дека не се, а сексипилот е да привлечеш и со однесување и со шарм, но и со изглед. Инаку, СДК некои луѓе колку побрзо прифатат дека секој е различен, толку подобро ќе живеат и ќе ја прифаќаат ситуацијата.
Прифаќам дека е така, и тоа има удел, но сакав да кажам дека се џабе тие првите набројани ако го немаш ,,ОНА,,....
It's that time of the year again Оваа година решив да реализирам еден план кој го имам многу одамна. Да оставам дел од моите рачно изработени честитки во рандом поштенски сандачиња. На луѓе кои не ги знам и не ме познаваат. Ноќеска смислував како ќе гласи пораката и испадна прилично долга А бидејќи нема да имам имиња и адреси на располагање, решив на пликото да напишам: „Без гајле, не сум сметка, отвори ме“ Не знам како ќе реагираат луѓето што ќе ги добијат моите честитки - можеби ќе си ги стават на елка, а можеби ќе завршат во корпа. Како и да е, јас планирам да ги направам, а пред нова година да ги оставам на различни места во градов. Можеби ете, на некој ќе му го разубавам денот
Ова ти е одлична идеа. Да знаеш дека ќе израдуваш многу луѓе. Во денешно време нема кој честитка да ти стави во сандаче....за сметки сите се кадарни П.С. Во ЛП ќе ти ја оставам мојата адреса еве
Дојде вчера пожолтен и смален како целиот свет да го носи на грб. До 3 на работа, оттука газдата му рекол мора Скопје, има нешто да се среди таму. Пристигна во 9 вечерта, му се слошило по пат од умор, повраќал и имал висок притисок. И секој ден истото... го прави секој напор за своето семејство, нема друг избор освен да издржи уште една година до пензија. Кога ќе влезе дома сепак наоѓа сила да ни се насмевне, да праша како сме и да го пофали јадењето. Но не е истиот човек. Пропаднат, замислен, изгубен... Тато, како да ти помогнам? Како можам да те направам среќен? Само да си ми добар.
Мали знаци на внимание и мали изненадувања ми значат многу. Од мојата насмевка се забележува тоа, а тој знае најубаво како да ми ја украде. Не се знаеме многу долго, но како да се познаваме со години. Непланирано се случи се, а сега тоа непланираното расте во нешто друго. Во нешто многу убаво. Им го посакувам тоа на сите. После здравјето секако. Имајте убав ден.
A mene, denov epten mi e tapa I pospan...aj toa so se uspav I vo 10 otidov na rabota, aj sto uste mi se spiet. Aj ke pominit, belkim.. A utre? Utre ima do zad utre da spijam, da vidam dali ke se naspijam ednas. Cek da ve slikam Mnogu ste ubaj
Како што може некој мирис да те врати назад со времето, ништо не може. Веднаш добивам чувство како да сум таму, тогаш, на тоа место во тоа време. Најдов еден стар освежувач за автомобилот кој ме потсети на едно прекрасно, многу забавно патување. Ме фати носталгија сега. Како и да е, имам три енормни лекции физика да учам. I can do it! Спојлер: не отворајте, ова ми е само да го истурам некаде :D Следнава недела правам во 4 дена правам 6 тестови. Понеделник хемија, среда математика, четврток англиски и македонски, петок историја и физика. Ама ајде, сум поминала 8 вакви недели во животот, мачкина кашлица се овие тестови за мене. (not) Имајте убав и весел ден.
Се наоѓаме двајцата после работа. Тој со вратоврска, јас во фармерки. Јас цртам, тој пишува, со коктели. Јас на состанок, тој до мене. Петнаесет часа излезена од дома, ама најсреќна на свет. Ако ми се сите денови барем пола како вчера, не ми треба повеќе.
Спремам математики, физики, материјали за колоквиуми и не чувствувам никаков притисок. Се прашувам дали е се ли е во ред со мене? Па да се работеше за некој испит на правен најверојатно досега само ќе се жалев колку е досаден материјалот и само ќе ја влечев книгата од соба во соба. Туку така среќна си закажувам часови, договарам учења со колешки, си читам за металите и челиците и си уживам. Скроз сум спобудалела. И уште од сега планирам да поништам една оценка, а втор колоквиум тек треба да полагам. Алоо, каде со овој памет бе? Знам дека можам повеќе и никако не сакам да се задоволам со само да положам, небитно дали е 6 или 8. Како бе небитно?! Не, не. Многу е битно. И дури сега сфаќам дека во право биле сите професори и наставници кога ми велеа колкав капацитет сум била. Не ми се верува дека толку долго си се потценував. Си мислев дека математиката не е за мене, дека не можам да ја сакам, а за физиката да не правиме муабет. А сега? Сега едвај чекам да разберам како се решава и зошто е така. Можеби и немав вистински професори низ годините во основно па и средно, па затоа ја замразив математиката. Ама затоа сега љубовта ни се развива и станува се поголема. И не можам да сфатам како си упишал нешто, а не сакаш да го учиш?! Секој ден се повеќе колеги се жалат од предметите. Ова не им идело, ова не го разбирале, ова било тешко, немале мотивација. Ало, па кој те терал да се запишеш? Јас правен кога запишав ги знаев предметите, знаев што ќе учам, и ми беше интересно. Друга работа што после две години сфатив дека не се гледам во таа професија и дека немам некоја иднина. Но, материјалот никогаш не ми бил тежок или не сум го разбирала. Па побогу, не разбирам економија, затоа не запишав економски. Ама да не разбираш физика и да запишеш електро или машински? Хм, хм.. Или не сакаш да читаш книги, не зборуваш литературно, а си запишал јазици? Факултетиве не се само запиши нешто, заврши, имај диплома. Толку ли на средношколциве што завршуваат им е сеедна нивната иднина? А и општо, сите како да сме се помириле со некоја судбина и немаме желба да работиме, да смениме нешто... Многу меланхолија, неодлучност, незаинтересираност. Се расприкажав пак повеќе, одам да си ја дружам статиката. Имајте убав ден.
Учам за електромагнетна индукција и сум стигната до тој степен да гледам како Драган Вучиќ пее турбофолк песна до други двајца кои користат салами како микрофони. Damn.
Ќе го уништат доброто во тебе, ќе ти покажат дека на никој не треба да веруваш, ќе ти покажат дека сите се злобни и на крај те прашуваат од кога си станала толку себична. Сериозно?
Лек за слаба циркулација? Само една огромна шолја чај, па мести ја на стапала и на дланки. А да, и на нос. И уште до душа некој да ми стави, пошо вака орално не го биваТ.
Ова е некој изум Smog vacuum cleaner што личи на скулптура (ама не како нашите во Скопје), и го прочистува воздухот а од јаглеродот што е од воздухот прави дијаманти. Ама за жал се наоѓа во Ротердам. Дали некој сака вакво кај нас. Јас ДА.