Neznajs koj koga ke te izdajt.. A ke mu se doveris.. Ke go/ja mislis siguren/na.... Ubavo si kazuvaa na Preljubnici.. ZAPAMTITE: NIKO NIJE SIGURAN! Ubavo si pravam sto retko se doveruvam na nekoj
жал ми е што толку пари се фрлени за моето образование-уште на рускиов колеџ ми фалеше да ги инвестираа моите во моето тело до сега ке бев авион ебате образованието, ебати животот и ебати препреките низ кои поминувам
I mene mi e zal. Nekoj patit za da bidit obrazuvan a nee vo moznost, a vidi se ti, imas moznost i sansa a ne ja iskoristuvas..zal mi e za tebe iskreno...
Ме ужаснува можноста кога некои луѓе ме избришат од книгата на животот.Не буквално,туку она денес се тука ,утре го забораваат и моето име.Несватливо ми е,неправедно ми е.Мислев дека се прекрасни суштества и уживав да сум во нивна близина.Срцево ми заигруваше од милост,од заеднички сонови. Често ги сонувам дека се тука до мене,а се будам во ѕверски обид да ги задржам тука до мене. Ме плаши ова сивило од осаменост. На овој трет камен од Сонцето,изгледа не сме она што го добиваме ,ниту она што го даваме. Толку ли е тешко да го запалите светлото,некаде и некогаш,пред да исчезнете од животов?
Пред нас,пред светот,ете тука ни поминуваат минливите дејства на светлината,тажните расположенија на маглата,ненадејните блесоци на сонцето,тишината и магијата на ноќта,тајните на зората...А што правиме ние на ова?Се инволвираме ли ова да настане некоја вплетканост,некое дејствување или пак се однесуваме како да сме станци кон светот?Полошо е ако истото е кон самите себе.Странец кон себе,странец кон тебе.А зошто да сме лица кои искажуваат несреќи?Зошто да сме погледи замаглени од плачење?Тој странец.Да,баш тој што така ни се појавува во нас и кон нас,тој фрла искри на патот до целта,со гнев и злоба,во крвава кора и со пламен в очи.Во нас се буди некој странец кој испушта стравотен крик.Тој морничав звук се свртува кон светот,извесно време во воздухот.А потоа преминува во грчевито јачење.Сакаш да ставиш крај?Имаш мисла кон светот дека ќе заврши?Дали тоа води кон одговор дека треба да се стави крај на она што не почнало?Се прашуваме која е тука вистината.Таа е лав.Лав кој се вознемирува и уништува.Не вели ништо од што можеш после да се засрамиш,не прави ништо за што можеш после да се каеш.Човек сум,сешто може да ми се случи.Дали ако го отстраниме странецот ќе се угасни огнот или на него беше нафатил пепел?Да не тонеме во мрак со брзина на истрелан куршум,затоа што мракот е како був што го држи пленот.Да умреш, тоа не страшно.Страшно е да не живееш!Сигурно ако го фрлиме странецот, тој ќе исчезне.Исчезнуваат само тие што имаат каде да одат.Да не бидеме странци кон светот,ниту пак кон себеси за ветрот да не шепоти предупредувања без зборови.Да не бидеме некој што не знае каде оди,затоа што тој што не знае каде оди,не стигнува никаде.Затоа да бидеме превртливост,фитил во потрага по пламен.Ние луѓето грешиме.Да,и тоа е точно.Па затоа измислиле гуми на моливите.Што е погрозно за гледање? Закоравени срца или празни черепи?Светот е едно мирно море во кое плови странецот што се појавува кон него и кон самите себе.Во тоа мирно море врие еден цел свет,во прв ред-вознемирен.Мислите дека нема да го промените своето мислење?А за што?За било што ќе речам.Ако се фалиме дека никогаш нема да го промени мислењето,тогаш се нафаќаме секогаш да одиме по права линија и да бидеме глупаци кои ќе веруваат во непогрешливоста.
Отприлика сѐ што треба да се знае во врска со борбите помеѓу мене и татко ми. Една од многуте причини зошто да ги немате родителите на фејсбук, вклучувајќи го и она кога мајка ти ќе сподели некоја твоја слика кај нејзе на профил и ќе каже колку си ти најпрекрасно дете, затоа јас катанче на сите слики.
„Среде Скопје високо маглата ни стои и ја красат честички во канцерогени бои!“ Со секое пресечено дрво, вака изгледаат „белите дробови“ на Скопје! https://www.facebook.com/events/876774362438734/
Најсмешно ми е кога ќе се загледам Sex and the city и ќе се уфилмам дека сум Кери и дека животот ни е апсолутно ист и после ќе ми текне дека ликот е направен за секое смотано девојче ко мене да се препознае во неа. Oh well, не сум била посебна.
Американците стварно си го сакаат Божиќ и имам желба барем една година за 25 Декември да отидам таму и се внесам во целиот тој празничен дух. Настрана што сите се расположени,се е украсено и блескаво,луѓето и подароци си разменуваат,а јас како мало дете се радувам на нив. Во нивна чест и филмчиња од Халмарк симнувам,си имам цел фолдер од нив,за топлење на душата се совршени. И сакааам снег,да правам снешко и да се мавам со топки!!! Сакам и љубов,ама ај тоа за догодина