Ми вика сум носела светлина во мене, а јас мислам дека имам темна душа. Очигледно гледа нешто што јас не го гледам во себе. Другарите ми се богатство.
Не го учи дека не можеш без него. Бидејќи можеш. Можеш без било кој, верувај. Гледај ги важните работи во животот и не симнувај ја круната за него, бидејќи утре ќе најде прилика да ја подари на друга.
Ќе да има нешто депресивно во месецов... Дали потсвесната носталгија по уште една година што изминува (и соочувањето со фактот дека годините летаат - лилаааа, вцера бесе јануариии!), дали оној замор кој лажно се прикрива со нова енергија и new year resolutions кога на 31.12 стрелките ќе означат полноќ, или нешто трето... Што и да е, каде и да се свртам, депресивни, безволни луѓе околу мене... Празни батерии, неисполнети соништа, прекршени ветувања, нејасна иднина... и после како човек да остане индиферентен? 2016... be good to us all, please!?
И ја тоа викам ,ќе земев микрофон и минич, дубоко деколте и певаљка у кафана , до сеа ќе си ги вратев сите пари за додипломски , магистерска и попатни т/ци ! Е*ате државата!!!
Во периодов многу мисли ми се насобраа. Се осеќам затворено, заробено. Сакам да пишам, ама ми е некогаш страв од тоа што ќе го пишам. Не знам како ќе го сфатат, па најчесто се повлекувам настрана. Не знам зошто, ама посакувам да бев сега таа малечката Ајрон, која беше силна и се бореше за се. Сега признавам истоштена сум, но лека полека пробувам да се опоравам од сите трауми ( често психички), што сум ги доживувала низ минативе години. Друго, дел од мојата фамилија заминуваат засекогаш од тука. Па што ќе правам без нив, уште сега солзи ми навираат на очите. Не знам како ќе издржам, премногу сум емотивна Да, ќе ги посетувам, прекуокеански колку што ми е долга чергата. А, и да бев "милионер", сепак колку и да идем, нема да е исто како што беше и како што е моментално. Сега, само сакам да уживам во моментов, да уживам и да знам дека се уште овде, до мене. Не знам, во периодов премногу емоции и мисли ми се испомешани...некако сум down Лаку ноќ луѓенца
Стварно штета што ретко слушам радио. Ама секогаш начекувам од овие навиениве што држат монодрами и ми кршат филм. Еве случајно налетав на Зана преска и пропатував низ времето, па ми текна да ги пуштам сеа на јутуб. А ова јутубов кој лисец е, немам речи . Па не знам од кога немам направено листа на виндоус медиа плеар Ќе се утрескам со некоја песна / албум/ пеач/ група и месец дена само тоа вртам , од јутуб (!) , наместо нели поштено да си симнам што ми лежи на душа ! Ма коа ќе ми текне последнава година едвај 10 песни да сум симнала . Еве веќе извесно време се спремам да си снимам ново цеде за во кола ... ооо туго несречо, кои песни ќе ги стаиш мори на цд коа све на компјутер ти е од средно ? Затоа сеа си најдов работа за викендов, има да пројдам лимит од спуштање и но ме интереса. Спојлер: Поздрав! Од сега, кога ќе ме праша некој што музика слушаш, ќе му одговарам: јутуб , Ваша М,
Сакам да кажам дека сум среќна што запознав една прекрасна личност од форумот па се надевам и дека за брзо време ќе се видиме @rose60 гушки до тебе мила моја
Често си размислувам за причинско-последични односи и врски. Што е тоа што доведува до нешто.Што да се стори за да опстане нешто-то ако навистина вреди... СДК дека еден брак е успешен ако жената е таква што мажот ќе трча накај дома да си дојде побрзо а мажот треба да е таков што на жената ќе и биде жал кога тој ќе мора да оди некаде и да отсуствува од дома. И сакам да кажам дека ова не е моја мисла. На Мартин Лутер Кинг е, ама ми остана врежана во сивите ќелии после првото читање.
Сакам да кажам дека Форумџика на годината е интелигентно оружје за уништување на односите помеѓу членовиве на форумов.
Остана уште малку до Новата година... Била каква била... оваа година што си заминува на сите нѝ донесе по нешто лошо, но сигурно и по нешто убаво. Лошите моменти турнете ги подлабоко во џеповите и ставете им горе и некое марамче... никако да не излезат! Добрите повремено вадете ги од сеќавање и дозволете им да ве прегрнат и насмеат! На оние кои ве разочарале, изневериле, повредиле... не им се јавувајте повеќе... ако тоа го направиле еднаш - ќе го повторат. А сите кои ви помогнале, кои плачеле или се смееле заедно со вас... чувајте ги покрај себе... не дозволувајте да ги изгубите - тие вредат многу. Скопје ве сака
Пред малку го видов на ФБ... Жената е како жива ограда...ако не ја одржаваш редовно ќе отиде накај комшијата ....