Добро утроооо! Е па редно беше и петокот да дојт и да се наспијам. Се наспав луѓе ееееооо, слушатее?! Ко се разбудив, првата помисла ми беше "ах да бев машко" Кузнај шо сум сонувала, не се сеќавам а и не се ни трудам да ми текне Арно сум си женско (лага) А сега: Да, време е за чај Имајте убав ден, уште поубав викенд и НЕ СЕ КОЛЕТЕ ЗА ФОРУМЏИКА НА ГОДИНАТА ВЕ МОЛААМ!! А во меѓувреме, ако јас бидам, неќам часовник за подарок, си знам дека доцнам. Фала пријатно.
Вечерва е заслугот и започнува почетокот на славењето на "Свети Никола" За многу години на сите кои го слават и чествуваат!
Ми се исполни новогодишната желба! Драги мои, пресреќна сум, ви посакувам и вашите желби да станат стварност, ако бевте добри годинава.
Се чуствувам убаво, сакано и почитувано од сите наоколу... а повеќе и не барам и не ми ни треба. "Вистински човек се гледа и проценува по почитта од околу која што народот му ја пружа".. По поздравот, по испиеното кафе, по лаф муабетот, по искрената честитка за одреден постигнат успех, по позитивноста и намсевката на лицето која што му се пружа, по подршката при невољите и трњето и покрај секој убав упатен збор за дотичната личност. Индиферентна сум пред подлоста и сељачизмот од народот, не ме интересира кој што ќе каже ако јас сум видела и проценила одредена особа. Убав празник
Денес му е роденден на мојот идол, мојот пример за успех, мојата потпора, моето се И, самиот знаеш дека ништо не е невозможно, виде дека се сѐ исполнува кога имаш волја за целта што ти е поставена. Те сакам, ти посакувам уште многу успеси да ти се нижат, а пред се, многу многу здравје, љубов и многу среќа. Среќен роденден татo, да ми поживиш до 100 и некоја
Добро Појава што се карактеризира со почитување на секоја личност, со помагање, давање совет, простување, дарежливост, искреност, чесност. Луѓето на кои им правите добро по некоја логика би требало во вас да видат пријател, заштитник, некој на кого можат да се потпрат, некој кому можат да веруваат. Некој што ќе ги ислуша кога им е најтешко, некој што ќе ги поддржи и кога не се во право. Да, така би требало да биде. Но, знаете што? Ова било вака некогаш, во некое време кога се уште постоеле луѓе. Мислам, во вистинска смисла на зборот. Ама, за жал ги погодило влијанието на злото и луѓето станале загрозени видови. Денес, во ова мирно време, време без војни, има останато само уште неколку луѓе за кои можете да речете: - Види, оној е човек! Човек! А да, да се вратиме на првото. Како оние на кои им правите добро гледаат на вас? На што им личите? На искористена, стара крпа фрлена во некој запуштен агол. Вие сте секогаш тука за нив, без разлика дали го сакате тоа или не, без разлика дали можете или не. А! Пак им требате! Беспомошни се? Ќе си речат: Чекај бре, во оној агол нели имаше една стара крпа? Имаше. Таа крпа ќе ми помогне да ги избришам сопствените пајажини.
Добро бе (више си се смачив на себе што пола постови вака ми почнуваат, ама каква ретардација владее... заеби), дали сте нормални да збирате поени и виртуелна симпатија со починати лица?! Ајде овие више што се лигават со Тоше или некој друг славен, ги навикнавме... ама само што ѝ кажале дека починала баба ѝ, првата реакција ѝ е да бара и лупа слика на Фејсбук со неа, пропратно со некоја лита мисла у стил: сега си ангел на небото, и да коментира на секој што изразува сочуство со срциња и тажни емотикони. Какво небо ма, мустро една?! Женава допрва за во ковчег ја спремаат, им лежи таму. Мрш, значи. Мрш! Не знам, ама мене ептен ми падна морбидно и ретардирано ова. Мојава кога почина, светот не постоеше за мене неколку дена. Не сфаќам... Дај на оние сајтовине од типон gofundme да основаме петиција да се зберат пари за лечење на зависнициве од внимание. Уште со лешот фали да се сликаат ко некои лудаци по Америкине.
Вечер е блогерски и твитер награди во МКЦ. Ако некој од вас иде и ме познае, го замолувам да ме поздрави
Денес ја добив најдобрата вест во неколку недели. Мојата најсакана и најомилена наставничка по англиски се враќа! Кога ми кажаа едни девојчиња дека надвор ѝ е колата скокав од радост. За жал не успеав да ја видам, си заминала, ама од понеделник ќе се врати. Сигурна сум дека соучениците ќе ѝ кажат колку сум се радувала и не знам што ќе ѝ одговором, ухх, не требаше толку да скокам. Ама не ми е гајле, веројатно би била среќна да го слушне тоа, се надевам? Конечно ќе има со кој да мрчиме за правописни грешки, да направиме саглам муабет без никакви конзервативни и наметнати мислења, и секако, без да се сомневам и да треба да се карам со нив за да им докажам дека не се во право. Одвај чекам да се врати, мислам дека ќе сум окезена од уво до уво. Па една ипол година не беше малку.
Заглавена сум во пауза меѓу есеји, семинарски и учење. Меѓу дебели книги и закони, закони, закони и уште закони. Ендлес циркл. И пишувам сабајлечки пораче на најдобрата другарка: "Good mornin' sunshine. I love u." Ми враќа: "Знам. Само ја те трпам кога си во ПМС." И како да не ја обожавам кога ме чита како отворен буквар. Го обожавам зимското сонце и го бркам низ цел стан. Се вртиме во круг. На кој прозор оно ѕирка, јас по него таму, со многу чај, многу кафе, книгите и желба за чудо, утре кога ќе се разбудам да биде веќе Февруари. И така... Ве поздравувам петочно, со литл бит софт порн Имајте убав викенд. Држете се блиску еден до друг, надвор е ладно.
Јас се вратив да подосадвам малце и пак ќе си заминам, барем до следниот викенд Веќе цел месец се думам да пишам лото, ама останав само на шолја од кафе, ете ти Знам уз неделава имав тооооолку работи да споделам ама немав време да седнам, па повеќето ги заборавив, as usual. 1) Ете си реков, да споделам нешто од факултет, чисто онака зошто сериозно пробвам да ги контролирам чувствата и да не замавам се таму со ред. Па не се чуствувам како на факс, како во напредно средно, со деца кои се караат на секоја пауза за ситници: „Кој ти рече дека сум се отпишала? А кажи ми?“ „Како то ти не пушиш бе, срамота е.“ „И јас да ви кажам, ова го наслушнав, ама ај да ви кажам.“ „Леле не ми се филмај ако неќиш да платиш за саминарска, демек можиш сама да напрајш.“ „Јас бев најдобра во генерацијата, и шетав со професорката и праев мн презентации и ете сега сум тука“ „Значи јас се борам за стипендија оти сум најдобар ученик. Зато ви викам ова чупе најубо семинарски прај, 300ки по семинарска“ „Значи чекај да ти кажам јас (оти ти не знајш, изгледа), семинарската носи поени, и редовноста носи поени. И за да ти дај поени за семинарската --- (1000+ збора)“ И после се лутат ако ненамерно ги изигнорирам дур читам Claymore или играм судоку. Ама свесен ова на пауза неможиш да го слушаш. Па дискусиите после презентација ... тоа ти е „ремек дело“. Абе сфаќам дискусија, нели, поддржуваш туѓо мислење, ама кажуваш свое, а овие? Се вреќаат на лична основа ако не се согласуваш со негово/ нејзино мислење. И седам таму на последна, демек поодалечена - побезбедна, ама не. 2) Ајде сега нешто малку поубо Напрајвме пет месеци со bby, па решивме како цивилизирани луѓе да одиме малку во ресторан. Не сме тип за посериозни места, ама од време на време промена е добредојдена И ете ти, ги поминавме сите херои на LOL, ми кажуваше за Дота, јас него за War of the Immortals. Па се навративме малку на ninja saga. Во глобала игри и многу јадење. Па нема подобра комбинација на начос со топено сирење 3) Цела недела се токмам да си купам сијалички за в соба. Таман го убедив тато да ми дај 100ка за да ги земам, врвам денес и немаше лилави. Неќам поинакви па сега создравје да си ги користат тие шо си ги купија, јас ќе чекам за в година или евентуално од друго место. Дури ни то во комбинација со статистика не ми го убиват убајо Божиќен дух Само елката не ми е наредена до крај, бате не ме остава сама да ја редам, а него го мрзи. Е ај најди средина де, ајде. 4) Најбитното, абе како дете сум се прерадвала на новио апдејт на месенџеро. Ко сум почнала смени боја, смени име, смени ова, бар на факултет не слушав како се вреѓаат и од тема учење се префрлат на тема проституција па на тема религија. Ете, толку од мене за неделава, сега колоквиумска имам, па малку се повлеков, ама без грижи, пак ќе си се вратам јас да си подосадвам де. Останете ми поздравени
Може генерализирам ама исуството ми покажало. Муж може да гледа америчка кошарка, ама да гледа и да е влезен во филм, па и има дрес од Селтик е прв индикатор дека е неприкосновен сељак.
^ Не бе, треба од Кожув да има дрес. Да ја следи таа тужна лига. А ваму, ни домашните не ги следат нивните аматерски кошаркари.
СДК... Како што годовите на дрвото ја означуваат неговата старост, така состојбата на човечкото лице го отсликува животното патешествие.