Наречете ме идиот, ама јас имам проблем и се трудам да си го решам... Во цел ПМС имам проблем со инсомниа со сите симптоми, од краток сон, до плиток сон, до непостоечки. Магнезиум и б5 не помажев... Си симнав апликација Baby Sleep... луѓе, гилти ес чарџд - ме успива!!! Ми се чини ќе ме отсели од сопствениот дом. Ноќеска на менито имавме фен. Пустиот се утепал од сонување фризерници. Пред некоја ноќ туш, па се утепал од станување во тоалет. А јас спијам... #хехе До душа и него го успива и тоа многу побрзо од мене, ама потсвеста го зеза после хихихи Кој си има мука со себе, бебе или дете... препорачувам!
Епа драги мои, дојде и овој датум поради којшто цел период од недела-две однапред сум со доза на екстра позитивна енергија. Роденден е денот што го сакаме најмногу од сè, најмногу од сè... На денешен ден пред точно 19 години ме долетало штркчето... океј, мислам дека претходнава реченица доволно го докажува фактот дека само што и се навикнав асално на полнолетството и колку не ми се верува дека веќе ја расситнувам дваесетката. Sometimes I wish I was twenty-nine with my life figured out, and sometimes I wish I was five with my whole life ahead of me and not a care in the world... беше мислата која токму пред некој ден ја прочитав и во која се пронајдов. Како и да е, знам дека без разлика на возраста, ќе ме држи еуфорија ко мало дете за овој ден. А кога животот ќе ти даде роденден во сабота, ти најнетипично за тебе и без аларм разбуди се со широка насмевка на лицето, подготвена за цел ден радости, гушки од најблиските и телефонски повици од оние личности за кои знаеш дека и без потсетникот на фб не забораваат на тебе и едвај чекале да дојде овој ден за да те израдуват. Секако тука сте и сите вие златни луѓенца што веќе три години по ред ми го разубавувате денов. Многу ми е мило што макар и виртуелно познавам вакви прекрасни личности и ја имам таа среќа истите да ми се дел од радостите за овој ден, да ми ја греат душата со убавите зборови и желби и ме познаваат доволно добро за да ме погодат во срце баш со тоа што сакам. Ви благодарам и ве обожавам! И за крај да ве почестам како што е редот...
Денеска е голем ден,денеска е Св.Никола празникот на моето семејство и на мојте најблиски.Нека ни е на помош и за многу години Св.Никола.
После долго време, конечно се наспав како што доликува. Односно, се преспав. Долга, тешка недела. Следува уште една недела исполнета со нервози, тестови, испрашувања. И толку. Не се радувам, ја немам таа еуфорија пред Нова година. Многу работи се сменија оваа година. Се надевам дека оваа 2016 ќе биде подобра. Многу подобра од оваа што изминува. Среќна слава на сите што ја слават денеска. Имајте убав ден.
Ауу 20 .. Остарев веќе Уште да можев малку алкохол да пивнам .. Ми гори душава за малку винце .. Ама бебето несмее да пие уште од стомак ако почне ка мене тешка работа ќе биде .. Ајде нека им е среќна слава на тие што слават , и среќен роденден на родените на овој празник и вечно име на сите Николини и Николовци Па повелете на роденденска торта кј мене
Ете бе, дастидав, и тоа јако Само што реков дека суб добра и дишто Де функционирамб, ама кој те пита, работа си е работа Како ли ке издржамб денес, дездам. Мислете бе.
Еден глас утрово ми велеше „разбуди се, тука е, дојден е“. Се разбуди надеж во мене, дека еден ден како и да е, ќе се врати пак назад. Овие вакви утра мора да имаат некакво значење..
Секоја сабота истиот муабет; -Ајде си за излагање? - Па не знам некако ме мрзи, уморна сум ( а во позадина веќе мислам што да облечам можам црната сукња со блузата бела, не уствари подобро фустанот бордо )
Се пронајов, jас пак купувам нешто и после онака ми е апсолутно никаков ќеф не ми прави, или пак одам после го менувам за нешто друго. Пишманаџија
Да излезиш во друг град,е голема предност. Доволно е што не си напната и знаеш дека нема да го сретнеш низ толпата од луѓе. Слободно чекориш,од еден до друг локал,и не му го бараш погледот. Полесно е.
Поттикната од претстојниве празници кои не ги сакам баш, поминав да кажам колку сакам кога подарувам на некого. На страна дали е роденден, именден, Нова Година или некој друг повод, или уште подобро - без повод, уживам да подарувам и да ги гледам реакциите на лицето на оној кому му подарувам. Уште посреќна сум кога сум го погодила подарокот на оној кому подарувам. Се радувам како за мене да се работи. И секогаш кога излегувам да шетам, повеќе разгледувам што би купила како подарок некому, отколку што гледам тоа што треба.
Бев и не сум гениј, ќе пишев не сум геј зa мaлце. Чекaвме вo еднa предaвaлнa пред дa влеземе, мoждa имaше 10 женски и три мaшки и еден дечкo ме прaшувa шo имaш зaвршенo. Oдгoвaрaм биoхемијa нa пмф и ми викa зaтoa имaш дoбрa линијa пoшo секoј ден си ги нaкaчувaл скaлите. Ewwwwwwww мaшкo дa ми кoментирa и кoмплименти дa ми дaвa. Мoжеше 30 гoдишнaтa специјaлизaнткa, aли не не, мaшкoтo Тoa ме декoнцентрирa и зaтoa не решив 7 прaшaњa, си нaјдoв oпрaвдaние.
Убав беше денешниот ден. Барем до сега Утрово дечко ми зел 4 карти за ' Во срцето на морето' па ќе го гледаме со уште еден пар во кино милениум. Душа моја Покрај тоа што сакаме да си поминуваме многу време еден со друг, знае дека сакам да се дружам и со други парови, да ни биди и на двајцата така поинтересно. Затоа што не сакаше да земе пари за кино картата, ќе частам јас кафе после филмот...морам некако да се одолжам Имајте убав викенд.............
Не би го сменила за ништо на светов. Го сакам детски, безрезервно и тврдоглаво. Чудно е, за првпат некој допира на овој начин до мене. Прекрасно е чувството да припаѓаш целосно некому, а и тој на тебе. Да те знае во вистинско светло, најсуровата верзија на твојот карактер. Без маски, без игри, без воздржување. Ранливост. И така...
Си го шпионирав комшијата... Си поминав покрај неговата порта а ламбите светеа... Ама гоолемо стакло имаат што гледа од трпезаријата кон улицава... Се' гледам. Упс, значи ако денски поминувам и гледам натаму мож да ме види кај шо зркам. Бидејќи на пладне од надвор се' се гледа... Ууу, голема трпезарија хахах Маса со столици.Да, значи на таа слика тој е сликан со неговите другари кај него дома... Аха... И упс, ете го стана да земи нешто,... Црна дуксека носеше, слабичок Туку, дај да побрзам велам да не види кај шо мањачам. Па да ме мисли којзнај шо
Расположение на денот Што и да фатам почнува да светка Од облека, телефон, лап топ, па и шолјава со кафе. Целата сум испозалепена со светкавци, по раце и лице, дури мислам и дека голтнав малку Прееска кашлам и ми излегуваат светкавци од уста Се надевам не се токсични, ама веќе си се замислувам на дежурен лекар: Еве јас малку правев честитки... И така.
Се мислам дека нешто ќе заборавам. Од што мислам дека нешто ќе заборавам редовно заборавам, што уште повеќе ми го прави основан стравот, а тоа прави да немам желба да почнувам со активности. А тоа што не почнувам прави да се нервирам дека нема да стигнам, а за да стигнам значи дека ќе морам да брзам, а ако брзам сигурно ќе заборавам нешто!!!! Фор гад сејк...
http://www.zivamegjumrtvite.com/ Гледам дека повеќе од моиве другарки коишто добра книга не фатиле цел свој живот објавуваат линкови од оваа.Го вклучувам блогот и се чудам.Чекајте,вие ова го нарекувате квалитетно?Јас ова го нарекувам женска која има ептен самодоверба и ги гази другите и тоа си го објавува на својот блог.Ајде на страна што текстовите и немаат некоја смисла па не користи ни македонски литературен јазик.Иронично е тоа што поголем дел од македонската популација се фали дека се начитани со тоа дека читаат Лајла Грејс и Жива меѓу мртвите. Спојлер Искрено не би ме чудело ако овој пост не лета на нејзината фб страна.