Денес конечно ја накитив елката !!! Никој не ми помогна... Така е со години наназад!!! Не, не бев сама дома!!! Поминуваа дечките покрај мене, ми рекоа „убаво ти текнало да ја накитиш елката“ и толку ... Никој не се понуди да стави макар едно лампионче на елката !!! Јас сакам куќата новогодишно да ми е украсена, а дечките „не се мачи мамо, и така за некоку дена ќе треба да откитуваш“ ... Бре, мажи... Еххх, каде летнаа оние години кога дечките трчкаа околу мене, ми ја буткаа елката, години кога заедно „дувавме“ балони, кога пишувавме писма до Дедо Мраз и заедно пеевме „Среде соба високо, елката ни стои...“!!! Годините летнаа пребрзо... Дечките пораснаа и денес немаат време за елка и украси... Ама за мама се сеуште деца !!! Тајно, им спремив пакетчиња и на 31 ќе си ги најдат под елката!!! После нека се прашуваат зошто сум ја накитила елката!!!
Еххх, да имам фора ова и како новогодишна желба ќе си го замислам богами. А почнат, така ме тера на кавга и одма се заканувам оти ќе излезам да распалам, мајка не дава, вика за инает уште повеќе ќе галамеле и тропале...ама и не е далеку од вистината женава...како што се безобразни. Посебно па насабајле и навечер, во оние т.н. критични моменти кога некој треба стварно да одмара како темпирана бомба се. Секаква работа тогаш им се отвара и оди па дотрпи. За тропање од невоспитани деца и да не зборувам, еве не знам како лустериве уште стојат. Како на нив не им сметаат, како??? Галама по скали? Русвај, погласно молим ако се може уопште! Еве еден мал хинт за лудориите во мојот влез -Комшивката одозгора цепи дрва во вц-то како нешто најнормално во било кој дел од денот. Рај на земја, рај. Многу невоспитан народ сме си, многу. Не знам дали има бетер стварно. Сите граници ќе се преминат и тоа малку е!
Ах, која болка, кој срам... Кога некој ќе ти плесне в лице се! И тоа не било кој, туку некој што знаеш дека те сака, што долго молчел и веќе му дошло "преку глава". И не, не можам да се налутам... Како да се налутам кога за речиси се е во право?! Сакам некаде да се скријам, да ме нема... Ме заболеа тие зборови, ме заболеа до срж!
Значи не е тешко да се има ред. Едноставно има правила на живеење во зграда и казнување. Има да се има осет и обзир како се живее! Нека се спроведува. Не се сами, живеат со куп други луѓе. Јас разбирам да се случи тропкање ненамерно ама со намера ти некому со години да тероризираш мозок?!Како јас имам осет што правам во стан?? Гледам да не ометам на други! Ти не ја слушај мама само ради мир у другата куќа, пријавувај ради сопствен мир. Немаш сопствен мир дома, немаш ништо.
Искрено @julie77 толку мислам дека не функционира ништо во државава, а во градчето мое па ни да не збориме, така да чинам и да пријавам на "надлежните" ќе им биде смешно дека некој реагира за такво нешто и нема воопшто да ме сфатат сериозно. Тука под ремет на соседи се сфаќа само прегласна музика, другово некако Ц. Значи еве ако не го сфатат на поде*авање. П.С. Ќе пометнам за Скопско цреша, ми се уврте у глава од прееска коа го погалив во маркет. Ама утреее, е утре ќе го имам.
Интенвенира полиција, за се што ремети мир. Ама што дека кога нема резултат. Едноставно убаво си кажа ти, невоспитан народ има овде.
Во чуден свет живееме.Голем неморал,голема дволичност и живеење за пред народ да се претставиме Луѓе во зрели години ,образовани, основале семејства ,свои деца плус образуваат ученици а се однесуваат толку незрело .Две недели прават циркус од самите себе,цел град сеир гледа а денес ја извадиле трпезата од куќната слава ,домаќинката да се види што направила колку била вредна.
„Ниту ти си Лејла, ниту јас Меџнун, ниту ти си уморна, ниту јас уморен. Само една тажна ноќ, пијани сме и тоа е се. Ниту ти си облак, ниту јас дожд, ниту ти си горда, ниту јас горд. Само една меланхолична ноќ, тивки сме и тоа е се.“
Сега сакам да си продолжам со животот како ништо да не било. Дека тоа со тебе беше само едно болно исцрпувачко искуство, грешка тоа што беше со тебе беше борба за опстанок на моите нерви. И да сеуште ги имам останав при себе. Знаеш ли дека запознав маж, маж кој ми го пружи сето тоа што ти неможеше внимание, љубов, страст. Знам некои ке ме осудат бидејки сеуште не сум разведена судски..ама не ме интересира битно е дека јас сум срекна .. Мислев дека не бев спремна или така мислев дека требит да се осеќам како не спремна за нова врска, заради обзорувања но сум се излажала. Сум била спремна повеќе од било кога, спремна сум да ја дочекам новата година со нов човек покрај мене што знае што сака и нова околина. И секако со повеќе памет во главата.
Ни Адел не може да ми помогне моментално. Ми се вреска. Најсилно што можам. Не сум силна. Не знам како. Се трудам, си цртам лажни насмевки, се радувам на малите нешта што не ме прават тажна, ги одбегнувам сите кои ме потсетуваат.. А поминаа, поминаа повеќе од 5 месеци... И јас наместо да бидам подобро, да заборавам, мене секој ден се повеќе спомени ме мачат, нејќам никој да видам. Во мене две постојат. Онаа која толку силно сака да се докаже, да се избори, да им покаже колку се излажале, да се издигне и да и завидат кога ќе видат колку е силна. Но, тука е и онаа која е преморена од борење, од надевање, од тага и болка, и само сака да се склопчи како маче и да се предаде. Тешка борба е. Денес е еден од оние лошите денови. Кога само сакам да легнам под ќебе и да се скријам. Се трудам да бидам разумна, да ги контролирам чувствава, да престанам сама да се давам, ама не, не знам да ги уништам чувствата, да ги заборавам миговите. Знам што е добро за мене, но не можам се уште да се соочам со тоа. Уште ми е шок. Не сфаќам. Не можам да разберам како може толку брзо се да се смени, да се сруши. Како некој може да не сака да биде љубен? Како може ладнокрвно да замижеш и да ти биде сеедно кога ти го даваат светот на дланка? Како бе не го сакаш тоа? When the rain is blowing in your face, And the whole world is on your case, I could offer you a warm embrace To make you feel my love. А, сама сум си крива. Давав, и давав, и давав, и давав. И се превртев и се направив. И уште немам одговори. Што љубов ќе беше.. Вистински во погрешно време. Или можеби беше само игра. Ама не се игра со чувства, со емоции, со туѓи срца. Никако не можам да се помирам со тоа дека на крајот на денот сум сама. Дека сепак сите си заминуваат. Еден по еден. Gave you the space so you could breathe, I kept my distance so you would be free, And hoped that you'd find the missing piece, To bring you back to me, Сакам утре да биде еден од добрите денови. Очајно ми треба тоа. Ми треба да се почувствувам силна, спремна за нова борба. Ми треба да не ми се вртат спомени низ глава. Ми треба бар еден ден да не го слушам своето име, да не ме потсети на него. Сакам утре да не се прашувам зошто.
Ќукли, не им се предавај на лошите и тешки чувства. Не страдај по нешто што е минато - штом завршило значи дека не било добро за тебе и покрај тоа што толку си се трудела. Секогаш кога ти треба расположување, само разлистај го форумов и помисли колку луѓе тука би ти пружиле поддршка. Без љубов никој не умрел. За секого се наоѓа по некого, само треба да се биде трпелив и да не се насочува целиот фокус и целата енергија кон таа работа. Љубовта сама ќе дојде кога најмалку очекуваш, не грижи се. И јас кога се посветив на други работи во мојот живот и прекинав да мислам на љубовта, од никаде се појави и остана во мојот живот. Ти праќам многу позитивна енергија, латино-девојко и ти посакувам денов да ти биде убав.
Svako prolece na tebe mirishe..- така викат Цеца.. А јас викам драги мои дека баш ова време на него мирисат...нит есен нит зима...ах..кај го наоѓаше овој парфем
Скд На некои личности од форумов им е досадно или незнам што па си прават лажни профили. Па после као демек се фини со сите,а и први другарки со вистинскиот профил. Сами на себе другарки. Добро бе па како не ви е глупаво .
Некои што ги знам , лесно ги факам можам да кажам дека и си коментираат на постови. Па најчесто сликаат на исто место што купиле,користат исти фрази,први другарки се, се подржуваат, се шалат заедно тука. Сега да не бидам полицаец,ама сварно се процирни.
Многу сум поврзана со телефонот. Сум сонувала како ми го украле како сум врескала,не сум јадела,не сум пиела баеги поврзаност. Чудно.
Еве ги тие денови.. Традиција ми е пред нова година да бидам, ранлива, плачлива... Катастрофа Ќе видам, прочитам нешто и одма ми се насолзуваат очите Потоа ми се мешаат спомени се што било и поминало, ми се блокира мозокот И знам дека до вечер ќе собирам и ќе си се исплачам за цела година Се надевам ќе се испразнам и олеснам и во новата 2016 ќе бидам уште посилна Само да кажам тој што рекол времето лечи се, не е точно, како поминува време е потешко