И во законот да влезе забрана за готвење на тераса и помошни простории. Не можам да влезам во бања или да испијам кафе на тераса, а да не замирисам на кромид. ***** Што убаво светна сонце, таман да видам дека прозорите ми биле за бришење. Утре.....денес да го искористиме сонцето
Луѓе, што е со некултурава? Загаденоста на воздухот и горните граници на pm честичките си го прават своето. Луѓево немајќи што да дишат (особено провинцијалските студентчиња населени во позагадениов дел од Скопјево што инаку студираат на приватни квази факултетчиња - јер не може инаку! ) се трујат себе си и нивната непосредна околина. Длабоко и силно го подржувам денешниот протест/марш во Градски парк, па ситуацијава е аларманта со воздухов! Ме гуши тој, ме гушат луѓево... Саде негативност и простотилук. Не можам да сфатам до каде може да оди женската љубомора, па зар ќе се спуштите на најниското можно ниво за ,,маженце,, ? Жени... Ма какви жени, вистинската жена е дама, жена за се...Културна, одмерена, фина, паметна...
Ма тие мириси, зачини, трулежи и слично ајде некако ќе се излуфтираат, ама нервозата и психичката траума од дивјачко однесување на дотични тешко. Лошо е кога малиот мозок ти пулсира од секојдневно тероризирање над глава. За во зграда треба со сертификат за подобен, неподобен да се прима.
Кога бевме деца секоја година за Св. Никола елката ни беше накитена. Порано имавме голема елка и кој како ќе дојдеше под неа ни ги оставаше пакетчињата. Од кога баба ми ни ја бутка елката и се скршија поголем број на лампиони мајка ми ни купи една мала, нема ни 50 см. Место за пакетчиња под неа нема, а и бројот на пакетчиња се намали, веќе за сите сме големи. Оваа година решиле моите елката да не се кити, ја кренале во гаража, а лампионите никаде ги нема. Почнаа да спремаат за заслугот, а елката никаде ја нема. Отидов по лампиони и сијалички, купив, си дојдов и ја накитив па засукав ракави да помогнам околу слава. Ми се смејат моите како дете сум била, сум се радува на глупости. Нека се смејат они мене ми е убаво кога ми светат сијаличките. Остана да видам уште колку пакетчиња ќе добијам
Кога ти е убав животот, нема back to reality... Затоа што твојата реалност е уживање,па не мораш да бегаш од неа.
Ајде сега уште малку пред книга,брзо,сконцентрирано се ќе поднаучам и после раат.Недела е ден за одмор не за работа..Исто како и вчера Уште неделава луѓе.После се е лакше.
Мразам да бидам јас таа која секогаш се прилагодува,миротворецот којашто не сака никој да навреди кој сака сите да бидат среќни и се да е погодено и секогаш правам се за другите, треба сериозно да престанам затоашто какошто гледам никогаш не ми се враќа со добро доброто што го правам..
Ах толку сум среќна, ми иди да скокам од радост, солзи радосници ќе ми протечат. Се омажи другарка ми Не можам да опишам каква среќа чуствувам Да ги пратат само убавини, в година и едно детенце
Увек кога го гледам на сцена, се расплакувам. Ај си викам денес барем на премиера да не му заплачам. У мојава перцепција уште е она слатко, мирно детенце, шо увек го јадеше од моите заради мене и моите брилијантни идеи. Не можам да прифатам се уште дека е свој човек станат.
Ич не сакам некултурни луѓе. Мразам кога немам скршен денар во џепот. Колку убав период од годината,а мене ми е за никаде.
Dobro.. ne mojte da si najte drugi sliki od na internet da gi stavite kako profilni mora da gi kopirate drugive forumdziki? Pa me bunite stvarno. P.s. pomognete mi kako da instaliram mk font na telefon.
Морав да споделам нешто. Коментар добив од другар, зошто сум слушала пејач кој бил курда. Не сум ја поштувала сопствената нација после се курдите што им направиле на турците. Исто било ко србин да слуша албанска музика. Да потенцирам, не бев доволно пијана за да бидам спремна за глупиов муабет, па затоа го запамтив изгледа.
Кога имам среќа, немам инспирација. Кога имам инспирација сум тажна. Одлучив периодов да не барам инспирација. Наместо да пишувам за моменти, ќе ги изживеам.
Деновиве сум преокупирана со проектирање парк и ненадејно ми светна така добра идеја, што веднаш посакав да ја реализирам и замислете, ми успеа од прва. Фактот дека сигурно нешто не чини и дека утре ќе ми го исчкртаат планот ко парче лист со игричка од типот Х-О ќе го тргнам на страна, моментално не ми е приоритетен; додека си славев триумф над самата себе во себе, пресреќна што успеав да си ја преточам мислата на парче хартија, моменталната среќа ја споделив со пријателка која нема допирна точка со моите послеполноќни љубови од овој тип, меѓутоа ја интересираат иновативни нешта. И ме гледа така бледо, ми вели: „аууу, па ова е научна фантастика за место како Скопје, тотално нема поента.“ А зар стиропор гарнитурата и шлакнатите неокласицистички срања имаат било каква поента? Нејсе, инстантно ми спласна еуфоричноста и почнав да се сомневам во сенешто, дека можеби нешто не чини кај мене во мојот начин на размислување и анализирање на нештата, додека не ми светна, по којзнае и кој пат - дека така е и со луѓето некаде низ РЛ; cи правиш идеална слика за некого, го креваш на врвот од врвовите во твојата глава преполна анализи и 3D монтажни, за на крај, да дојде некој со малку поразлична точка на набљудување од твојата и да ти каже дека немаш врска од животот. И тоа е сосема доволно за да се запрашаш дали навистина ги гледаш работите од розев облак или не. И дури и премногу доволно, за да почне да те јаде црвот од внатре и да ти растури сè. Јас имам да кажам само едно - не дозволувајте било што и било кој да влијае врз вашиот став, без разлика за која тематика се работи. На крајот од денот, длетото за моделирање го имам само јас и ќе си го обликувам сопствениот череп онака како што сметам дека е најрационално. Туѓото мислење не секогаш ја олеснува работата, две глави не секогаш (раз)мисл(ув)а(а)т подобро од една.
Понекогаш стварно посакувам да имав брат или сестра на кого можам да се доверам и кога ми е најтешко да изнагушкам...денеска е еден од тие денови.